ВИДЕО: Купил куќа, а под неа ги нашол „вратите на пеколот “!

Италијанецот Гвидо, купил неверојатната куќа со шест кревети и две бањи во италијанскиот град Велетри, на околу 18 милји надвор од градот Рим, во октомври 2020 година.

Меѓутоа, додека уживал во неговата куќа во медитерански стил со маслинови дрвја, портокали, лимони и грејпфрут дрвја, винова лоза, дрво и многу земја, тој не ни претпоставувал дека вистинско изненадување се криело под неговиот нов дом.

Гвидо во една од просториите на имотот, нашол скали кои водат осум метри под земја. 

- Еден тунел води директно напред додека не заврши во една точка. Десно, продолжува околу 100 метри и завршува. Висина е околу 1,6 метри, потоа се спушта пет до шест метри надолу, па следи езерце. По езерцето, тунелот се отвора. Висок е околу 2,5 метри и широк три метри. Лево, повторно се продлабочува околу осум метри, по што продолжува под мојата куќа, вели новиот сопственик.

Некои од тунелите се срушени, па Гвидо решил да не ги истражува. Наместо тоа, купил дрон и со помош на летачкиот објект снимил дел од видеото. 

Откако разговарал со неколку негови соседи, дознал дека има повеќе тунели од таков вид во таа област, но повеќето локални жители не го споделиле неговиот ентузијазам во врска со откривање на нивното потекло.

- Некои велат дека се користени за време на Втората светска војна што е можно, но мора да бидат постари. Тие се буквално рачно градени со некои едноставни алатки од камен, што значи дека тие мора да се тука долго време. Еден дечко ми рече дека тие се од времето на Римјаните. Но, кој знае! 

Видеото Гвидо го постираше на Редит каде доби огромно внимание и повеќе од 6.000 коменатри. Еден од нив гласеше: „Дали никогаш не сте виделе филмови? Јасно е дека тие тунели водат до вратите на пеколот “.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно