Видеото „Хејт Словени, уште ли сте живи?“ за еден ден гледано повеќе од 350 илјади пати

Магазинот „Бука“ од Босна и Херцеговина објави видео спот против говор на омраза насловен „Хејт Словени, уште сте живи?“. Спотот е дел од кампањата против говор на омраза која „Бука“ ја реализира во изминативе неколку месеци.

За само еден ден видеото ги освои социјалните мрежи и е гледано повеќе од 350 илјади пати,

Видеото е напишано и режирано од загребскиот режисер и писател Предраг Личина, а во главните ликови играат Северина, Христина Поповиќ и Горан Богдан.

Мајката на Данка бришела пораки од телефонот

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Имено, како што пренесе Пинк.рс многу пораки и податоци за повици се избришани.

„Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“ рекол изворот за Пинк.рс.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Популарно