Трикови злато вредни за совршен Велигден

Секоја година иста дилема – колку долго да ги варите јајцата, што ако пукнат, ако не се лупат лесно?

Неколку едноставни совети со кои оваа година ќе имате совршено сварени јајца за Велигден:

1. Најдобро е да купите мали јајца или јајца со средна големина, бидејќи обично се потврди.

2. Ако можете, купете домашни јајца од некој кој знаете дека чува кокошки и по можност, да бидат бели, бидејќи истите подобро ја примаат бојата.

3. Свежината на јајцата проверете ја на тој начин што ќе ги ставите во ладна вода, ако испливаат на површината истите се далеку од свежи.

4. Јајцата најдобро е да ги варите на ниска температура, а водата во која ги варите да биде посолена. Можете да додадете и лажица до две, оцет.

5. Пред варењето, јајцата од фрижидерот не ги ставајте одма во водата, мораат да бидат на собна температура пред да се варат.

6. Варете ги во ладна вода и почекајте истата постепено да се загрее, така нема да пукнат.

7. Пред да ги варите јајцата исчистете ги со сјај за садови за да ги отстраните нечистотиите.

8. Јајцата можете да ги варите и на пареа, но тогаш подолго се варат (околу 20 до 25 минути).

9. За да се излупат полесно, по варењето, јајцата ставете ги во ладна вода.

Денес е спомен на Светиот апостол Јаков

Македонската православна црква денес го обележува споменот на Светиот апостол Јаков.

Син на Заведеј, брат на Јован, еден од дванаесетте Апостоли. Кога Господ Исус ги повика него и брат му Јован, тие веднаш ги оставија рибарските мрежи и својот татко и тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца Апостоли на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, свети Јаков по разни краишта го проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму со него Евреите почнаа да се препираат за Светото Писмо. Бидејќи никако не можеа да го надвладеат во препирката, тие најмија еден маѓесник Хермоген да му наштети.

Но, Хермоген и неговиот ученик Филип, обајцата беа победени од силата на Вистината што ја проповедаше Апостолот и откако беа поразени се крстија. Тогаш Евреите го обвинија кај Ирод и наговорија еден човек по име Јосија да го клевети Апостолот. Овој Јосија, кога го виде мажественото држење на светиот Апостол, и штом ја слушна јасната проповед за Вистината, се покаја и поверува во Христа. Кога го осудија Јаков, го осудија и Јосија. Тој го молеше Апостолот да му го прости гревот на клевета. А Јаков го прегрна, го целива и му рече: „Мир на тебе и прошка!“  Свети Јаков пострада во 45. година во Ерусалим. Неговото тело беше однесено во Шпанија, а на неговиот вечен дом и денес се случуваат чудесни исцеленија.

Денеска е Св.Василиј Острошки

Православната црква и верниците денеска го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело. Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодати.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој тој што доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивни близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако решите да побарате помош од овој светец од денеска мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.

Доколку познавате личност што се подготвува за вакво патување, треба да ѝ однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Често се случува ова да го прават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на свети Василиј, па се верува дека таму преноќат маслото, памукот и темјанот, се лекуваат сите болести.

Денеска е Св. апостоли Јасон и Сосипатар

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 април. Денеска е Св. апостоли Јасон и Сосипатар.

Свети Јасон потекнувал од Тарс, родниот град на апостол Павле кој се наоѓал на долниот дел од Мала Азија. Сосипатар пак, од Ахаја. Нив Павле ги спомнува во Посланието до Римјаните. Јасон бил епископ во Тарс, а Сосипатар во Иконија, во малоазиската област Ликаонија. Заедничката судбина ги носи на островот Керкира (денес Крф), каде што го посеале семето на евангелската проповед.

Заради тоа два пати биле затворани, дури и маче ни, но од затворот и двата пати излегуваат неповредени, а нивното лично сведочење станува столб од светлина на островот Керкира. Подоцна, тие се разделиле и се вратиле во местата каде биле поставени за епископи. Таму и го завршиле животот во длабока старост.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Игнациј од Лаконија.

Бил роден во 1701 година, во Лаконија, во Италија. На 18-годишна возраст се разболел. Тогаш се заколнал дека, доколку Мајката Божја му помогне да оздраве, ќе стапи во редот на капуцините. Игнациј оздравел, но заборавил на ветувањето. Многу се исплашил кога јавал на коњ и можел да падне во провалија. Тогаш се присетил на ветувањето и станал свештеник. Заминал од овој свет во 1781 година.

Популарно