(Видео) Оваа песна штотуку влезе во музичката историја

Можеби е неговиот единствен хит, но затоа има „хитиште“.

Имено, раперот Лил Нас Х и неговата „Old Town Road“ која ја изведува заедно со Били Реј Сајрус официјално „седна“ на тронот на најпродавани песни во историјата на RIAA (Recording Industry Association of America или Здружение на дискографската индустрија во Америка). 

Раперот со овој хит од 2019 година до денес 14 пати достигна платинест тираж, со што од врвот на листата ги симна хитовите „All of Me“ на Џон Леџенд и „Despacito“ на Луис Фонси, Деди Јенки и Џастин Бибер.

Тој со историскиот успех се пофалил и на Твитер.

Инаку, песната во 2019 година постигна рекорд во катерогијата на песна која најдолго останала на првото место на Билбордовата листа (19 недели), а потоа од првото место ја симна песната „Bad Guy“ на Били Ајлиш.

ВИДЕОЧ Македонско оро сред Бугарија!

Иако Македонија веќе неколку пати се откажа од македнско малцинство во Бугарија, Македонците кај нашиот сосед не се откажуваат од македонската традиција. Овој пат во истата уживаа преку македонска песна и оро во Велинград, јужна Бугарија. 

Преполна училишна сала и разиграни Македонци и Македонки на стара народна македоснка песна. Уживајте: 

На својот предновогодишен концерт, Павле Камилоски ја изненади публиката со неговата прва самостојна песна и спот

Камилоски на предновогодишниот концерт кој се одржа вчера во Музејот на Македонската Борба, се предаде на емотивниот занес и  длабоко ја трогна публиката со безвременските класици на Френк Синатра, Дин Мартин, Нет Кинг Кол, Том Џонс…

Во интимната сала која беше преплавена од емоции, го заврши концертот со видео запис од неговиот прв авторски сингл кој се проектираше на видео бим.

„Такт по такт“ е сингл во Боса нова стил, стил по кој е препознатлив извонредниот Камилоски. Шармантниот спој од проза и поезија ги пишуваат Робин Зимбаков и Алек Русјаков, а соничниот баланс кој ја истакнува интимноста и непосредноста во гласот на Камилоски, го компонира и аранжира Роберт Билбилов. Суптилен трепетлив ефект прави и гласот на Александар Тарабунов, драг пријател на Павле, кој се јавува како придружен вокал.

Видео записот за „Такт по такт“ е филмски претставена ода на љубовта. Замислата за видеото на Камилоски ја режира Принц и успева да креира визуелен приказ на романтичниот и доминантен перформанс на пејачот.

„Таа емоција и авангарда ја носи со себе познатата манекенка Маја Сашек, без која немаше да го добиеме овој резултат. Маја додаде една уникатна вредност на видеото и многу сум и благодарен на соработката за спотот“ вели Камилоски.

Интернационално наградуван и со досегашни 9 самостојни концерти, Камилоски се истакнува како изведувач на безвременските џез песни кои се дел од неговиот музички печат.

Популарно