Лекарите тврдат: Лицата со нулта крвна група се подложни на овие болести

Како што веројатно веќе знаете, луѓето со крвна група 0 можат да даруваат крв на сите други групи.

Имено, во еритроцитите од крвната група 0, нема фактори кои ја уништуваат туѓата крв. Ова значи дека тие можат да бидат донатори на сите други групи, но тие примаат крв само од истата група. Тоа ги прави прилично посебни.

Меѓутоа, не само оваа карактеристика ги одделува од другите крвни групи. Крвната група 0 е, всушност, повеќе склона кон некои болести од која било друга група. Од друга страна, оваа крвна група има многу други моќни карактеристики кои ја прават посебна.

Тие се склони кон некои болести, како што се дисфункција на тироидната жлезда, недостаток на јод, ниско ниво на тироидни хормони и чиреви. Овие дисфункции можат да бидат доста опасни за овие луѓе, бидејќи можат да доведат до многу несакани ефекти како што се прекумерна тежина и задржување на вода.

Луѓето со крвна група 0 имаат способност да бидат лидери и секогаш остануваат фокусирани на целта. Еден од нивните најдобри квалитети е нивната висока енергија и нивната проактивност.

Оваа крвна група во Јапонија е секогаш поврзана со одреден тип на личност. Крвната група е многу важна за Јапонците. На некои интервјуа за работа, тие дури ги прашуваат потенцијалните вработени која е нивната крвна група.

Според нив, луѓето со крвна група 0 се практични, темелни, фокусирани, организирани, посветени и одговорни. Поради фактот што нивните предци биле ловци, кои ја набудувале и проценувале околината за да преживеат, многумина веруваат дека овие луѓе се подобри и појасни логичари од другите.

Овие луѓе можат да станат импулсивни, хиперактивни, па дури и лути кога се под стрес. Поради нивните нездрави навики, склоност кон стрес, недостаток на вежбање и лоша исхрана, тие се подложни на штетни метаболички процеси, како што се отпорност на инсулин, забавување на активноста на тироидната жлезда и дебелина.

Покрај тоа, мора да знаете дека тие имаат повисоко ниво на желудочна киселина од која било друга крвна група. Ова значи дека тие имаат многу чувствителен стомак и имаат тенденција да формираат чиреви.

Се препорачува овие луѓе да избегнуваат кофеин и алкохол. Кофеинот може да биде особено штетен поради неговата тенденција да го зголемува адреналинот и норадреналинот, кои веќе се високи за типовите 0.

Покрај тоа, за нив е задолжителна физичка активност 3-4 пати неделно.

Што да се јаде пред и после вежбање

Научниците веќе долго време  тврдат дека она што го јадете пред, за време и после вежбањето може да влијае на резултатите од вашиот фитнес. И што е тоа што нутриционистите препорачуваат да јадете? Добрите јаглени хидрати се многу важни пред тренингот, а протеините после вежбање.

Што да се јаде пред вежбање

„Јадете јаглехидрати пред вежбање, но не премногу“, рече Нанси Коен, професор на Катедрата за исхрана на Универзитетот во Масачусетс во Амхерст.

Таа препорача да консумирате од еден до четири грама јаглени хидрати на 2,2 килограми телесна тежина, ако планирате да вежбате повеќе од еден час.

Упатствата за исхрана препорачуваат доколку внесувате 2000 калории на ден, обидете се да консумирате помеѓу 225 и 325 грама јаглени хидрати.

Треба да јадете еден до четири часа пред вежбање. Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј сугерираат дека внесот на јаглени хидрати може да ги подобри перформансите на вежби за издржливост.

"Со консумирање на храна  богата со јаглени хидрати со малку маснотии, јаглени хидрати, можете да се осигурате дека имате доволно мускулен гликоген како гориво за вашата физичка активност. Значи, јадете смокви, путер од кикирики, банани, јогурт, тестенини или друга храна со висок јаглерод". рече Коен.

Покрај тоа, доволна количина вода е многу важна.

„Општо, можете да консумирате пет до 10 милилитри вода на килограм телесна тежина, два до четири часа пред вежбање“, рече Коен.

Значи, многу е важно да не вежбате на празен стомак, затоа што ако не јадете, вашето тело ќе биде „измачувано“.

Што да се јаде додека вежбате

Една од најважните работи што треба да направите додека вежбате е хидратација. Ако вежбате 45 минути или помалку, доволно течност ќе биде сè што ви треба.

„За вежби за издржливост од еден до два часа, ќе треба да внесете 30 до 60 грама јаглехидрати на час. На пример, има 25 грама јаглехидрати во едно јаболко со средна големина“, рече Коен.

Соковите, спортските пијалоци, овошјето и другите намирници и пијалоците со висок јаглерод може да бидат од голема помош.

Што да се јаде после вежбање

По тренингот, ќе ви требаат многу протеини, како што се млечни производи, јајца и пилешко месо.

"По долго или многу интензивно вежбање, консумирајте еден до два грама јаглени хидрати на килограм телесна тежина заедно со 15-25 грама протеини. Ова ќе ги надополни резервите на гликоген во вашите мускули", рече Коен.

На пример, едно варено јајце има околу шест грама протеини.

„По полесно вежбање, јадете добро избалансиран оброк, кој вклучува високо квалитетен протеин и јаглени хидрати во рок од два до три часа од завршувањето на тренингот и пијте доволно течност“, додаде Коен.

Ако чувствувате болки во мускулите после вежбање, пијте сокови од лубеница или цреша.

Што една лименка енергетски пијалак му прави на вашето тело?

Сигурно ви се случило барем еднаш да сте биле толку преморени што сте посегнале по некој енергетски пијалак.

Еве што точно се случува во телото откако ќе испиете само една лименка.

Првите 10 минути – кофеинот ја поттикнува циркулацијата и го зголемува притисокот и отчукувањата на срцето.

После 15 минути – концентрацијата се зголемува.

После половина час – престанува апсорпцијата на кофеин, исчезнува поспаноста поради високиот притисок и налетот на шеќер.

Еден час подоцна – се намалува енергетскиот ефект и повторно чувствувате замот. Пијалокот започнува да ги отстранува корисните елементи од телото.

После 6 часа – нивото на кофеин паднало за 50 отсто.

После 12 часа – испарил целиот кофеин. Колку точно време е потребно за да дојде до тоа, зависи од вашата физичка активност и староста.

После 24 часа – редовната консумација на енергетски пијалаци предизвикува главоболка, иритабилност и проблеми со варењето. Немате енергија.

После 2 недели – телото се привикнува на редовно дозирање со кофеин и го намалува ефектот на пијалакот. Можни се проблеми и неосоница, дебелеење (поради шеќерот), нервоза и преголема емоционална чувствителност, забрзан пулс и висок притисок.

Заклучок – најдобар извор на енергија е здравиот животен стил. Спијте доволно, спортувајте и јадете квалитетна храна. Ако пречесто сте уморни, советувајте се со лекар.

Со оваа иновација лицата со оштетен вид ќе може да гледаат

Израелската иновација „ор кам мај ај“ (OrCam MyEye) на слепите и на лицата со оштетен вид ќе им овозможи : читање печатени и дигитали текстови, весници, книги, ресторански менија, знаци, етикети/декларации на производи, екрани на мобилни и компјутери. Се очекува во текот на месецов  да пристигне и кај нас.

Прв корисник ќе биде девојче од Битола.

Како ќе се дистрибуира „ор кам мај ај“ и за кого сè ќе биде достапен, допрва ќе се дефинира, иако првичните контакти со надлежните се веќе направени.

Станува збор за многу едноставна направа, базирана на технологија (софтвер) за вештачки вид. Освен што чита печатени и дигитали текстови, препознава и лица, производи, кредитни картички, пари…

Тежи само 22,5 грама и по принцип на магнет се „закачува“ на рамките за очила.

– Со нашиот паметен уред оспособуваме десетици илјади луѓе кои се слепи или имаат оштетен вид. Им овозможуваме да работат, да функцонираат нормално во секојдневниот живот – рече Рафи Фишер од „Ор кам“ пред македонските новинари кои со поддршка на Фондот за иновации имаа можност да посетат повеќе стартапи во Тел Авив и Ерусалим.

Демонстрирајќи како функционира уредот, Фишер напомена дека „ор кам мај ај“ работи и во темно, а пораките (читањето) ги пренесува преку мини ХД-звучник. Во него е вграден и ГПРС-навигатор.

Апаратчето е способно автоматски да го ажурира и софтверот за вај-фај.

Батеријата трае 1,5 час ако корисникот чита книга или цел ден ако се користи повремено. Уредот сам кажува колку од батеријата е потрошена, а се полни многу брзо, 70 отсто за 15 минути.

– Капацитетот на препознавање е 100 лица (со име и презиме), два милиона различни баркодови и 200 видови производи. Притоа, сè што корисникот чита, останува, се чува во апаратчето. Значи, од тој аспект, смарт уредот е сосема доверлив, безбеден. „Ор кам мај ај“ може да ви каже и колку е часот, ако носите рачен часовник и го приближите накај него, како и да ве предупреди дека некој стои спроти или до вас, дали е машко, женско или дете – објасни Фишер.

На компанијата ѝ требале многу години да го развие производот. Првата генерација „ор кам мај ај“, освен „читач“, имала плус два засебни дела: батерија и жица, кои корисникот морал да ги носи со себе. Но, сегашната, напредна верзија е значително поедноставена. Сè е содржано во една компонента.

Засега, уредот „зборува“ на 25 јазици, меѓу кои јапонски и кинески, а од „нашите поблиски“, руски, чешки и бугарски. Наскоро се очекува да биде достапен и на арапски. Го има во над 40 земји од светот и чини околу 4.500 евра. Во САД ветераните го добиваат без пари, а во Германија го обезбедуваат осигурителните друштва.

– Веќе преговараме и со други земји, како вашата. Бараме партнери, а тоа може да бидат невладини организации, Сојузот на слепи, осигурителни компании. Всушност, ова е одлична основа за почнување бизнис – рече Фишер.

Дополни и дека производот му бил презентиран на принцот Вилијам.

Израелскиот амбасадор Дан Оријан, кој ги организираше посетите на израелските стартапи и постојано ги придружуваше новинарите, информира дека за дистрибуирање на „ор кам мај ај“ во земјава веќе се остварени средби со министрите за здравство и за труд, Венко Филипче и Мила Царовска.

– Дефинирано е и кој ќе биде првиот корисник на „ор кам мај ај“. Се работи за девојче од Битола – откри Оријан.

Уште една израелска приказна овој месец во земјава

Двапати неделно фудбал, двапати неделно дополнителна настава. Вака изгледа „програмата“ на израелскиот стартап, чиј основач Лиран Гераси одлучил да им овозможи на сиромашните деца од помалку развиените региони да се занимаваат со „најважната споредна работа на светот“.

Гераси овој месец треба да дојде во Скопје и да преговара со наши заинтересирани институции, кои би помогнале во спроведувањето на проектот.

– Ако децата не одат на дополнителна настава или ако таму не покажат соодветно, пристојно однесување, ќе го изгубат правото на бесплатно тренирање фудбал, објасни Гераси.

Проектот засега се спроведува во околу 80 земји, меѓу кои оние од Африка, а во регионот во Србија и Црна Гора.

Популарно