Поради ова луѓето што престануваат со пушење се дебелеат

Сигурно сте забележале од лично или од туѓо искуство дека поголемиот број од луѓето ја зголемуваат нивната телесна тежина откако ќе ги остават цигарите.

Грчките научници потврдиле дека кај лицата кои неодамна престанале да пушат е потребно повеќе време да се намали нивото на грелин (односно хормонот на глад) во желудникот.

По оброкот, кога сме јаделе доволно, доаѓа до намалување на овој хормон и тогаш мозокот добива сигнал дека сме најадени.

Меѓутоа, доколку нивото на грелин останува покачен подолго време, подолго ќе јадеме и на тој начин ќе внесеме поголема количина на храна.

Токму поради ова откако ќе се престане со пушење се зголемува апетитот и со самото тоа дневното внесување на калории, поради што најчесто доаѓа до зголемување на телесната тежина.

Ако сте ги имале овие симптоми, најверојатно сте претрпеле тивок мозочен удар

Веројатно мислите дека мозочниот удар е закана само за старите луѓе, но лекарите велат дека тоа може секому да му се случи. Еве што треба да знаете за раните знаци, дури и кога сте млади.

Оштетен, заматен или губење на видот

Почетокот на мозочниот удар може да предизвика губење на видот на едното или двете очи. 44% од луѓето кои доживеале мозочен удар велат дека губењето на видот е силен симптом.

Ненадејна главоболка и вртоглавица

Според Дејвид Њуман од Универзитетот за неврологија, вртоглавицата е силен знак за мозочен удар кај жените помлади од 45 години. Ако го почувствувате ова, побарајте медицинска помош.

Неповрзан јазик

Најраниот знак за мозочен удар е кога ќе почнете да зборувате неповрзано. Може да почнете да зборувате како во делириум и да ја изгубите способноста за зборување, што доведува до збунетост.

Ненадејно слабеење на екстремитетите

Ненадејно чувство на слабост или олабавеност на раката или ногата може да биде силен знак за мозочен удар. Ова може да доведе до парализа или колапс. Во повеќето случаи, парализата е поврзана со мозокот кој страда од мозочен удар. Најдобро е да ги истегнете рацете со дланките нагоре 10 секунди и ако ви падне едната рака, тогаш ќе се покаже знак на мускулна слабост.

Болка на едната страна од лицето

Болката не е вообичаен симптом на мозочен удар, меѓутоа, доколку почувствувате ненадејна болка во екстремитетите или особено на едната страна од лицето, тогаш знакот е очигледен.

Главоболки и мигрена

Акутната главоболка е чест показател за мозочен удар. Истражувањата покажаа дека меѓу 588 волонтери кои доживеале силна главоболка со мозочен удар, мнозинството биле млади луѓе со мигрена. Исто така, се покажа дека ова ги погодува жените почесто отколку мажите. Ако го почувствувате овој симптом, треба да направите магнетна резонанца.

Слабеење на лицето

Ако вашето лице е полупарализирано, ова е екстремен показател дека може да имате мозочен удар.

Исцрпеност

Студиите исто така покажаа дека кај засегнатите луѓе, жените покажуваат повеќе знаци на замор, збунетост, дезориентација и исцрпеност. Ова е уште еден показател за мозочен удар.

Икање

Овој предупредувачки знак ги погодува главно жените и може да доведе до ненадејно постојано икање. Ова се должи на мозочен удар кој го напаѓа респираторниот центар во мозокот.

Недостаток на здив и тремор

Кога имате мозочен удар, може да почувствувате ненадејно губење на воздухот и тешкотии при дишењето. Ова укажува на срцева аритмија поради недостаток на кислород.

Иако е доминантно кај жените, ова е уште еден показател што не треба да се игнорира. За да избегнете мозочен удар, важно е да водите здрав живот, да се вклучите во редовни активности и да се одморите. Намалете го алкохолот и тежината. Треба веднаш да се откажете од пушењето.

Ова е најдобриот лек за болно срце

Овој лек за срце помага брзо, закрепнувајќи го организмот на брз начин.

Сите знаеме дека правилното функционирање на срцето е многу важно, зошто од него главно зависи здравјето на човекот. Многу од болестите, настануваат како резултат на несоодветна функција на срцевиот систем, што е уште еден индикатор дека треба да му посветуваме посебно внимание.

Имено, тоа го направила монахињата Хилдегард фон Бинген во 13-ти век. Таа измислила неверојатен рецепт, чудо од лекарство за срцето. Со години овој лек успеале да го сочуваат, но не е заборавен до ден денес.

Во прилог го споделуваме рецептот:

Ставете во еден голем сад 10 пресни стебла магдонос, но без корен, залијте ги со еден литар домашно вино (црвено или бело). Додадете 2 супени лажици вински оцет и се заедно оставете да зоврие 10 минути. Потоа, додадете 300 грама пчеларски мед и варете уште 4 минути.

Откако ќе направите се од горенаведеното, процедете ја напивката. Тоа треба да го направите уште веднаш, додека е топла. Ставете ја во шише, кое пред тоа сте го дезинфицирале кое е наједноставно со некој силен алкохол.

По една чаша навечер пред спиење ќе овозможи на телото да ги регенерира оштетувањата кај крвните садови и да го подобри работењето на срцето.

Благодарение на оваа лековита напивка за срцето, се подобрува имунолошкиот систем, кој е главниот штит од доста болести. Докажано е дека доколку човек го конзумира неколку пати во годината, речиси е невозможно да добие срцев удар.

Можеби вакцината против Ковид-19 ќе треба да се дава секоја година?

Дополнителната, засилувачка доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, е мислењето на претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, кое го истакна во интервју за весниците на германската медиумска група „Функе“.

Засилувачката доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот систем. Но, не знаеме точно колку долго ќе трае пандемијата. Можеби вакцината треба да се дава секоја година – рече докторот.

Монтгомери го поддржа воведувањето зелени сертификати за вакцинација со рок на важност што ќе истече во одреден момент доколку граѓанинот навреме не изврши ревакцинација.

Првите вакцини против коронавирусот беа направени лани во декември во Германија, а граѓаните кои ги добија вакцините се уште имаат валидни потврди. Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го идентификуваше новиот сој Б.1.1.529, пронајден во Јужна Африка, и го именува со грчката буква омикрон. СЗО во соопштението кажува дека оваа варијанта на коронавирусот „има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“.

Популарно