(Фото) Овие сцени од плажа сите ги оставија без текст

Во медиумите многу се води полемика околу заштитата на кожата, како и за бројните акции кои за цел имаат подигнување на свеста за штетноста на директните сончеви зраци на кожата.

Кога е во прашање негата на кожата, Азијатите доминираат, па кај нив се јавуваат нови трендови - од маски за лице, креми и други помагала. Овој пак станува збор за бикини за лице, односно фејскини.

Во Кина се користат многу производи за одржување на бледа кожа. И додека многумина се фалат со бронзен тен , азиските жени сметаат дека белата кожа е одраз на вистинска убавина, па поради тоа на плажат носат маски кои ја прекриваат целосно главата оставајќи мини отвори за очите, носот и устата.

Ова бикини за лице го смислила сопственичката на продавницата за костими за капење Жанг Шифран уште во 2004 година затоа што жените во Кина сакале светла кожа, а изложувањето на сонце ги прави потемни.

Цената на ова бикини за лице варира од 2 долари за поедноставните до 24 долари за оние нешто полуксузните.

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно