Северина скршена од болка: „Поминаа 20 месеци откако син ми грубо го отселија од својот дом“

Хрватската пејачка Северина повторно напиша емотивна порака за својот син, за кој ѝ е одземено старателството.

„Поминаа 20 месеци откако мојот син е отселен од својот дом, во кој мирно живееше 7 ипол години. Без прашања, грубо, истиот ден... И бегалците ги отселуваат со нивните мајки.

Во овие 30 години, колку што пеам, повеќе луѓето ме објавуваа на фотографии со нивните деца, отколку што јас имам објавувано фотографии со своето дете. Не како Северина, туку како горда мајка. Тоа ми е забрането, па затоа ви подарувам песна со хорот Загрепчанки и деца...

Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Северина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Како да ја исфрлите вишокот вода од вашето тело?

Човечкото тело содржи 50 до 60 проценти вода, во зависност од полот и возраста. Задржување на вишок течност во организмот, може да укаже на посериозни здравствени проблеми, но благата надуеност и оток, исто така, можат да се решат со промена на одредени навики на живот.

Еве неколку вообичаени причини за задржување на течности и совети кои ќе ви помогнат да ги намалите симптомите:

Внес на јаглени хидрати

Кога јадете јаглехидрати, молекулите на гликоза што ги сочинуваат тие јаглени хидрати се спојуваат во ланец и создаваат нови, подолги единици наречени гликоген, кои телото ги користи подоцна за енергија. Но, за навистина да ги нахрани вашите мускули, на гликогенот му е потребна и вашата помош. Еден грам гликоген се врзува на 3 до 4 грама вода, а оваа вода придонесува за вашата привремена телесна тежина. Затоа, ако јадете многу јаглени хидрати и не вежбате, вашето тело ќе ги чува во вода. За да се ослободите од вишокот на течности подоцна, треба да го ограничите внесот на јаглени хидрати за да го намалите присуството на гликоген, или да го зголемите нивото на вежбање за да ги потрошите зачуваните нивоа на гликоген што чекаат на залиха.

Високата цена и убавото пакување не се важни: Како да…

Еден од најголемите фактори што можат да го зголемат внесот на вода на вашето тело е внесот на сол. Ако јадете солена храна, ќе треба да пиете повеќе течност, што може да предизвика зголемување на телесната тежина. Премногу сол во организмот исто така може да предизвика телото веднаш да ја задржи течноста затоа што телото мора да го одржува односот на натриум кон вода за да функционира нормално. Обидете се да ја намалите храната која е богата со натриум и преработена храна како чипс, пржена храна итн. Со радикални промени во диетата, можно е да изгубите четири до шест килограми во рекордно време.

Повеќе течност

Друга промена во животот што можеби ви изгледа чудно е тоа да пиете повеќе вода. Може да помогне при слабеење и губење на тежината, а паралелно е одлично за хидрирање на системот. Се разбира, важно е да се фокусирате на промена на вашата исхрана во целина, но одржувањето на вашето тело доволно хидрирано ќе се исплати на долг рок.

Нема целосно дефинирана количина на вода што треба да ја пиете, но најчеста е осум чаши вода на ден. Ова не може да се примени на каква било течност затоа што има пијалаци кои всушност го сушат телото и не ги исполнуваат основните критериуми. Исто така, некои истражувања укажуваат на тоа дека пиењето течност веднаш после оброкот може да помогне во олеснување на варењето и побрзо губење на тежината.

Пушењето е лоша навика, но пушачите сепак треба да ги разбереме

Сите, многупати досега сме слушнале колку пушењето е штетно по здравјето. Пушачите се почесто ги слушаат и осудите од околината, која со критики од најдобра намера, сепак не им помага да се ослободат од оваа лоша навика. Тие се свесни дека ова е штетно, но како што обично е случај со навиките, не е лесно одвикнувањето од нив. Покрај тоа што е важно да се разбере проблемот на пушењето, важно е и пушачите кои од различни мотиви не се откажуваат од цигарите, да се информираат за сите можни опции, кои го вклучуваат и информирањето за помалку штетните алтернативи.

Чадот од тутунот е најштетната состојка на цигарите

Со согорувањето на цигарата се достигнува температура и до дури 900 степени. Тогаш се создава тутунски чад низ кој се ослободуваат повеќе од шест илјади материи, а за околу 100 од нив се знае дека се штетни и потенцијално штетни. Кај помалку штетните алтернативи, како IQOS, глобално најпознатиот бездимен уред од оваа категорија, ситуацијата е целосно поинаква. Тој функционира така што не го согорува тутунот, туку го загрева на температура до 350 степени. При консумацијата не се создава чад од тутунот, туку аеросол. Научно е докажано дека во просек произведува 95 проценти помалку штетни состојки во однос на чадот на цигарите. Важно е да се напомене дека тоа нужно не значи и намалување на ризикот од 95 проценти.

Јаглерод моноксид и катран

Цигарите често се изедначуваат со една од најотровните супстанци – јаглерод моноксид. Имено, при пушењето цигари, јаглерод моноксидот останува неразграден во организмот и лесно се врзува за хемоглобинот, бидејќи има 200 пати поголема способност за врзување за хемоглобинот од кислородот. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава 98 проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки. Бидејќи при консумацијата не согорува, туку го загрева тутунот, овој уред не произведува ни катран, туку аеросолен остаток. Овој остаток содржи значително пониски нивоа на штетни состојки, додека активните пушачи по долгогодишниот стаж во организмот можат да имаат дури 500 грама наталожен катран.

Што се случуива со вашето тело ако со години наутро пиете кафе

Кафето се прави од пржени зрна од одредени билни видови. Степенот на нивното печење влијае врз јачината на напивката. Притоа, зборуваме за шолја кафе направено во апарат за кафе или сварено, домашно кафе без додавање млеко. Инстант-кафето не се зема предвид, бидејќи неговата јачина е пониска од зрнестото кафе, ароматично е во него се губат сите корисни супстанции.

Ова мора да го знаете за кафето:

Негативни ефекти

Непожелно е да пиете кафе на празен желудник, бидејќи кафето предизвикува синтеза на хормонот холецистокинин, кој го поттикнува варењето. А ако желудникот е празен, тогаш нема што да свари, а како резултат на тоа, постои ризик од жиговина и симптоми на гастритис.

Кафето има тенденција да ја зголемува киселоста во желудникот, крвниот притисок и да го нарушува сонот.

Конзервансите во кафето негативно влијаат врз метаболизмот и предизвикуваат развој на целулит.

Закрепнувачкиот ефект на кафето дава ефикасност еден час по испивањето на напивката. Но по уште еден час, можно е да почувствувате поспаност.

Кафето не се препорачува за жени за време на бременост и доење. Кофеинот преминува во плацентата, предизвикувајќи намалување на железото и други минерали во мајчиното млеко.

Кафето предизвикува зависност, а прекумерната консумација доведува до дехидратација.

Позитивни ефекти

Кафето содржи антиоксиданси кои ги отстрануваат слободните радикали од телото. Овие антиоксиданси се борат против малигни неоплазми, одредени срцеви патологии, дијабетес мелитус и паркинсонизам.

Кафето помага да се ослободите од главоболката така што ги шири крвните садови во мозокот.

Зошто не се препорачува да пиете кафе по утринското будење?

Хормонот кортизол што телото го синтетизира во текот на денот ни помага да се разбудиме наутро и да заспиеме навечер. Наутро, нивото на кортизол е највисоко, а со пиењето кафе во овој период, ја блокираме синтезата на овој хормон. По некое време, будењето ќе ни биде сè потешко. До производство на кортизол доаѓа во 6 до 9 часот, а максимум се јавува од 8 до 9 часот, па оптимално време за шолја кафе е 10 часот или по ручек.

Што се случува ако престанете да пиете кафе?

Телото побрзо ќе ги апсорбира витамините!

Кофеинот го уништува витаминот Б, ја намалува концентрацијата во телото на минералите, како железо, калциум, цинк и слично. Само 1 шолја кафе ја одложува апсорпцијата на калциум за 3 часа. Освен тоа, кофеинот го измива минералот калциум од телото, па коскеното ткиво станува покревко.

Можете да изгубите тежина!

Кофеинот ја активира синтезата на кортизол и дејствува на надбубрежната функција. Надбубрежните жлезди работат заедно со тироидната жлезда, што влијае врз метаболизмот. Поради кафето, тој станува побавен.

Ќе ви се подобри имунолошкиот одговор!

Кофеинот е штетен за имунолошкиот систем (поради тироидната жлезда). А недоволната функција на тироидната жлезда доведува до слабеење на имунолошкиот систем.

Ќе заборавите на проблемите со црниот дроб!

Кафето е тешко сварливо. Црниот дроб ги произведува ензимите што го разградуваат и метаболизираат кафето.

Популарно