Теоријата на Ајнштајн за среќа ќе ви го смени гледиштето кон животот

Алберт Ајнштајн бил извонреден научник и голем ум, но не бил надарен само за физика и во пронајдоците кои го менуваа човештвото, туку знаел и како да ја напише својата „теорија за среќа“.

Според приказните, Ајнштајн ја запишал таа негова теорија на хотелска сметка за да се заблагодари за гостопримливоста.

Toj запишал само две реченици, но толку биле моќни што навистина можат да послужат како апсолутна „теорија на среќа“ низ животот.

„Мирниот и скромен живот носи повеќе среќа отколку желба за успех во комбинација со постојаната грижа“, напишал Ајнштајн.

На вториот лист хартија тој ја оставил оваа порака: „Каде што има волја има и начин“.

И двата лисја хартија подоцна биле продадени на аукција за голема сума на пари, но секој добил можност да открие и да ги кристи насоките на Ајнштајн за среќен живот.

Будистите категорично се противат на т.н. „менталитет на вечните патници“, односно постојаното преминување на денешните препреки за утрешен успех.

Животот во овој случај личи на вечно возење со метро до станиците на кои фантазираме дека постои среќата.

Древниот римски филозоф Сенека, го изразил тоа остварување пишувајќи дека „најголемата препрека во животот е чекањето“.

Неговите зборови јасно ни порачуваат – иднината е непозната. Живеј сега! Втората реченица има уште поголемо значење поради тоа што ни открива дека во секој човек постои потенцијал да го направи тоа што го сака.

Дури и кога изгледа дека не постои решение, дека препреките се преголеми и дека исполнувањето на целта е предалеку, Ајнштајн нè потсетува – „Каде што има волја, има и начин“.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

Иако веќе неколку години се зборува да се прекине со оваа пракса на поместување на времето сепак таквите најави не се остварија и затоа летното сметање на времето почнува од вечерва поточно од 2 часот по полноќ.

Тогаш стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како од 03:00 часот.

Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што тогаш со поместување за еден час наназад, времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.

Популарно