(Видео) Се поголема драма, срби ја нападнаа Амбасадата на Австралија – со тениски топчиња

Како што објавија белградските медиуми, Србите не бираат средства како да го искажат својот револт откако на Ѓоковиќ му беше забрането да влезе во Австралија и покрај тоа што на аеродромот во државата Викторија приложил документ дека не смее да прими вакцина против коронавирусот.

Поддршка за Новак Ѓоковиќ пристигнува од сите страни на светот, но очигледно, најжестоко на неправдата со којашто се соочува тенисерот во Австралија реагираат фановите од неговата родна земја Србија.

Имено, неколку навивачи на Ѓоковиќ вечерва се собраа пред австралиската амбасада во Белград и започнаа да ја гаѓаат зградата со тениски топчиња.

Како што објавија белградските медиуми, Србите не бираат средства како да го искажат својот револт откако на Ѓоковиќ му беше забрането да влезе во Австралија и покрај тоа што на аеродромот во државата Викторија приложил документ дека не смее да прими вакцина против коронавирусот.

Тој беше одбиен од австралиските власти и во моментов се наоѓа во хотел „Парк“, кој претставува прифатилиште за баратели на азил.

Возачот немал ниту алкохол, ниту други наркотични средстваво крвта

Возачот на автобусот Д.К. од Србија, кој синоќа имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, на автопатот Тракија, му е одредена мерка задржување од 24 часа, соопшти утрово бугарската полиција.

Иако синоќа се појави информација дека на возачот му е ампутирана ногата, министерот за здравство Златибор Лончар денеска демантираше и појасни дека се работи за еден од родителите на децата.

Како што дознава Курир.рс, семејството на возачот Д.К. се уште нема точни детали како дошло до несреќата, се уште се во шок од целата ситуација, но она што можеа да ни го потврдат е дека ногата не му е ампутирана како што првично беше соопштено.

Возачот наводно се здобил со полесни повреди и според се уште неофицијални информации има скршеница на раката. Синоќа му биле тестирани алкохол и дрога, но двата резултати биле негативни.

МВР соопшти дека причина за несреќата е или човечка грешка или технички проблем.

Истражителите сметаат дека возачот на автобусот поради некоја причина изгубил концентрација, поради што автобусот излетал од патот и завршил во канал.

Осум деца и четворица возрасни се повредени кога српски автобус падна во канал и се преврте на автопатот кон Софија во Бугарија.

Најголем дел од повредените се деца, кои, како што потврди, претежно се членови на фолклорниот ансамбл ЈУ-ЛИРА од Батајница.

Децата се враќаа од фестивалот во Несебар, а со нив беа и нивните родители.

Причината за несреќата се уште не е позната, но според сведочењето на патничка, автобусот го напуштил патот во моментот кога возачот се наведнал да го спушти совозачкото седиште, за да може родител со болно дете да седне на тоа.

8 годишно девојче се заглавило во автомобил додека си играло, починало од топлотен удар

Осум годишно девојче почина во напуштен автомобил на нејзиниот дедо во местото Чаландри кај Атина, откако доживеала топлотен удар.

Девојчето било пронајдено без свест од жителите на ромскиот камп, кој се наоѓал во близина. Малото девојче си играло кога од засега непознати причини се заглавило во автомобилот и доживеало топлотен удар.

Девојчето било пренесено во болницата „Гениматас“, каде била констатирана смрт.

Полициските службеници од Одделението за обезбедување кои го истражуваат случајот ги привеле таткото и мајката на девојчето на возраст од 29 и 27 години поради „смртоносно изложување на малолетник“.

Лекарите проценуваат дека 8-годишното девојче починало од топлотен удар, а дополнително е побарана и обдукција

Видео: Во Бугарија се преврте автобус со деца од Србија, најмалку 10 повредени

Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца,излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек при што има повредени.

На местото на настанот пристигнале возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила. Според првичните информации најмалку десет лица се повредени.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар, јавија српски медиуми.

Популарно