Јодот ги убива вирусите и бактериите, а еве во која храна го има

Резултатите од студијата Рандерс-Скаген, објавена на сајтот „The National Center for Biotechnology Information“ докажуваат дека исхраната богата со јод директно е поврзана со долговечноста кај повозрасните луѓе.

Испитаниците биле следени 20 години. Содржината на јод во водата во Скаген е 70 пати поголема отколку во Рандерс (139 микрограми наспроти 2 микрограми).

Смртноста е следена до 2017-та година. Животот во Скаген, полн со јод, укажува на подолг животен век на неговите жители. Животот во средина богата со јод може да биде клуч на долговечност.

Одамна е познато дека јодот ги убива вирусите и бактериите. Она што можеби не го знаете е дека јодот е неопходен минерал што нашето тело не може да го произведе, па затоа мора да биде задолжителен во секојдневната исхрана. Најмногу го има во алгите, морската риба и кујнската сол. Тој го намалува оксидативниот стрес (слободни радикали).

Тироидната жлезда е одговорна за метаболизмот, а јодот е нејзиното гориво. Последиците од недостаток на јод можат да бидат замор, депресија и слаба концентрација. Ова се индикатори дека имате проблем со недостаток на јод: се чувствувате уморно, почнувате да заборавате, депресивни и вознемирени сте, срцето ви чука побавно.

Проблемите со тироидната жлезда можат да имитираат голем број психијатриски нарушувања, почнувајќи од депресија, анксиозност, па дури и психоза. Единствена ефикасна превенција е доволен внес на јод. Затоа, зголемете го, а имајте на ум дека Јапонците земаат 1-3 мг. дневно.

Јадете по 10 јагоди секој ден и ќе бидете изненадени од резултатите

Едно од најомилените овошја, јагодите, освен што имаат бројни здравствени придобивки се и спас за оние кои внимаваат на линијата.

Нутриционистите ги нарекуваат вистинска нискокалорична суперхрана за слабеење бидејќи 100 грама од овие бобинки содржат само 32 калории, а благодарение на нискиот гликемиски индекс, тие се погодни дури и за дијабетичари.

Освен тоа, благодарение на влакната како пектин и целулоза, јагодите прават побрзо да се чувствуваме сити и ја подобруваат дигестијата. Особено се богати со витамин Ц и фолна киселина, како и калиум, железо и цинк.

Ова се 7 здравствени придобивки од јагодите:

Го зајакнуваат имунитетот – високата содржина на витамин Ц во јагодите ја надминува дури онаа во портокалите и лимоните. Една порција јагоди од 200 грама (отприлика 10 плодови) ги покрива нашите дневни потреби за витамин Ц.

За силни коски и мускули – јагодите се полни со миниерали. Тие содржат калциум, калиум, цинк и железо кои заедно ги зајакнуваат коските, забите и мускулите.

Моќни антиоксиданси – јагодите содржат бројни антиоксиданси кои го штитат телото од болести. Истражувањата покажуваат дека ова овошје го инхибира развојот на болести како дијабетес, висок крвен притисок и дебелина.

Одлични се за срцето – полифенолите и флавоноидите во јагодите штитат од кардиоваскуларни болести, ги убиваат вирусите и имаат антивоспалително дејство.

Го подобруваат здравјето на мозокот – истражувачите откриваат дека, благодарение на флавоноидите, јагодите ги подобруваат когнитивните перформанси и со тоа го забавуваат процесот на ментално стареење.

Спречуваат опаѓање на косата – фолната киселина, витаминот Б5 и Б6 и елагинската киселина го спречуваат опаѓањето на косата. Покрај тоа, минералите како бакар и магнезиум помагаат во спречување на првут и габични заболувања на кожата на главата.

Го подобруваат метаболизмот – јагодите содржат изобилство од витамин Б и фолна киселина кои се неопходни за брз метаболизам и раст на клетките. Ретко кое овошје содржи толкава количина на витамин Б како јагодите, а 100 грама овошје содржат 43 микрограми фолати – повеќе од една осмина од дневната вредност.

Биолог: Ковид-19 го скратува животниот век за две години

Поради коронавирусот, просечниот животен век на луѓето се намалува за 1,5-2 години, смета Анча Баранова, професорка на Одделот за системска биологија при универзитетот „Џорџ Мејсон” во Фејрфакс, Вирџинија, САД. Таа потсетува дека ковид-19 е болест од којашто човек може да се зарази повеќе од еднаш.

– Болест предизвикана од коронавирус, го скратува животот – во некои случаи, и значително. Сега се решава сериозното прашање за намалувањето на просечниот животен век на луѓето како вид. Во развиените земји (според статистичките податоци) просекот е намален за 1,5 – 2 години. Причината за ова е коронавирусот, рече Баранова.

Таа објасни дека ваков заклучок може да се донесе врз основа на статистички податоци за САД, но и дека и за Русија податоци нема значително да се разликуваат.

Претходно, биологот посочи дека можноста од заболување во Русија ќе се намали по надминување на прагот од 30 отсто вакцинирани луѓе.

– Повеќе од 14 милиони Руси се вакцинирани против коронавирус во Русија со првата инјекција, а околу 10 милиони се целосно вакцинирани со две дози. Вакцинацијата против коронавирусот во различни области на Русија се одвива на различни начини, а имунитетот на луѓето се очекува да се постигне до есенва, изјави рускиот вицепремиер Татјана Голикова.

Пациентите кои Ковид-19 го прележале дома имаат помал ризик од долготрајни последици

Пациентите кои коронавирусот го прележале дома имаат помал ризик од сериозни и долготрајни последици од заразата, покажува данска студија објавена во списанието „The Lancet Infectious Diseases“.

Пациентите кои морале да бидат хоспитализирани често по заздравувањето се жалеле на последици. Според податоците во анализата во која биле опфатени речиси 10.500 испитаници, 85,6 отсто од пациентите се лекувале дома.

Оние кои се прикажани во истражувањето, токму пациентите коишто коронавирусот го прележале дома имале понизок ризик од сериозни и долгорочни последици од заразата.

Истражувачите истакнале дека апсолутниот ризик од подоцнежните акутни компликации или пак хоспитализација на пациентите поради упорните и долготрајни симптоми кои се јавуваат од две седмици до шест месеци по прележување на болеста е многу низок.

Меѓутоа, тие истакнале дека таквите пациенти често го посетувале нивниот семеен доктор, што може да укажува на долготрајни симптоми коишто не резултираат со лекување со специфични лекови или пак со хоспитализација.

Популарно