Куќа која ја има оваа билка не може да биде сиромашна

Сојузник во борбата против депресијата, а ви помага и да се ослободите од насобраниот стрес. Босилекот е билка позната по своите лековити дејства и поради тоа можеби е идеално време да почнете да ја одгледувате во вашиот дом.

Еве 10 причини зошто тоа ќе ви се исплати:

  1. Сојузник во борбата против депресија.
  2. Го чува здравјето а кардиоваскуларен систем.
  3. Ја поттикнува работата на цревата и помага при детоксикација на организмот.
  4. Го подобрува варењето.
  5. Го штити телото од настанокот на дијабетес.
  6. Содржи антиоксиданти кои штитат од појава на болести.
  7. Го регулира стресот.
  8. Поседува антимикробни својства кои штитат од вируси и инфекции.
  9. Одличен афродизијак.
  10. Идеален е во борбата против настанокот на ќелиите на ракот.

Според старите верувања куќата во која се одгледува босилек не може да биде сиромашна, затоа набавете ја ова била што побрзо. Исто така старите верувања велат дека оној кој наутро ќе консумира малку босилек ќе привлече благосостојба во текот на денот.

Овошје што може да ви предизвика надуеност

Консумирање на одредени овошја понекогаш се поврзува со надуеност. Диететичарите тврдат дека постојат три вида на овошје чијшто внес треба да биде ограничен доколку страдате од овој проблем.

Јаболка

Иако можеби се најпопуларното овошје, јаболката се богати со влакна, што може да предизвика надуеност кај оние со чувствителен дигестивен систем. Исто така, јаболката содржат пектин, кој е тешко сварлив за некои луѓе и може да предизвика гасови и надуеност.

Лубеница

Лубеницата е омилено летно уживање со причина. Полна е со витамини и минерали, но и вода, што понекогаш може да доведе до привремена надуеност.

Манго

Мангото има многу хранливи материи, но и влакна и фруктоза, што може да биде причина за надуеност кај луѓето со чувствителен стомак. Природните шеќери и влакна во мангото може да ферментираат во дигестивниот систем, што доведува до гасови и надуеност.

Видео: „Најосамениот лав на светот“ пуштен на слобода

Рубен, „најосамениот лав на светот“ кој беше затворен во зоолошка градина во Азербејџан, конечно ја вкуси слободата.

Животното старо 15 години последниве шест години ги мина сам во тесен кафез. Својот нов живот ќе го продолжи во резерват за диви животни во Јужна Африка. Ова своевидно спасување почна откако беше откриено дека Рубен е единственото животно останато во зоолошката градина по смртта на бизнисменот кој беше нејзин сопственик.

Меѓународната организација за заштита на животните – АДИ, (Animal Defenders International) со седиште во Велика Британија, покрена иницијатива за префрлање на Рубен од малата куќарка каде што го минал животот, во дивината, но на безбедно место во Јужна Африка. Авиокомпанијата „Катар ерлајнс“ помогна во тоа.

– Бевме во солзи кога Рубен излезе од кафезот, шетајќи по тревата слободно првпат во својот живот, изјави претседателот на АДИ, Јан Кример.

Поради осамениот живот последниве години, Рубен заборавил и да рика, па АДИ се надева дека за него ќе почне „нов, среќен период на слобода“, како што изјавија оттаму. 

Кора од лубеница го враќа сјајот на кожата и ја хидрира

Кората од лубеница може да направи чуда на вашата кожа. Освен што третманот со замрзнати коцки од кората ќе ја направи вашата кожа мека и сјајна, ќе помогне и при проблеми со акни.

Наместо да ја фрлите кората од лубеница, можете да ја користите за смути, десерт, па дури и да ја киселите. И додека ова овошје е одлично по својот вкус и својства за нега на кожата, неговата кора исто така е полна со придобивки.

Значи, следниот пат кога ќе сакате да фрлите кора од лубеница, запомнете дека можете да ја користите така што ќе ја исечете на коцки, ќе ги замрзнете и ќе ѝ пружите освежувачки третман на вашата кожа.

За почеток, ќе треба да ја исечете лубеницата и да го отстраните делот за јадење (т.е. да го јадете). Потоа исечете ја кората на парчиња, ставете ја во блендер и направете паста од неа. Потоа истурете ја смесата во здела со мраз и чувајте ја во замрзнувач неколку часа. Извадете една коцка и нежно тријте ја во пределот на лицето и вратот. Повторете го ова секој ден.

Оваа постапка е навистина многу едноставна, и веројатно се прашувате зошто мора да има коцки мраз. Имено, коцките мраз, генерално, се одлични за кожата. Тие го одржуваат вашето лице свежо и подмладено, а исто така можат да помогнат при акни, болни мозолчиња, црвенило и иритација на кожата. Исто така коцките мраз се одлични за одржување на младешко лице. Тие можат да помогнат при предвремено стареење и појава на брчки.

Една коцка мраз пире од лубеница дневно треба да биде доволна за да ѝ даде природен сјај на кожа.та Кората од лубеница ја прави кожата мека и сјајна и совршено ја навлажнува. Исто така, делува како природен тоник.

Покрај тоа, ако имате мрсна кожа и сте повеќе склони кон појава на акни, кората од лубеница во форма на коцка мраз може да го елиминира вишокот маснотии од површината на кожата и да ги исчисти порите. На тој начин вашето лице може да стане чисто редовно користејќи ја оваа рутина, пишува The Indian Express.

Популарно