Црното кафе може да помогне при слабеење

Иако кафето најчесто се користи за подигнување на нивото на енергија, хранливите материи што ги содржи може да помогнат при губење тежина… Исто така, може да го подобри и варењето, го поттикнува метаболизмот, мускулната функција и корисно е за здравјето на срцето.

На светско ниво, луѓето консумираат преку 160 милиони пакетчиња кафе годишно, а новите истражувања покажуваат дека напитокот може да помогне и во слабеење.

– Кафето, кога се консумира во умерени количини и без премногу додадени засладувачи, може да поттикне губење тежина и да биде корисно за Вашето целокупно здравје, изјави Ешли Шо, регистрирана нутриционистка, за „Инсајдер“.

Истражувањата покажаа дека учесниците кои пиеле различни дози кафе во текот на два месеци имале повисоки метаболити – производ на метаболизмот. Повисокиот или побрз метаболизам ќе овозможи согорување повеќе калории при одмор или за време на физичка активност, што може да помогне при губење на тежината. 

Ако сакате рамен стомак,ова се најздравите појадоци

Појадокот е најважен оброк во денот. По добар ноќен сон или, особено – по пост, на телото му требаат хранливи материи и енергија што му се неотпходни за да функционира нормално.

Здравиот појадок може да помогне да се избегнат грицките пред ручекот, како и за подобра концентрација. Општо земено, луѓето кои не го прескокнуваат појадокот имаат подобри навики во исхраната, што помага во контрола на тежината и ја намалува опасноста од дијабетес и срцеви заболувања. Следат шест здрави намирници коишто треба да ги вклучите во редовната исхрана.

Јајца

Тие се богати со протеини и се нискокалорични, па помагаат за ситост подолго време, како и за стабилно ниво шеќер крвта. Јајцата содржат и антиоксиданси лутеин и зеаксантин, што помагаат во спречување на нарушувања на видот. Тие се добри и за срцето, бидејќи го регулираат холестеролот.

Чија семе

Овие семиња се одличен извор на влакна. Ја апсорбираат водата, па го зголемуваат волуменот храна што се движи низ дигестивниот тракт и на тој начин го одржуваат чувството на ситост. Високата содржина на антиоксиданси, исто така, ги штити клетките од оштетување од слободните радикали.

Чија семето може да се комбинира со бобинки, протеин од сурутка и бадемово млеко – како „смути“. Може, исто така, семките да се посипат на сендвич, тост или во овесна каша.

Бобинки

Боровинките, јагодите, малините, капинките – сите бобинки се одличен извор на антиоксиданти коишто се борат против повеќе болести, нискокалорични се и богати со влакна. Тие ги намалуваат воспаленијата, спречуваат оксидација на холестеролот во крвта и ги одржуваат здрави клетките што ги обложуваат крвните садови.

Може да се јадат со житарки, овесна каша или јогурт, или да се додадат во „смути“ – како дополнителна енергија за денот.

Јаткасти плодови

Како заситена храна којашто може да ја намали опасноста од срцеви заболувања и го контролира нивото шеќер во крвта, сите видови јатки се богати со магнезиум, калиум и мононезаситени масти здрави за срцето. Додавањето неколку лажички сецкани ореви во јогурт, урда или овесна каша може да додаде крцкавост и да ја зголеми хранливата вредност на појадокот.

Банани

Тие се одлични за потиснување на гладот ​​бидејќи содржат скроб што телото не може лесно и брзо да го свари. Наместо тоа, тој патува низ телото непроменет, а со тоа го поддржува здравјето на цревата. Незрелите банани содржат поотпорен скроб од зрелите банани, коишто имаат повеќе природни шеќери.

Овесни снегулки

Овесната каша содржи сложени јагленохидрати и влакна што го одржуваат шеќерот во крвта. Додавањето овошје богато со хранливи материи и јаткасти плодови богати со протеини може да ја направи овесната каша пообилен, заситен и хранлив, а здрав појадок

4 намирници кои најчесто предизвикуваат труење

Секоја храна може да предизвика труење, но има озлогласени намирници кои носат поголем ризик од труење. Со други зборови, тие често содржат штетни микроби кои можат сериозно да ве разболат.

Добро познат факт е дека сировата храна од животинско потекло е меѓу најризичните намирници кога станува збор за труење со храна. Тие вклучуваат недоволно варено месо, сурови или меко варени јајца, непастеризирано (сурово) млеко и сурови школки.

Се разбира, овошјето и зеленчукот исто така можат да бидат контаминирани, но шансите се многу помали.

Исто така, важно е да се забележи дека секоја храна може да биде контаминирана, дури и ако тоа не мора да ве разболи.

Ова се намирниците кои најчесто предизвикуваат труење со храна и како да го избегнете тоа.

Месото

Суровото или недоволно варено месо содржи бактерии кампилобактер понекогаш салмонела, клостридиум перфрингенс и други бактерии. Таму може да се најдат и ешерихија и јерсиниа, па затоа се советува да се измие месото пред подготовка за да се избегне пренесување на бактерии на работните површини и други прибор.

За да се ослободите од бактериите, важно е месото доволно термички да се обработи, но и да се чуваат остатоците во фрижидер најдоцна два часа по подготовката.

Овошје и зеленчук

Многу е важно да се јаде сирово овошје и зеленчук, во тој облик имаат најмногу хранлива вредност и здравствени придобивки, но можат да предизвикаат и труење со храна доколку ги содржат бактериите салмонела, ешерихија коли или листерија.

Токму затоа овошјето и зеленчукот треба добро да се измијат пред конзумирање.

Сурово млеко и млечни производи

Иако денес луѓето најмногу консумираат пастеризирано млеко, избегнувајте сирово млеко како и свежи сирења бидејќи може сериозно да се разболите. Овие намирници ги содржат штетните бактерии кампилобактер, клостридиум, ешерихија коли, листерија и салмонела.

Сето ова може да се избегне со готвење, односно термичка обработка на сурово млеко, што ги убива патогените.

Јајца

Целосно сварените јајца имаат цврсти белки и жолчки. Но, суровите јајца може да содржат салмонела, што може да ви предизвика сериозни проблеми.

За да го избегнете ова, држете се подалеку од сирови јајца, а ако правите сос кој содржи сурови јајца, секогаш можете да го промешувате на пареа за да ја намалите можноста за пренесување бактерии, пишува „Cookist“.

Истражување: И поблагите форми на коронавирусот можат да предизвикаат сериозни проблеми со срцето

Најновите истражувања сугерираат дека луѓето кои имале поблаг Ковид-19 можат да бидат подложни на срцеви заболувања.

„The Sun“ пренесува дека оние кои доживеале продолжена состојба на Ковид-19, пријавиле дека се борат со симптоми како што се силен замор, болки во мускулите, отежнато дишење и губење на чувството за мирис и вкус.

Сепак, најновите истражувања укажуваат на опасни срцеви заболувања кои можат да се појават после прележан коронавирус.

Проблемите со срце се појавуваат и кај пациентите кои имале поблага форма на вирусот.

Доктор Зијад Ал Али, епидемиолог од Универзитетот во Вашинготн, вели дека заболените од Ковид-19 имаат зголемен ризик од појава на срцеви заболувања.

„Се разви длабока последователна врска помеѓу Ковид-19 и срцевите заболувања, дури и кај оние кои имале блага форма на инфекцијата“, истакнува Али.

Истражувањето објавено од Канцеларијата за национална статистика покажува дека е зголемен бројот на смртни случаи поради проблеми со срцето. Забележано е зголемување на смртните случаи поради срцеви аритмии, главно кај популацијата над 80-годишна возраст.

Популарно