Авион со 17 патници исчезна над Сибир

Патнички авион Ан-28 исчезна над Сибир. Според Интерфакс, во авионот има 13 лица, од кои четири деца, додека некои медиуми пишуваат дека бројот на патници изнесува.

Авионот изгубил трага недалеку од градот Томск, пренесуваат руските медиуми. Авионот што недостасува припаѓа на сибирската лесна авијација. Во потрага по исчезнатиот авион е испратена авијација, вклучително и хеликоптери Ми-8.

Да потсетиме, рушевината на двомоторниот Антонов Ан-26 беше пронајдена минатата недела на полуостровот Канчатка, а никој од 28-те лица во авионот не преживеа.

ВИДЕО: Додека Европа гори во Бразил вее снег

Историски студен бран минува низ Бразил и веќе донел снег во државата Рио Гранде до Сул на крајниот југ на земјата, јавува порталот "G1".

Метеоролозите прогнозираат температура до минус 10 степени Целзиусови, а рекордно ниски температури се очекуваат во југоисточните градови утре и во сабота.

Во 30 окрузи во државата Санта Катарина регистрирана е температура пониска од минус седум степени Целзиусови, а властите во Рио де Жанеиро регистрирале бранови со висина од четири метри.

Медиумите јавуваат дека снег денеска паѓал во најмалку 13 бразилски градови, вклучувајќи ги Пелотас, Сао Франциско де Паула и Карлос Барбоса, а на некои места паѓал град.

Народот излегол на улиците, за да му се радува на снегот и да прави Снешко.

Се очекува дека студот ќе влијае на посевите на кафе следната година, бидејќи студениот бран го зафатил "централниот појас на кафето" во Бразил.

Снежен леопард од зоолошката во Сан Диего заразен со коронавирусот

Снежниот леопард од зоолошката градина во Сан Диего е позитивен на коронавирусот.

Деветгодишен леопард Рамил бил тестиран откако чуварите забележале дека кашла и дека му тече носот.

Како што беше објавено од зоолошката, тој нема други симптоми, пренесува Гардијан.

Рамил го дели живеалиштето со женски снежен леопард и два леопарди Амури, па се претпоставува дека и тие биле изложени на вирусот.

Не е јасно како Рамил се заразил.

Во јануари, во паркот Сафа Дриго во зоолошката градина Сафари, осум горили беа заразени со коронавирусот од чувар кој немал никакви симптоми.

Групата горила која се опорави беше првиот познат случај на инфекција кај мајмуните.

Во соопштението се наведува дека работниците во зоолошката градина немаат обврска да се вакцинираат, но дека оние кои не се имунизирани мора да носат маски постојано.

На почетокот на оваа година, зоолошката доби одредена количина експериментални вакцини против коронавирус за животни.

Видовите со најголема опасност од инфекција се вакцинирани, вклучително и неколку примати и мачки, но Рамил не ја прими вакцината пред да се зарази.

Кина одбива да учествува во втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Планот на Светската здравствена организација (СЗО) за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот содржи јазик што не ја почитува науката и Кина нема да го следи, изјави на прес-конференција Зенг Јинсин, заменик-шеф на Државниот комитет за хигиена и здравје на кинеската република, пренесува Тасс.

-Што се однесува до предлогот на СЗО за втората фаза од истражувањето, тој содржи јазик што не ги почитува науката и здравиот разум. Ние нема да следиме таков план, рече тој.

„Кинеските власти ги поддржуваат научните истражувања“, рече Зенг. Тој, исто така, истакна дека Кина „се спротивставува на политизирањето на истрагата за потеклото на коронавирусот и смета дека втората фаза треба да се темели на резултатите од првата фаза“.

Претходно, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, соопшти дека организацијата се подготвува за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот САРС-КоВ-2 и очекува транспарентност од кинеските власти. Тој истакна дека првата фаза се соочувала со одредени проблеми. Едниот од нив тој го нарече „пристап до податоци, особено до податоците за почетокот на пандемијата“.

Гебрејсус, исто така, не ја исклучи можноста ширењето на коронавирусот да било резултат на „вонредна ситуација во лабораторијата“.

Кинеското Министерство за надворешни работи во својот одговор изрази надеж дека експертите на СЗО за време на новата фаза на истражувањето ќе посветат поголемо внимание на теоријата дека коронавирусот бил донесен во Вухан со замрзната храна и не се појавил како резултат на лабораториско протекување.

Популарно