Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Бубрезите се витален дел од човечкото тело бидејќи тие се одговорни за чистење на токсините во него. Затоа, стручњаците препорачуваат да се избегнуваат пет специфични намирници за да се одржи нормалната работа на бубрезите.

Премногу сол е штетна за срцето. Иако солта, за разлика од додадениот шеќер, е неопходна за здраво функционирање на организмот бидејќи учествува во повеќе процеси, прекумерното консумирање сол може да го оптовари срцето, поради диуретичното дејство. Се препорачува умерен внос на сол.

И црвеното месо треба да се јаде не повеќе од 2-3 пати неделно. Камењата во бубрезите се една од компликациите кои можат да настанат како резултат на претерување со црвено месо.

Вештачките засладувачи како замена за шеќерот може да доведе до разни компликации, особено за бубрезите. Затоа, најдобро е целосно да се избегнуваат преработени слатки.

Намалувањето на алкохолот е добро и за бубрезите и за црниот дроб. Тоа има бројни придобивки за човечкото тело.

Кафето, иако е еден од најпопуларните напитоци во светот, има и своја темна страна – кофеинот е „отров“ кој се филтрира преку бубрезите. Ако имате семејна историја на бубрежни заболувања, исклучително е битно да избегнувате кафе.

Еден симптом покажува дека веројатно сте прележале омикрон а тоа не сте го знаеле

Многу од луѓето по прележување на омикрон сојот пријавуваат еден проблем.

Омикрон сојот се пренесува најбрзо од сите досегашни соеви, па многу од државите ширум светот рушат врвни рекорди во бројките на новозаразени.

Симптомите на инфекцијата со овој сој, главно потсетуваат на симптомите на класичен грип и за среќа клиничките слики главно се полесни, а има и многу асимптоматски случаи.

Токму тие луѓе кои немале или имале благи симптоми не ни знаеле дека прележале омикрон сој, доколку еден симптом кој најчесто се појавува по прележување на инфекцијата не се појавил, а тоа е опаѓање на косата.

Имено, студијата „Хакенсан“ од Универзитетот во медицинскиот центар во Њу Џерси покажала дека токму тој проблем најчесто се појавува како последица на прележан омикрон сој, а зголеменото опаѓање на косата се појавува главно меѓу неколку седмици и три месеци по прележување на болеста.

„Поминав шест дена во болница поради коронавирусот, а неколку седмици потоа отидов дома, а косата почна да ми опаѓа во прамени. Беше ужасно“, вели Паула Дијаз, една од пациентките која се соочила со тој проблем. Британскиот институт за трихологија вели дека постојат и некои глобални истражувања кои се занимаваат со врската меѓу Ковид-19 и опаѓањето на косата.

„На пример во тие истражувања од училиштата за медицина при Универзитетот во Индијана се потврдило дека речиси третина од 1.500 учесници пријавиле опаѓање на коса како еден од долгорочните симптоми на Ковид-19“, велат од Институтот за трихологија.

Експертите велат дека постојат две главни причини зошто косата опаѓа по прележан Ковид. Првата причина е кога реакцијата на телото на вирусот ќе стане преактивна и ќе предизвика воспаление, иако личноста би требало веќе да закрепне од коронавирусот.

Втората причина е стресот затоа што е познато дека Ковид-19 предизвикува стрес, но и дека тој се поврзува со опаѓањето на косата.

Оваа храна е опасна по здравјето ако ја јадете секој ден

Рускиот диететичар и нутриционист Андреј Бобровски открива што ќе се случи со телото доколку секој ден јадете сирење.

„Постојат многу различни видови сирење што содржат многу масти и не е пожелно да ги јадете секој ден“, вели Андреј Бобровски, професор на медицинскиот факултет во Санкт Петербург.

Премногу сирење може да доведе до развој на атеросклероза (болест на затнати артерии), хипертензија и други кардиоваскуларни болести, како и до уролитијаза (појава на камен во празнините на уролошките органи), објаснил тој.

Сирењето не е производ за секојдневна консумација, бидејќи содржи многу калории, а освен тоа, содржи лоши масти и лош холестерол.

Составот на многу видови сирење вклучува и голема количина на сол, која исто така претставува закана за телото, додал тој. Ако не сте подготвени да го исклучите овој производ од вашата секојдневна исхрана, би требало да ја ограничите неговата употреба.

„Во умерени количини, сирењето е корисно и го зајакнува имунитетот. Тоа е млечен производ, богат со комплетни протеини и аминокиселини. Придонесува за доброто функционирање на целиот организам, а покрај тоа, сирењето е вреден извор на калциум и витамин Б. Истовремено, витаминот Б12 што се наоѓа во производот го прави особено корисен во зима“, рекол нутриционистот.

Бананата е најлош избор за појадок

Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши. Покрај тоа, важно е и што јадеме кога станува збор за појадокот.

Иако бананата е омилен избор за многумина бидејќи е слатка, хранлива и одлично оди како додаток на житариците и овесните снегулки, нутриционистите сепак сметаат дека ова жолто тропско овошје не е најдобриот избор кога е во прашање појадокот.

Посочуваат дека бананите особено не се добри ако се јадат сами како прв оброк, бидејќи содржат дури 25 отсто шеќер и се умерено кисела храна.

Нутриционистите советуваат денот да го започнете со појадок кој согорува маснотии, но и кој ќе ви даде доволно енергија и ќе ве засити до следниот оброк. Бананите навистина даваат енергија, но на краток рок, бидејќи повторно ќе почнете да се чувствувате уморни и гладни. Тие се подобар избор за ужина отколку за оброк, бидејќи сами по себе не се доволни за да го започнете денот полни со енергија.

Бананите спаѓаат во групата на кисели намирници, објаснуваат нутриционистите, а таа киселина треба да се неутрализира за да се извлече најдоброто од бананите – калиум, влакна и магнезиум, а не шеќер, кој предизвикува само краток излив на енергија.

Нивниот совет е да ги комбинирате бананите со храна полна со здрави масти како авокадо или зачини.

Популарно