Луѓето со оваа крвна група тешко слабеат

Оние со Б + крвна група, имаат поголема базална метаболичка вредност (БМР), што го отежнува здебелувањето, објаснува др. Сеема.

Нутриционистката Сима Кана објасни за ТОИ дека луѓето кои имаат крвна група АБ + или АБ – имаат големи потешкотии во отстранувањето на несаканата тежина. Причина? Луѓето со овие крвни групи тешко можат да ги променат своите навики во исхраната. Оние со крвни групи О + и Б + полесно ќе се ослободат од несаканите масни наслаги.

Луѓето со Б + крвна група имаат поголема базална метаболичка вредност (БМР), што го отежнува здебелувањето, објаснува др. Сеема. Ако сте личност со крвна група А, тогаш дали сте подложни на зголемување на телесната тежина или не зависи од вашата генетика.

Naturopath Peter J. D’Adamo создаде диета за секоја крвна група и тврди дека храната што ја консумираме реагира со нашата крв, така што диетата дизајнирана според крвните групи е одличен избор за зајакнување и забрзување на варењето на храната, вели тој.

Покрај тоа, на овој начин можете да спречите развој на разни болести кои ви се закануваат, објаснува Питер и наведува дека држејќи се до планот за диета за секоја крвна група што ја имате, лесно можете да ја постигнете посакуваната тежина и да го продолжите животот.

10 суплементи за здрав и долг живот

Подобрете го вашето здравје и продолжете си го животот со редовно внесување на следните суплементи…

Мултивитамини

Консумирањето на оваа комбинација на суплементи секојдневно го редуцира ризикот од канцер за осум проценти.

Магнезиум

Ги штити вашите коски од кршење, особено кај повозрасните.

Витамин К

Овој суплемент го подобрува здравјето на срцето.

Пробиотик

Добра бактерија која го засилува вашиот имунитет.

Јод

Суплемент кој ги редуцира канцерогените материи во вашето тело.

Морски алги

Алгите ги чистат слободните радикали од вашите крвни клетки.

Цинк

Го подобрува вашиот имунитет и ги победува болестите.

Минерали

Дневното консумирање на овие суплементи го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Бакар

Ги одржува вашите мускули фит и силни.

Хром

Застрашувачки непријател на дијабетесот.

извор:denar.mk

Јадете по 10 јагоди секој ден и ќе бидете изненадени од резултатите

Едно од најомилените овошја, јагодите, освен што имаат бројни здравствени придобивки се и спас за оние кои внимаваат на линијата.

Нутриционистите ги нарекуваат вистинска нискокалорична суперхрана за слабеење бидејќи 100 грама од овие бобинки содржат само 32 калории, а благодарение на нискиот гликемиски индекс, тие се погодни дури и за дијабетичари.

Освен тоа, благодарение на влакната како пектин и целулоза, јагодите прават побрзо да се чувствуваме сити и ја подобруваат дигестијата. Особено се богати со витамин Ц и фолна киселина, како и калиум, железо и цинк.

Ова се 7 здравствени придобивки од јагодите:

Го зајакнуваат имунитетот – високата содржина на витамин Ц во јагодите ја надминува дури онаа во портокалите и лимоните. Една порција јагоди од 200 грама (отприлика 10 плодови) ги покрива нашите дневни потреби за витамин Ц.

За силни коски и мускули – јагодите се полни со миниерали. Тие содржат калциум, калиум, цинк и железо кои заедно ги зајакнуваат коските, забите и мускулите.

Моќни антиоксиданси – јагодите содржат бројни антиоксиданси кои го штитат телото од болести. Истражувањата покажуваат дека ова овошје го инхибира развојот на болести како дијабетес, висок крвен притисок и дебелина.

Одлични се за срцето – полифенолите и флавоноидите во јагодите штитат од кардиоваскуларни болести, ги убиваат вирусите и имаат антивоспалително дејство.

Го подобруваат здравјето на мозокот – истражувачите откриваат дека, благодарение на флавоноидите, јагодите ги подобруваат когнитивните перформанси и со тоа го забавуваат процесот на ментално стареење.

Спречуваат опаѓање на косата – фолната киселина, витаминот Б5 и Б6 и елагинската киселина го спречуваат опаѓањето на косата. Покрај тоа, минералите како бакар и магнезиум помагаат во спречување на првут и габични заболувања на кожата на главата.

Го подобруваат метаболизмот – јагодите содржат изобилство од витамин Б и фолна киселина кои се неопходни за брз метаболизам и раст на клетките. Ретко кое овошје содржи толкава количина на витамин Б како јагодите, а 100 грама овошје содржат 43 микрограми фолати – повеќе од една осмина од дневната вредност.

Биолог: Ковид-19 го скратува животниот век за две години

Поради коронавирусот, просечниот животен век на луѓето се намалува за 1,5-2 години, смета Анча Баранова, професорка на Одделот за системска биологија при универзитетот „Џорџ Мејсон” во Фејрфакс, Вирџинија, САД. Таа потсетува дека ковид-19 е болест од којашто човек може да се зарази повеќе од еднаш.

– Болест предизвикана од коронавирус, го скратува животот – во некои случаи, и значително. Сега се решава сериозното прашање за намалувањето на просечниот животен век на луѓето како вид. Во развиените земји (според статистичките податоци) просекот е намален за 1,5 – 2 години. Причината за ова е коронавирусот, рече Баранова.

Таа објасни дека ваков заклучок може да се донесе врз основа на статистички податоци за САД, но и дека и за Русија податоци нема значително да се разликуваат.

Претходно, биологот посочи дека можноста од заболување во Русија ќе се намали по надминување на прагот од 30 отсто вакцинирани луѓе.

– Повеќе од 14 милиони Руси се вакцинирани против коронавирус во Русија со првата инјекција, а околу 10 милиони се целосно вакцинирани со две дози. Вакцинацијата против коронавирусот во различни области на Русија се одвива на различни начини, а имунитетот на луѓето се очекува да се постигне до есенва, изјави рускиот вицепремиер Татјана Голикова.

Популарно