Овие 3 навики ве спречуваат да ги намалите килограмите

На интернет можете да најдете милион содржини за тоа како можете да ги намалите килограмите. Штом ги прочитате тие совети, често мислите дека губењето на килограмите не е толку тежок предизвик. Но, често се лажете.

Ова се три навики кои ви се непријатели во борбата против килограмите:

Пиете кафе на почеток на денот

Освен ако не се будите многу рано пиејќи вода во текот на ноќта, голема е веројатноста дека наутро ќе се чувствувате дехидрирани. Тоа не само што предизвикува стрес во вашето тело, туку и ви ја одзема енергијата и го зголемува вашиот апетит, што не е добра вест доколку сакате да ослабете. Затоа, пред да направите утринско кафе или пак чај, испијте 2 чаши вода.

Не се занимавате со физичка активност

Во просек седиме околу 67 часа во текот на неделата. Благодарение на новиот бран на технологии и нови работни места, денес губиме 100 калории помалку отколку пред 50 години. Но, тоа не значи дека треба да дадете отказ за да ослабете. Дури и кога внимавате што јадете, физичката активност е неопходна за намалувањето на килограмите.

Слушате бавна музика

Ниту една физичка активност не е иста без музиката. Но, доколку сте љубители на побавни жанрови музика, вашата плејлиста може да биде многу помалку ефективна отколку песните и музиката  со бавен ритам. Според многу истражувања, музиката која е брза и содржи мотивациски изрази може да ве натера да се движите побрзо и потсвесно ве мотивира да станете од столче.

4 намирници кои не треба да ги јадете на празен стомак

Доколку понекогаш или честопати имате проблеми со желудникот и дигестијата, обидете се да одбегнувате консумирање на овие 4 намирници на празен стомак.

Сиров зеленчук

Сировиот зеленчук е здрав и богат со витамин и минерали. Сепак, тој не се препорачува за појадок бидејќи е вистински предизвик за вашата дигестија, особено кога го консумирате на гладно.

Јогурт

Ако имате чувствителен желудник, појадокот кој вклучува јогурт би можел да биде тежок за вас. Имено, јогуртот содржи здрави млечни бактерии кои, за жал, не стигнуваат до цревата бидејќи празниот желудник ги уништува со својата киселина. Што помага? Доволно е да изедете малку јаткасти плодови, парче авокадо или неколку лажички овесни снегулки за вашиот желудник да не биде празен.

Банана

Бананата на празен желудник го подигнува нивото на шеќер во крвта, но исто така тоа ниво многу брзо опаѓа. Како резултат на тоа може да дојде до нагол напад на глад во текот на денот.

Цитруси

Чаша свежо цеден сок од портокал? Звучи здраво, но на празен стомак може да предизвика желудочен рефлукс. Единствен исклучок е вода помешана со лимон бидејќи лимоновиот сок на тој начин е доволно разреден.

Овие се најздрави намирници кои би требало да ги консумираме секој ден

Сите многу добро знаеме колку е важна правилната исхрана за одржување на нашето здравје. Како што пренесува „EatingWell“, постојат одредени намирници кои треба да ги консумираме секојдневно за да му ги обезбедиме на телото сите потребни витамини, минерали и други хранливи материи кои нѝ се важни.

Со ова се согласува и регистрираната диететичарка Лиса Валенте, која одлучила да сподели 5 намирници за кои смета дека се најздрави на светот.

Бобинки

Бобинките се одличен извор на влакна, хранлива материја која повеќето луѓе не ја внесуваат доволно. Како што објаснува Валенте, влакната помагаат да го одржиме нашиот дигестивен систем здрав, да се чувствуваме сити и се добри за здравјето на срцето. Таа ги истакнува малините и боровинките како најздрави опции меѓу бобинките.

Јајца

Јајцата се, без сомнеж, една од најомилените и најпопуларните намирници. Можеме да ги јадеме како самостоен оброк, но често ги додаваме и во други јадења. Тие се одличен извор на протеини и антиоксиданси, објаснува диететичарката и додава дека треба да ги јадеме секој ден.

Сладок компир

Слаткиот компир е исто така една од најздравите намирници во светот, првенствено благодарение на големите количини на бета каротен и витамин А што ги содржи. Неговиот внес помага во одржувањето на здрави очи, коски и имунолошкиот систем на нашето тело, а студиите покажуваат дека еден сладок компир со средна големина обезбедува речиси 4 пати повеќе од препорачаната дневна вредност на витамин А, но и витамини Ц и Б6, калиум, манган, лутеин и зеаксантин.

Брокула

Оваа намирница содржи големи количини на витамините А, Ц и К, како и фолати, објаснува Валенте. Освен тоа, има уште една причина зошто брокулата често се наоѓа на листите на суперхрана. Имено, таа содржи голема количина на таканаречен сулфорафан, вид на изотиоцијанат за кој се верува дека го спречува ракот така што помага да се стимулираат телесните ензими за детоксикација.

Спанаќ

Валенте нагласува дека зелениот лиснат зеленчук добро влијае на нашето тело. Имено, спанаќот е богат со важни хранливи материи како што се витамините А, Ц и К, но и влакна, железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин Е. Истражувањата откриваат дека консумирањето на голема количина зелен лиснат зеленчук како спанаќот може да нѝ помогне при слабеење, да го намали ризикот од појава на дијабетес, да го одржи нашиот мозок млад и да нѝ помогне во борбата против рак.

Популарно