Денес се регистрирани 572 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19: 

• Скопје – 287

• Куманово – 58

• Кавадарци – 24

• Тетово и Кичево – по 21

• Велес – 19

• Гостивар – 15

• Прилеп – 14

• Битола, Кочани и Радовиш - по 11

• Струмица – 10

• Охрид и Струга – по 9

• Штип и Свети Николе – по 8

• Гевгелија – 7

• Неготино, Берово и Валандово – по 4

• Ресен и Пробиштип – по 3

• Виница и Кратово – по 2

• Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1

Регистрирани сe 694 оздравени пациенти од: 

• Скопје – 340

• Куманово – 63

• Струмица – 49

• Гостивар – 45

• Тетово – 44

• Дебар – 21

• Штип  - 19

• Радовиш – 18

• Кавадарци и Велес – по 14

• Гевгелија и Крива Паланка – по 11

• Неготино – 9

• Делчево – 7

• Кочани и Виница – по 5

• Кратово – 4

• Свети Николе и Валандово – по 3

• Кичево и Берово – по 2

• Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица - по 1

Пријавени се 30 починати лица: 10 починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и  Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г). Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови. 

Досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирање на Ковид-19.  Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно