(Видео) Ванда ја покажа малата тетоважа на интимно место

Аргентинката Ванда Нара се занимава со кариерата на нејзиниот сопруг Мауро Икарди, а често знае и да се соблече пред нејзините фанови на социјалните мрежи.

Ванда на Инстаграм ја следат околу седум ипол милиони луѓе, кои ги привлече со нејзините провокативни фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi)

Овојпат Ванда позираше во розева долна облека, а бујните гради ги стави во преден план, па во еден момент таа ги подмести гаќичките и ја покажа тетоважата на интимно место на препонот. Следеа илјадници коментари и лајкови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi)

(Фото) Го напуштила факултетот поради Инстаграм, а сега живее во луксуз

Алекса Колинс е популарна на Инстаграм и во моментов ја следат 1,2 милиони луѓе на оваа мрежа, а наскоро ќе се пресели во својата вила со базен со своето момче!Нејзиното момче е во недвижен имот, а таа првиот милион го заработи пред да наполни 25 години.

"Во јули 2020 година, достигнав милион следбеници и тоа беше одлично, но сакам уште повеќе. Сега сум милионер, ги заработив своите први милиони долари непосредно пред да достигнам милион следбеници", изјави атрактивната русокоса за „Сан".

Поради нејзината посветеност на Инстаграм, таа дури и се откажала од факултетот, а нејзините родители не ја поддржувале во оваа одлука.

"Отпрвин не гледав на тоа како работа со полно работно време, секогаш мислев дека ќе биде нешто дополнително, но знаев дека Инстаграм е вистинскиот начин. Почнав да работам како модел на 18 години и користев слики од модните снимања за да добијам повеќе следбеници. Со текот на времето, станав нешто како инфлуенсер. Студирав комуникации три години, но направив пауза и никогаш не се вратив на колеџ. Ми требаа три години да видам како се развива овој бизнис и тогаш сфатив што сакам да правам, па го напуштив училиштето “, објасни Алекса во едно интервју.

Таа исто така изјавила дека се буди околу 7:30 часот наутро, а потоа целиот ден го поминува на социјалните мрежи, бидејќи секогаш „има што да прави“. Патувањето е нејзин омилен дел од работата и патувала низ цела Европа и вели дека Хрватска и е омилено место.

(Фото) Клои Кардашијан објави фотографија од задникот, но никој не гледаше во него

Откако јавно ја изневери додека беше бремена и тоа со најдобрата пријателка, Клои Кардашијан се му прости на Тристан Томпсон и се смирија, па продолжија да живеат заедно, а се чини дека тој повторно ја запроси со огромен дијамантски прстен.

Гласините започнаа да кружат откако Клои на Инстаграм објави фотографија на која се гледа огромен дијамантски прстен. Таа објави фотографија покрај базенот, дланката ја стави на задникот а на сите во очи им падна огромниот дијамант.

ФОТО: Катерина Ивановска позираше топлес

Катарина Ивановска важи за една од најубавите македонски модели. Таа неколку години живееше во Америка, градеше светска кариера, но сепак одлучи да се врати и тулка да продолжи со работа, а во меѓувреме роди две деца.

И по породувањето Кики изгледа во топ форма и како да не родила две деца. Ивановска е активна на социјалните мрежи и често споделува фотографии и видеа, а сега се потсети на на својот ангажман за светски реномираниот бренд – „Викторија Сикрет“, за кој позираше топлес.

„Малку ретро фотографии од Викторија Сикрет. Ми недостига работата“, напиша Кики.

Популарно