(Видео) Човек уловил ајкула, па ѝ го распарал стомакот

Рибарот кој што ловел на крајбрежјето на Индонезија сигурно не предвидувал што ќе најде тој ден во својата мрежа.

Абдулах Нурен (48) забележал дека во мрежата се заплеткала ајкула, па успеал некако да ја улови и извлече надвор од водата. Потоа го распарал нејзиниот стомак, а внатре го дочекало изненадување, пренесува „Dailymail“.

Имено, во стомакот на мајката ајкула имало три бебиња - две биле исти како неа, но третото било многу необично. Имало многу чудно лице, со две крупни очи, а луѓето истото го поврзуваат со човечкото лице.

„Ја однесов дома и ја чувам. Многумина ми нудеа пари да ја купат и да ја земат со себе, но јас не сакам. Ќе ја чувам затоа што мислам дека ќе ми донесе среќа“, изјавил рибарот. 

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно