Гоца Тржан: Не можев да одам на погреб, тоа беше голем стрес за мене

Српската пејачка Гоца Тржан, која беше добра пријателка со трагично загинатиот Тоше Проески, се уште со болка и длабока тага се сеќава на тие моемнти.

Гоца, во емисијата „Премиера викенд специјал“, раскажува за моментот кога дознала за несреќата во која Тоше го загуби животот. За смртта на Тоше, пејачката дознала од пријателка кој ѝ кажала дека видела видео од местото на несреќата.

Тогаш штотуку родив. Лена имаше два, три месеци. Ми се јави пријателка од Загреб со плачење. Ме праша: „Дали е вистина дека Тоше починал?“… Ѝ реков: „Не тропај глупости, како тоа починал?!“. Таа ми кажа дека е вистина, го видела видеото како го извлекуваат од под камионот во близина на Градишка. За жал, тогаш не можев да одам на погреб затоа што имав мало бебе, тоа беше голем стрес за мене – раскажува Гоца.

Таа вели дека една од првите работи што ги направила по смртта на Тоше е тоа што отишла во македонската амбасада да се потпише во книгата на жалост.

Неколку години подоцна работев во Прилеп и спиевме во неговиот роден град. Тогаш отидов во Музејот и на неговиот гроб. Некако се збогувавме ние двајцата. Имам голема привилегија кога ја пеам „1200 милји“ дека нешто ќе се случи. Затоа мислам дека луѓето кои биле толку сакани и талентирани никогаш не умираат – вели Гоца, пренесува „Србија данас“.

Ова треба да го знаете: Зошто е здраво да ги јадете семките од лубеницата?

Луѓето се навикнати да ги фрлаат семките од лубеница, веројатно затоа што како деца нѐ учат дека не е добро да ги јадеме. За детските дишни органи, тие може да бидат опасни, но истражувањата покажуваат дека малите црни семки се и вистински извор на здравје.

1. Ја намалуваат надуеноста. Семето од лубеница содржи влакна кои позитивно влијаат на системот за варење, т.е. ја ублажуваат подуеноста и гасовите во човековото тело.

2. Содржат калиум. Овој минерал ја регулира количината вода во нашето тело, со што, на пр. се намалуваат отоците на зглобовите и стапалата.

3. Семките обезбедуваат заштита од ултравиоулетовот зрачење и ја подмладуваат кожата. Содржат витамин Е, којшто влијае на здравјето на кожата и спречува дамки и пеги. Исто така, тие се полни со антиоксиданси, со што се забавува и стареењето на кожата.

4. Го зајакнуваат човековиот имунитет и здравјето, а тоа – благодарение на многу други минерали што се наоѓаат во семката, како што е железото. Тие исто така содржат триптофан, кој поттикнува лачење серотонин, а тој пак, го намалува стресот и нѐ прави посреќни.

 5. Тие содржат магнезиум и цинк. Тие се од суштинско значење за работата на целиот организам.

Далечинското е 20 пати повалкано од ВЦ-школката

За време на чистење на куќата, честопати прескокнуваме некои предмети што ги користиме секој ден. Ново истражување потврди дека далечинскиот управувач содржи 20 пати повеќе бактерии отколку една тоалетна школка.

Далечинското треба да се чисти најмалку еднаш неделно. Две третини од испитаниците во анкетата (67 насто) признале дека никогаш не го чистат далечинското. Истражувачите зеле и примероци од далечинските на испитаниците, тоалетните школки и од теписите, заради нивоата на бактерии, габички и мувла на нив.

Резултатите се недвосмислени – далечинското е највалканиот предмет од сите. Во него имало и бактерии, и габи, и опасна мувла. Второ највалкано нешто е капакот на корпата за отпадоци, потоа тепихот во спалната соба, па тепихот во дневната соба и на крај, најчист – тоалетот.

Најлесен начин да исчистите далечинско е – се натопува крпа во оцет (тој може да биде „зачинет“ со лаванда) и потоа уредот се брише. Тоа ќе го исчисти и дезинфицира уредот. Оцетот е универзален производ за природно чистење, па добро е да се користи, бидејќи не содржи опасни хемикалии.  

Филипче: Следи забрзано темпо на вакцинација, наставниците во приоритетните

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема голем ризик од нов бран на пандемијата со Ковид-19, но порачува на внимателност и најавува забрзано темпо на вакцинација, во кој процес сега приоритет ќе имаат наставниците за да може да почнат со работа училиштата од наесен, за што веќе се финализираат протоколите.

-Засега нашата проценка, сите анализи што ги правиме состојбата во околните земји, укажува дека некој голем ризик од нов бран сега во скор временски период  нема, но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и будно да ја  следиме состојбата. Има случаи на заразени граѓани дури и вакцинирани  во некои земји со индискиот сој, а тоа што е добро е дека во огромен процент над 97, 98 проценти, тие случаи не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба.  Затоа сеги следи навистина едно навистина забрзано темпо на вакцинација  ширум државата во сите пунктови, изјави денеска Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Филипче најави дека на вакцинација во наредниот период ќе бидат повикани организирано наставните кои поради тоа што работеа во домашни услови.

-Во однос на вкупниот број на наставници беа вакцинирани сите наставници кои работеа со физичко присуство, односно наставниците од прво до трето одделение. Тоа, посочи, е една третина од вкупниот број на вакцинирани наставници. На другите не дававме приоритет заради тоа што работеа во домашни услови. Сега по истиот систем на повикување, организирано ќе бидат вакцинирани други. Најприоритетна група се за да можат училиштата да почнат да работат, рече Филипче.

Министерството за здравство вчера информираше дека досега во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 458.040 граѓани.

Популарно