Денеска е Св. апостоли Јасон и Сосипатар

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 април. Денеска е Св. апостоли Јасон и Сосипатар.

Свети Јасон потекнувал од Тарс, родниот град на апостол Павле кој се наоѓал на долниот дел од Мала Азија. Сосипатар пак, од Ахаја. Нив Павле ги спомнува во Посланието до Римјаните. Јасон бил епископ во Тарс, а Сосипатар во Иконија, во малоазиската област Ликаонија. Заедничката судбина ги носи на островот Керкира (денес Крф), каде што го посеале семето на евангелската проповед.

Заради тоа два пати биле затворани, дури и маче ни, но од затворот и двата пати излегуваат неповредени, а нивното лично сведочење станува столб од светлина на островот Керкира. Подоцна, тие се разделиле и се вратиле во местата каде биле поставени за епископи. Таму и го завршиле животот во длабока старост.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Игнациј од Лаконија.

Бил роден во 1701 година, во Лаконија, во Италија. На 18-годишна возраст се разболел. Тогаш се заколнал дека, доколку Мајката Божја му помогне да оздраве, ќе стапи во редот на капуцините. Игнациј оздравел, но заборавил на ветувањето. Многу се исплашил кога јавал на коњ и можел да падне во провалија. Тогаш се присетил на ветувањето и станал свештеник. Заминал од овој свет во 1781 година.

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети (Втор ден)

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Еруса¬лим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јуни.

Денеска е Св. свештеномаченик Доротеј. Доротеј 50 години беше епископ на црквата Христова во градот Тир. За време на владеењето на царот Диоклецијан, тој се повлече од Тир за да ги избегне прогоните, а во градот се врати кога се востоличи царот Константин Велики. Животот го заврши маченички по времето на Константин, кога владееше Јулијан Отстапникот, во 361 година, во градот Одесос (денешна Варна).

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Марко и Марчелијан. Во проповедувањата се вели дека тие биле браќа. Префектот Кромациј ги затворил и ги предал на судот. Од нив се барало да се откажат од христијанската вера. Свети Марко и Марчелијан не се откажувале од верата и биле измачувани за време на прогонствата на царот Диоклецијан.

Денеска е Св. Еразмо Охридски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јуни. Денеска е Св. Еразмо Охридски.

Овој светител беше родум од Антиохија, а живееше за време на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизуваше на Ливанската планина, а во Охрид дојде веќе како епископ за да го проповеда Евангелието. Во тоа време Охрид се уште беше пагански град. Тука со молитва го воскресна синот на некој си Анастас, кој потоа се крсти.

Поради неговата проповед многумина поверуваа во Христа, па во Охрид тогаш пропаднаа скоро сите идолски жртвеници. Заради тоа светителот беше изведен пред суд од страна на Максимијан и затворен. Но, ангел го ослободи од затворот, како некогаш апостолот Петар. Потоа свети Еразмо за некое време замина во Кампања, а најпосле се повлече во градот Хермелија. Тука во мир го предаде својот дух на Бога во 303 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Вид.

Бил роден во Сицилија. На седумгодишна возраст поради верата во Христос, морал да побегне во далечната Луканија, иако неговиот татко го сакал, тој да се откаже од верата. Тоа се случувало за време на Диоклецијановите прогонства. Свети Вид бил изма чуван на почетокот на прогонствата, во 304 година. Неговото учење за црквата се проширило низ цела Европа

Популарно