10 златни правила како да не добиете инфаркт

Инфарктот не бира кој и кога ќе го погоди. Настанува нагло, без никакви знаци за предупредување, а многу често има и фатален исход. Поради тоа, кардиоваскуларните болести заземаат прво место во светот по бројот на заболени и починати.

Најпознатиот српски кардиолог, д-р Вишеслав Хаџи Тановиќ, вели дека срцевиот удар е најтешко кардиоваскуларно заболување, кое во 40 отсто од случаите завршува со смрт, пред пациентот да стигне до лекар.

За да ги намалиме ризиците од срцев удар мораме добро да ги запознаеме факторите на ризик кои доведуваат до него. Докторот ги соопшти десетте правила како да се заштитите од инфаркт:

1. Физичка активност

Секојдневно шетајте наутро и навечер по 45 минути. Важно е да усвоите навика прошетката да стане дел од вашиот живот.

2. Антистрес

Применете секојдневен антистрес програм кој вклучува слушање музика и читање книги, одење на театар и гледање филмови, а посебно комедии.

3. Посветете се себеси

Посветете си себе дневно по 25 минути. Поминете ги во мир, молчејќи, слушајќи музика. Бидете сами со себе.

4. Смејсте се

Смејте се кога имате можност за тоа. Смеењето го амортизира стресот и кога се смееме се лачат хормони на среќа.

5. Намалете го крвниот притисок

Регулирајте го крвниот притисок. Треба да биде понизок од 140/90. За почеток поченете со умерена физичка активност. Ако тоа не помогне, неопходни се лекови.

6. Холестеролот вратете го во нормала

Држете го холестеролот и триглицеридите кои ја прават вкупната маснотија во крвта под контрола.

7. Нека шеќерот биде под контрола

Држете го шеќерот под контрола и тоа под 6,1, затоа што тој ја забрзува атеросклерозата и до 10 пати.

8. Престанете да пушите

Ако сте пушач, престанете веднаш, а не утре, затоа што утре е секогаш лага.

9. Ослабете

Регулирајте ја вашата тежина, затоа што вишокот килограми го зголемува ризикот од срцев удар.

10. Сакајте некој

Среќата и љубовта делуваат позитивно, ослободуваат хормони, ендорфин. Бидете секогаш позитивни и со насмевка гледајте кон иднината. Нема да верувате колку погледот на животот влијае врз општата состојба на организмот.

Поради ова луѓето што престануваат со пушење се дебелеат

Сигурно сте забележале од лично или од туѓо искуство дека поголемиот број од луѓето ја зголемуваат нивната телесна тежина откако ќе ги остават цигарите.

Грчките научници потврдиле дека кај лицата кои неодамна престанале да пушат е потребно повеќе време да се намали нивото на грелин (односно хормонот на глад) во желудникот.

По оброкот, кога сме јаделе доволно, доаѓа до намалување на овој хормон и тогаш мозокот добива сигнал дека сме најадени.

Меѓутоа, доколку нивото на грелин останува покачен подолго време, подолго ќе јадеме и на тој начин ќе внесеме поголема количина на храна.

Токму поради ова откако ќе се престане со пушење се зголемува апетитот и со самото тоа дневното внесување на калории, поради што најчесто доаѓа до зголемување на телесната тежина.

Ослободете го вашето тело од собраните токсини, исфрлете го песокот и камењата од бубрезите

За подготовка на овој напиток ви се потребни само 2 состојки. Истражувањето покажало дека секоја 20-та личност пати од камен во бубрегот.

Кога поминува низ уринарниот тракт тоа може да биде многу болен процес. Меѓутоа, благодарение на само една намирница, од каменот во бубрег може да се ослободите за краток временски период.

Просото во медицината се користи одамна, а неговите дејства врз нашето тело се многубројни.

Просото е хранлива и здрава намирница која му годи на нашето тело. Што се однесува до каменот во бубрег, просото делува така што ги разградува камчињата, песокот и талогот во бубрезите. Исто така тој успешно ги чисти бубрезите од токсини.

За подготовка на овој напиток ќе ви бидат потребни следните работи:

- 200 грама просо;

- 2 литри вода;

- поголемо тенџере;

- стаклена тегла.

Подготовка:

Навечер измијте го просото во топла вода и оставете го така да отстои цела вечер, па следното утро просото ставете го во тенџере.

Загрејте 2 литри вода, па прелијте го просото. Затворете го тенџерето и оставете да отстои еден ден. Навечер процедете ја течноста и ставете ја во стаклена тегла, па затворете ја теглата.

Овој напиток пијте го секој ден (во временски период од 10 дена), најмалку една чаша дневно.

Храна од која ќе имате енергија во текот на целиот ден

Многумина од нас веднаш штом се разбудат сакаат да се расонат и да го зголемат нивото на енергија со кафе или чај. Меѓутоа, многу експерти не препорачуваат топли пијалаци наутро, туку денот да го започнете со чаша вода, па суво овошје, па по еден час може да следи и кафето.

За да имате постојано енергија мора редовно да јадете, тоа значи барем 5 мали и внимателно одбрани умерени оброци на ден. Ако се прејадете, брзо ќе почувствувате надуеност, непријатност во стомакот, па дури ќе се чувствувате поспани.

Нутриционистот Вибха Пури за PinkVilla наведе неколку намирници кои ќе ви помогнат во текот на целиот ден да бидете енергични.

Банани

Богат извор се на калиум, витамин Б6 и сложени јаглехидрати. Бананата може да послужи како гориво за тренинг или извор на енергија за вршење на секојдневните обврски. Освен витамин Б6, содржат и витамин Ц кој е силен антиоксиданс бидејќи ги штити клетките од слободните радикали. Исто така, воој витамин помага при апсорбиција на железото и во создавањето на колаген.

Може да јадете банани за појадок или како ужина пред тренинг.

Јајца

Белките се богати со протеини кои не одржуваат силни и активни во текот на денот.

„Јајцата во изобилие содржат аминокиселина наречена леуцин која помага во разградување на мастите за создавање константна енергија“, вели Пури.

Јаткасти плодови

Општо е познато дека јаткастите плодови се неверојатен извор на јаглехидрати, влакна и омега-3 масни киселини. Оревите, индиските ореви и бадемите се најдобар извор. Учествуваат во зголемувањето на нивото на енергија и го одржуваат човекот неуморен во текот на денот.

„Сите јаткасти плодови, кога се консумираат со кој било млечен производ, го зголемуваат нивото на енергија, задржувајќи ја во текот на денот“, објаснува Пури.

Риба

Масната риба е богат извор на омега масни киселини. Лососот и туната се најдобар извор. Богати се со витамин Б12 кој со фолната киселина делува на регулација на црвените крвни клетки и го подобрува железото.

„Подобри црвени крвни клетки значат подобра енергија и помалку умор“, додава Пури.

Популарно