Мајка откри дека свршеницата на нејзиниот син е нејзината одамна изгубена ќерка

Жена од Кина се шокирала кога на свадбата на нејзиниот син открила дека невестата е всушност нејзината одамна изгубена ќерка.

На свадбата во Сужоу на 31 март, идната свекрва забележала белег на раката на невестата, која наликувала многу на онаа што ја имала нејзината долго изгубена ќерка.

Кога го видела белегот, таа ги прашала родителите на невестата дали нивната ќерка била посвоена пред дваесетина години. Семејството било збунето од прашањето затоа што тоа било тајна.

Сепак, според кинеските медиуми, родителите признале дека бебето го нашле на патот пред многу години и го одгледале како нивно.

Приказната не завршува тука.

Невестата, која плачела од среќа кога дознала дека е посвоена и дека штотуку ја запознала својата биолошка мајка, сепак се омажила за нејзиниот постар „брат“ затоа што нејзината свекрва признала дека и младоженецот е посвоен.

Жената го посвоила момчето откако изгубила секаква надеж дека ќе ја најде својата ќерка, која ја барала со години.

Единствено што не е јасно во целата приказна е како жената ја „изгубила“ својата ќерка.

10 суплементи за здрав и долг живот

Подобрете го вашето здравје и продолжете си го животот со редовно внесување на следните суплементи…

Мултивитамини

Консумирањето на оваа комбинација на суплементи секојдневно го редуцира ризикот од канцер за осум проценти.

Магнезиум

Ги штити вашите коски од кршење, особено кај повозрасните.

Витамин К

Овој суплемент го подобрува здравјето на срцето.

Пробиотик

Добра бактерија која го засилува вашиот имунитет.

Јод

Суплемент кој ги редуцира канцерогените материи во вашето тело.

Морски алги

Алгите ги чистат слободните радикали од вашите крвни клетки.

Цинк

Го подобрува вашиот имунитет и ги победува болестите.

Минерали

Дневното консумирање на овие суплементи го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Бакар

Ги одржува вашите мускули фит и силни.

Хром

Застрашувачки непријател на дијабетесот.

извор:denar.mk

Јадете по 10 јагоди секој ден и ќе бидете изненадени од резултатите

Едно од најомилените овошја, јагодите, освен што имаат бројни здравствени придобивки се и спас за оние кои внимаваат на линијата.

Нутриционистите ги нарекуваат вистинска нискокалорична суперхрана за слабеење бидејќи 100 грама од овие бобинки содржат само 32 калории, а благодарение на нискиот гликемиски индекс, тие се погодни дури и за дијабетичари.

Освен тоа, благодарение на влакната како пектин и целулоза, јагодите прават побрзо да се чувствуваме сити и ја подобруваат дигестијата. Особено се богати со витамин Ц и фолна киселина, како и калиум, железо и цинк.

Ова се 7 здравствени придобивки од јагодите:

Го зајакнуваат имунитетот – високата содржина на витамин Ц во јагодите ја надминува дури онаа во портокалите и лимоните. Една порција јагоди од 200 грама (отприлика 10 плодови) ги покрива нашите дневни потреби за витамин Ц.

За силни коски и мускули – јагодите се полни со миниерали. Тие содржат калциум, калиум, цинк и железо кои заедно ги зајакнуваат коските, забите и мускулите.

Моќни антиоксиданси – јагодите содржат бројни антиоксиданси кои го штитат телото од болести. Истражувањата покажуваат дека ова овошје го инхибира развојот на болести како дијабетес, висок крвен притисок и дебелина.

Одлични се за срцето – полифенолите и флавоноидите во јагодите штитат од кардиоваскуларни болести, ги убиваат вирусите и имаат антивоспалително дејство.

Го подобруваат здравјето на мозокот – истражувачите откриваат дека, благодарение на флавоноидите, јагодите ги подобруваат когнитивните перформанси и со тоа го забавуваат процесот на ментално стареење.

Спречуваат опаѓање на косата – фолната киселина, витаминот Б5 и Б6 и елагинската киселина го спречуваат опаѓањето на косата. Покрај тоа, минералите како бакар и магнезиум помагаат во спречување на првут и габични заболувања на кожата на главата.

Го подобруваат метаболизмот – јагодите содржат изобилство од витамин Б и фолна киселина кои се неопходни за брз метаболизам и раст на клетките. Ретко кое овошје содржи толкава количина на витамин Б како јагодите, а 100 грама овошје содржат 43 микрограми фолати – повеќе од една осмина од дневната вредност.

(Фото) Во Русија се појавиле билборди во чест на наставничката која се жртвувала за децата

Наставничката по англиски јазик Елвира Игнатијева, загинала на 11-ти мај во вооружен напад на училиште во Казањ, а ширум Русија се појавиле билборди со нејзиниот лик.

Потсетуваме, наставничката Еливра Игнатијева ги штитела децата од куршумите. Акцијата се одвива со хаштаг "наставничка херој".

"Ги заштити децата, за нив го даде својот живот", пишува на билбордот.

Потсетуваме, во нападот во училиште во главниот град на Татарстан настрадале седум деца и две наставнички. За нападот е осомничен поранешен ученик во училиштето, 19-годишниот Илназ, кој пред нападот поставувал страшни пораки на социјалните мрежи.

Тој вооружен и со многу муниција во раните утрински часови влегол во гимназијата и го ранил чуварот. После тоа тргнал во крвав поход по ходниците, пукајќи во секој што ќе го види. Во нападот биле повредени повеќе од 20 лица.

Полицијата успеала да го совлада напаѓачот, кој потоа бил одведен во притвор. Наводно, на сослушувањето тврдел дека е Бог, и дека тоа го сфатил неодамна.

Популарно