(Вознемирувачко видео) Детска игра се претвори во несреќа

Ова е предупредување за сите родители, понекогаш едноставна игра во дворот може да заврши трагично.

Две момчиња си играа, откако им здосади играта, се обидоа да експериментираат. Тие се качуваа на оградата, тешка 94 килограми и се „возеа“ на портата.

Во еден момент огромната порта се сруши врз помладото момче, постарото се обиде да му помогне и го извлече.

Не е наведено каде е снимено видеото, но е добра поука за сите. За среќа, момчето немаше сериозни повреди, но е добро постетување на изреката „од играчка, плачка“.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно