(Видео) Рибар од Истра сними ајкула голема колку неговиот брод

Локален рибар кај местото Коромачно во Истра забележил огромни перки од ајкула која била голема речиси колку неговиот брод, јавуваат тамошните медиуми.

Како што пренесува порталот "Morski.hr", рибарот снимката од средбата му ја пратил на својот пријател и морски истражувач Велимир Врзиќ.

"Рибарот го исклучил моторот и внимателно се доближил до големата ајкула за да се увери за што станува збор и евентуално да ги извести државните институции и биолози. На видеото се гледа средба на половина метар меѓу рибарот и ајкулата. За што станува збор, ќе решат експертите од Институтот за проучување на морето како и морските биолози, а рибарот внимателно се оддалечил за да не и пречи на ајкулата во нејзиниот природен дом", рекол Врзиќ.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно