Имунолог зборува за сериозноста на ковид-19 и крајот на пандемијата

Еден од истакнатите имунолози за време на пандемијата на коронавирусот е словенскиот доктор Андреј Трампуж, директор на Одделението за инфектологија и септичка хирургија во болницата „Charité“ во Берлин. Тој неодамна предупреди дека ковид-19 остава сериозни последици кај дури 10 отсто од заболените.

„10 отсто од сите заболени од коронавирусот во светот имаат потреба од механичка вентилација (респиратор) или пак од кислород. Исто така, 10 отсто од сите заболени од ковид-19 по прележување на болеста ќе имаат т.н. „long covid“, односно хроничен ковид - ќе се соочат со сериозни последици кои што можат да потраат со денови и месеци“, објаснува докторот Трампуж за „Слободна Далмација“.

Ваквите податоци укажуваат на тоа дека над 26 милиони луѓе ширум светот ќе имаат потреба за интензивно лечење во текот на болеста или пак за интензивно закрепнување по истата во некоја од специјализираните здравствени установи.

„Хроничниот ковид кај многумина се јавува по прележување на болеста, а носи главоболка, болки во мускулите, зглобовите, невролошки проблеми. Има многу луѓе кај кои што тие проблеми не можат да се вратат во нормала. Ние во Германија имаме многу клиники за рехабилитација кои што работат со таквите пациенти и нивното закрепнување може да трае со месеци“, истакнува Словенецот.

Трампуж истакнал и дека иднината на пандемијата и нејзиниот крај зависи од мутираните соеви на вирусот, но и од вакцинацијата:

„Навистина е тешко во овој момент да се каже кога ковид-19 ќе престане да постои и дали тој ќе биде пандемичен или ендемичен, како вирус кој ќе се појавува секоја година одново. Тоа многу зависи од вакцинацијата и мутациите на самиот вирус кои што веќе сега ги има во голем број.

Неодамна во Индија се појави комбиниран ковид кој е составен од британскиот и бразилскиот сој. Сè уште во голема мера не се проширил во светот. Во Германија сега преовладува британскиот сој кој што е регистриран кај 90 отсто од заболените, а за кој на почеток мислевме дека само побрзо се шири, меѓутоа сега знаеме дека тој на заболените им дава потешка клиничка слика.

Засега сите вакцини се добри и одговараат на сите мутации на вирусот, а дали во иднина ќе се појави некој мутант на кој сегашните вакцини нема да можат ништо да му направат, тоа никој не може да го знае. Поради тоа е потребно што побрзо да вакцинираме поголем број од луѓето, за да го ограничиме создавањето на новите мутации. Мислам дека на крајот од ова лето ќе може да ја запреме пандемијата, односно дека ќе може да ја контролираме, секако, доколку вакцината биде доволна“, заклучил д-р Трампуж.

Пронајден непознат валцер стар 200 години, се верува дека е од Шопен

Досега непознат валцер е откриен во трезорот на американската Библиотека-музеј „Морган“ во Њујорк. За новопронајденото музичко дело, се верува дека го напишал полскиот композитор Фредерик Шопен, пред речиси 200 години.

Реткиот ракопис, имено, го открил кустосот Робинсон Меклејлан при каталогизациите. Тоа потоа дошло во рацете на стручњак за делата на Шопен, за да се утврди автентичноста на партитурата. Записот е датиран меѓу 1830 и 1835 година. Не е потпишан од Шопен, но може да се види неговиот препознатлив бас-клуч меѓу нотите.

– Она во што сме најсигурни е дека ова е напишано од раката на Шопен, на хартијата што тој ја искористил… Она што не е сосем јасно е дека тој ја компонирал музиката. Тука сум околу 98 отсто сигурен, а многу луѓе кои го слушнале веќе чувствуваат во стомакот дека ова звучи како Шопен, изјави Меклејлан.

Кинескиот пијанист Ланг Ланг го отсвири и сними валцерот за „Њујорк тајмс“ (New York Times) којшто ја откри приказната.

- Звучи многу како Шопен, со многу драматична темнина којашто се претвора во позитивно нешто. Прекрасно е. Ова не е најкомплицираната музика на Шопен, но и еден од најавтентичните стилови на Шопен што можете да ги замислите, изјави Ланг.

Валцерот содржи и мали грешки, но Меклејлан е уверен дека музичкиот запис е на Шопен. Композиторот кој пишувал претежно за солонастапи на пијано, почина на 39-годишна возраст во Франција во 1849 година. Тој често бил прогонуван од халуцинации, а се верува дека имал и епилепсија, според некои истражувачи.

Според Фројд, ова е единствениот начин да се препознаат глупавите луѓе: Една работа веднаш ги издава, внимавајте како се однесуваат

Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и таткото на психоанализата, меѓу другото, ни остави генијална мудрост и универзални изреки кои се актуелни во секое време.

Меѓу нив е и лекција што секој треба да ја запомни - како да препознаете глупави луѓе?

Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам

Легендарниот психијатар многу брзо ја открил човечката глупост, а ве советува како да ја откриете во една реченица:

„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, рече Фројд.

Така, кога ќе се најдете во ситуација кога ќе се засрамите од туѓото однесување или изјава или ќе ве изненадат некои луди постапки - веднаш знаете со кого си имате работа.

Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои

Не е ваш проблем, нивен е. Не ги намалувајте стандардите поради тоа и не правете што сакаат, изиграјќи кловнови. Верувај дека ќе те искористат во одреден момент, тоа е самата природа на луѓето.

Кога ќе им дадете еден прст - тие ја земаат целата рака. На крајот, и покрај се, навистина повеќе нема да ве ценат, па се што сте направиле и поминале ќе биде залудно. Ако не ве ценат, не докажувајте се - само бидете свои. Не ја намалувајте цената на вашето достоинство за да стекнете доверба, и онака нема да ја добиете.

Ако не ви веруваат - не барајте изговори за нив

Кога не сакаат да веруваат - нема да веруваат. Ќе го искористи за некои лоши намери. Доволно е и покрај се да останете верни на себе и ќе видите како работите сами ќе се променат по некое време. Но, не очекувајте промени преку ноќ. Вистинските луѓе ќе ја откријат вашата вредност порано или подоцна.

Кога ќе најдете такви луѓе, држете ги како капка вода на дланка, а останатите игнорирајте ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но штом ќе ги препознаете, не дозволувајте ништо да ве одвлекува од нив. Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓе чие присуство ќе стане вистинската внатрешност на заедничкиот живот. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што отсекогаш сте го посакувале.

Најмалото бебе на светот и понатаму води вистинска борба за сопственото здравје

По година и пол поминати во болница, најмалото бебе во Британија конечно пристигна дома. Имено, Робин Чемберс е родена со само 312 грама, а нејзините родители Даниел и Шантел велат дека сега конечно може да започне нивната бајка.

Имено, Робин веднаш по раѓањето почнала да се соочува со бројни здравствени проблеми, поради што првите 18 месеци од животот ги поминала во болница. Борбата со хипоксично-исхемична енцефалопатија од трет степен, церебрална парализа, епилепсија и тешка апнеја доведоа до тоа да таа да мора да се храни преку назогастрична цевка.

Покрај сето ова, Робин се соочи и со инфекција на белите дробови од која за малку ќе завршеше трагично, но, за среќа успешно ја надмина.

„Бевме многу возбудени кога ја донесовме дома – тоа беше како остварување на сонот“, рече нејзината мајка Шантел.

Иако таа сега е во топлото семејно гнездо, борбата на малата Робин сè уште не е завршена. Нејзините родители сега треба да соберат средства за потребните третмани, терапии и опрема која е потребна за нејзиниот развој. За овој „луксуз“ потребни им се 100.000 фунти (околу 120.000 евра) а од собраните пари планираат да ѝ купат специјална опрема како трицикли, колички и седишта кои ќе помогнат во нејзиниот развој.

„За малку ќе ја изгубивме во мај, и тоа беше многу тежок период кога ја доби инфекцијата на белите дробови, но оттогаш таа само стануваше сè посилна. Во последните три месеци таа навистина добро закрепна и стана доволно здрава за да можеме да ја однесеме дома“, изјави Шантел, пишува „Daily Mail“.

Популарно