Лимонот е супер намирница - погледнете како можете да го искористите

Лимонот, сосема оправдано, може да ја понесе титулата супер намирница. Овој кисел плод вообичаено се консумира со чај во текот на зимските месеци како извор на витамин Ц и во текот на летото за освежувачка лимонада.

Еве како можете да го искористите лимонот:

1. Го чисти организмот

Чаша топла вода помешана со сок од лимон, наутро на празен желудник, делува како голем чистач на вашето тело. Лимонот е диуретик кој ги исфрла токсините од телото и го зајакнува имунолошкиот систем.

2. Против стареење

Водата во комбинација со сок од лимон го намалува производството на слободни радикали кои што се одговорни за стареење и оштетување на кожата. Пијте вода со лимон, бидејќи содржи антиоксиданси кои ќе ви помогнат за да го задржите младешкиот изглед.

3. Ги одржува јаболката свежи

Излупете ги и исецкајте на кришки јаболката и посипете ги со лимонов сок. Сокот од лимон ќе ги одржи јаболките свежи и ќе спречи да станат кафени.

4. Освежувач

Лимонот е совршена природна состојка со која што може да го освежите домот. Промешајте сок од лимон, рузмарин и ванила и ќе добиете совршен освежувач за вашиот дом.

5. Го подобрува процесот на варење

Сокот од лимон има слична структура како и желудечната киселина. Освен тоа, сокот од лимон помага во поттикнувањето на ослободување на желудечните сокови. Сето ова влијае на варењето и помага против надуеност.

4 навики за доручекот кои мора да ги промените

Здравиот појадок е одлична работа – ве тера да слабеете, подолго ве држи сити и благодарение на него сте полни со енергија. Но, сето тоа важи доколку знаете што да јадете!

Консумирајте протеини

Она што се случува во вашето тело кога сте гладни е тоа што лачи грелин, кој е хормон на гладот, па затоа е добро да земате храна која е полна со протеини, на пр. јогурт, органски путер од кикирики, јаткасти плодови…

Зеленчукот е важен

Зеленчукот има многу придобивки за вашиот организам, а една од нив е тоа што помага во работата на цревата, па затоа секогаш во појадокот додавајте малку зеленчук, на пример спанаќ, кромид…

Вклучете ја маста

Нешто што ќе биде многу пријатно за вашето тело е да додадете здрави масти во вашата исхрана, кои ги има на пример во бадем, кокосово масло, авокадо итн. Сепак, внимавајте со овие намирници и не претерувајте!

Наместо слатки, јадете нешто солено

Доколку досега сте консумирале благо за појадок, во вид на снегулки и сл. тогаш обидете се да ја промените таа навика. Подобро би било да јадете нешто конкретно и солено, бидејќи преку храната ќе внесете доволно енергија во организмот, а патем и ќе го одржите шеќерот во крвта на добро ниво.

Еден симптом покажува дека веројатно сте прележале омикрон а тоа не сте го знаеле

Многу од луѓето по прележување на омикрон сојот пријавуваат еден проблем.

Омикрон сојот се пренесува најбрзо од сите досегашни соеви, па многу од државите ширум светот рушат врвни рекорди во бројките на новозаразени.

Симптомите на инфекцијата со овој сој, главно потсетуваат на симптомите на класичен грип и за среќа клиничките слики главно се полесни, а има и многу асимптоматски случаи.

Токму тие луѓе кои немале или имале благи симптоми не ни знаеле дека прележале омикрон сој, доколку еден симптом кој најчесто се појавува по прележување на инфекцијата не се појавил, а тоа е опаѓање на косата.

Имено, студијата „Хакенсан“ од Универзитетот во медицинскиот центар во Њу Џерси покажала дека токму тој проблем најчесто се појавува како последица на прележан омикрон сој, а зголеменото опаѓање на косата се појавува главно меѓу неколку седмици и три месеци по прележување на болеста.

„Поминав шест дена во болница поради коронавирусот, а неколку седмици потоа отидов дома, а косата почна да ми опаѓа во прамени. Беше ужасно“, вели Паула Дијаз, една од пациентките која се соочила со тој проблем. Британскиот институт за трихологија вели дека постојат и некои глобални истражувања кои се занимаваат со врската меѓу Ковид-19 и опаѓањето на косата.

„На пример во тие истражувања од училиштата за медицина при Универзитетот во Индијана се потврдило дека речиси третина од 1.500 учесници пријавиле опаѓање на коса како еден од долгорочните симптоми на Ковид-19“, велат од Институтот за трихологија.

Експертите велат дека постојат две главни причини зошто косата опаѓа по прележан Ковид. Првата причина е кога реакцијата на телото на вирусот ќе стане преактивна и ќе предизвика воспаление, иако личноста би требало веќе да закрепне од коронавирусот.

Втората причина е стресот затоа што е познато дека Ковид-19 предизвикува стрес, но и дека тој се поврзува со опаѓањето на косата.

Оваа храна е опасна по здравјето ако ја јадете секој ден

Рускиот диететичар и нутриционист Андреј Бобровски открива што ќе се случи со телото доколку секој ден јадете сирење.

„Постојат многу различни видови сирење што содржат многу масти и не е пожелно да ги јадете секој ден“, вели Андреј Бобровски, професор на медицинскиот факултет во Санкт Петербург.

Премногу сирење може да доведе до развој на атеросклероза (болест на затнати артерии), хипертензија и други кардиоваскуларни болести, како и до уролитијаза (појава на камен во празнините на уролошките органи), објаснил тој.

Сирењето не е производ за секојдневна консумација, бидејќи содржи многу калории, а освен тоа, содржи лоши масти и лош холестерол.

Составот на многу видови сирење вклучува и голема количина на сол, која исто така претставува закана за телото, додал тој. Ако не сте подготвени да го исклучите овој производ од вашата секојдневна исхрана, би требало да ја ограничите неговата употреба.

„Во умерени количини, сирењето е корисно и го зајакнува имунитетот. Тоа е млечен производ, богат со комплетни протеини и аминокиселини. Придонесува за доброто функционирање на целиот организам, а покрај тоа, сирењето е вреден извор на калциум и витамин Б. Истовремено, витаминот Б12 што се наоѓа во производот го прави особено корисен во зима“, рекол нутриционистот.

Популарно