Турското кафе сите го пиеме, но го подготвуваме погрешно

Има нешто посебно кај турското кафе. Иако можеби сè поретко се наоѓа во кафетериите, воглавно сите го пијат дома. Доколку сакате да го пиете турското кафе како луѓето во минатото, следете ги овие совети.

Пред сè, за добро турско кафе потребна ви е квалитетна мешавина, па немојте да штедите на тоа. Покрај тоа, малкумина знаат дека водата не треба да зоврие. Во ѓезвето се загрева водата до пред вриење, па се тргнува од ринглата.

Дел од водата се трга со филџан, а во останатиот дел се додава кафе (по една полна лажичка за секоја шолја).

Се промешува за да нема грутки, па ѓезвето се враќа на оган. Кога кафето ќе нарасне, повторно се трга од оган и се додава водата што ја истуривте на почетокот. Ѓезвето повторно се враќа на оган и се остава да зоврие.

Тргнете го ѓезвето од оган, почекајте неколку секунди и додајте лажичка студена вода. Тогаш кафето е подготвено за служење.

Ова се некои од најчестите грешки што ги правите додека подготвувате кафе:

  • Пречестото мешање го убива вкусот.
  • Доколку кафето се подигне неколку пати, се уништува пената и се губи вкусот.
  • Мешањето на свареното кафе ќе го измени неговиот вкус.
  • Доколку пиете благо кафе, најдобро е да го додадете шеќерот во водата додека е ладна. Односно, пред да го ставите и сварите кафето.

Поради ова луѓето што престануваат со пушење се дебелеат

Сигурно сте забележале од лично или од туѓо искуство дека поголемиот број од луѓето ја зголемуваат нивната телесна тежина откако ќе ги остават цигарите.

Грчките научници потврдиле дека кај лицата кои неодамна престанале да пушат е потребно повеќе време да се намали нивото на грелин (односно хормонот на глад) во желудникот.

По оброкот, кога сме јаделе доволно, доаѓа до намалување на овој хормон и тогаш мозокот добива сигнал дека сме најадени.

Меѓутоа, доколку нивото на грелин останува покачен подолго време, подолго ќе јадеме и на тој начин ќе внесеме поголема количина на храна.

Токму поради ова откако ќе се престане со пушење се зголемува апетитот и со самото тоа дневното внесување на калории, поради што најчесто доаѓа до зголемување на телесната тежина.

Ослободете го вашето тело од собраните токсини, исфрлете го песокот и камењата од бубрезите

За подготовка на овој напиток ви се потребни само 2 состојки. Истражувањето покажало дека секоја 20-та личност пати од камен во бубрегот.

Кога поминува низ уринарниот тракт тоа може да биде многу болен процес. Меѓутоа, благодарение на само една намирница, од каменот во бубрег може да се ослободите за краток временски период.

Просото во медицината се користи одамна, а неговите дејства врз нашето тело се многубројни.

Просото е хранлива и здрава намирница која му годи на нашето тело. Што се однесува до каменот во бубрег, просото делува така што ги разградува камчињата, песокот и талогот во бубрезите. Исто така тој успешно ги чисти бубрезите од токсини.

За подготовка на овој напиток ќе ви бидат потребни следните работи:

- 200 грама просо;

- 2 литри вода;

- поголемо тенџере;

- стаклена тегла.

Подготовка:

Навечер измијте го просото во топла вода и оставете го така да отстои цела вечер, па следното утро просото ставете го во тенџере.

Загрејте 2 литри вода, па прелијте го просото. Затворете го тенџерето и оставете да отстои еден ден. Навечер процедете ја течноста и ставете ја во стаклена тегла, па затворете ја теглата.

Овој напиток пијте го секој ден (во временски период од 10 дена), најмалку една чаша дневно.

Храна од која ќе имате енергија во текот на целиот ден

Многумина од нас веднаш штом се разбудат сакаат да се расонат и да го зголемат нивото на енергија со кафе или чај. Меѓутоа, многу експерти не препорачуваат топли пијалаци наутро, туку денот да го започнете со чаша вода, па суво овошје, па по еден час може да следи и кафето.

За да имате постојано енергија мора редовно да јадете, тоа значи барем 5 мали и внимателно одбрани умерени оброци на ден. Ако се прејадете, брзо ќе почувствувате надуеност, непријатност во стомакот, па дури ќе се чувствувате поспани.

Нутриционистот Вибха Пури за PinkVilla наведе неколку намирници кои ќе ви помогнат во текот на целиот ден да бидете енергични.

Банани

Богат извор се на калиум, витамин Б6 и сложени јаглехидрати. Бананата може да послужи како гориво за тренинг или извор на енергија за вршење на секојдневните обврски. Освен витамин Б6, содржат и витамин Ц кој е силен антиоксиданс бидејќи ги штити клетките од слободните радикали. Исто така, воој витамин помага при апсорбиција на железото и во создавањето на колаген.

Може да јадете банани за појадок или како ужина пред тренинг.

Јајца

Белките се богати со протеини кои не одржуваат силни и активни во текот на денот.

„Јајцата во изобилие содржат аминокиселина наречена леуцин која помага во разградување на мастите за создавање константна енергија“, вели Пури.

Јаткасти плодови

Општо е познато дека јаткастите плодови се неверојатен извор на јаглехидрати, влакна и омега-3 масни киселини. Оревите, индиските ореви и бадемите се најдобар извор. Учествуваат во зголемувањето на нивото на енергија и го одржуваат човекот неуморен во текот на денот.

„Сите јаткасти плодови, кога се консумираат со кој било млечен производ, го зголемуваат нивото на енергија, задржувајќи ја во текот на денот“, објаснува Пури.

Риба

Масната риба е богат извор на омега масни киселини. Лососот и туната се најдобар извор. Богати се со витамин Б12 кој со фолната киселина делува на регулација на црвените крвни клетки и го подобрува железото.

„Подобри црвени крвни клетки значат подобра енергија и помалку умор“, додава Пури.

Популарно