Ни доаѓа големиот празник Водици, не е доволно да земете света вода

Богојавление е ден кога според преданието, божјиот глас објавил дека Исус е негов син и се верува дека во очи овој празник на полноќ се исполнуваат сите желби.

Бројни верници на Богојавление одат во црква по света вода со која домашните потоа ќе измијат, но за да осветената вода навистина биде делотворна, пред и после земање на водата, потребно е да се помолите.

Обичај е на овој ден ништо да не се работи по дома, да не се пере облека, а ткаењето задолжително треба да се изостави. Никако не треба да се мисли лошо, ниту пак некому да се посака зло. На овој ден не е задолжително да се пости.

Од временските прилики за Богојавление зависи какво време не` очекува. Се верувало дека ако за Богојавление има мраз или паѓа снег, година ќе биде родна, а ако биде ведро, годината ќе биде сушна.

Почнува Богородичниот пост

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица.

Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август).

Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност, Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо.

Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето. Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите.

Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава

Денеска е Огнена Марија: Заштитничка на жените која пали и казнува со оган, ова никако не треба да го правите

Светата великомаченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 (според други на 16 годишна возраст) по свирепо мачење ѝ била отсечена главата, околу 270 година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Исус Христос и ја прифатиле неговата вера кога на небото виделе знак додека била мачена светата великомаченица Марина.

За спомен на нејзините страдања Светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30/17 јули. Во народот е позната како Огнена Марија и е господарка на оганот, но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари.

Како што може да се види во народното верување сиве овие три дена се поврзани со оган. Името на Кирик во некои краишта според дијалектниот говор е блиско до чурук-чуруци (народен назив на овој празник), во Антиноген, исто така, имаме асоцијација на оган, а и светата великомаченица Марина народот ја вика Огнена Марија.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со огин и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци. Обичај е да на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.

И не случајно овие три дена во народниот календар и во народното сфаќање одат заедно, под едно име Горештици (од горештина ‒ многу топло) или Чуруци (од чур, чад-оган), бидејќи и во народното верување бројот три има посебно значајно место.

Во Велес се верувало дека „Чуруци фчурујат, запалујат куќите на тија што работат на тој ден, од тоа секого го стра да фане работа. Калајџиите празнуат тој ден за „чурец“. Во Охрид како што запишал Е. Спространов Света Марена ја држеле за да не стануваат бури. „Та ја пала – и креват снопојте и полоѕите. Ко да фатет ветришча, грмежи, дождој – да чуват Господ је“. Е. Спространов уште го забележал преданието дека „Света Марена била жива. Манастирот и се наоѓал во Лʼнга. Еднуш еден Турчин је го украл стреброто и го продал на еден кувенџија. Кувенџијата го стопил и се спалајл. Тога ошол во манастирот пред Света Марена и је се молел. Ко да се молел по кротко, та се смејела; а ко да се бијал пак, ко да плачел и таја плачела од жалба. Фенерлија је Света Марена и иконата нејзина је фенерлија“.

Во Гевгелиско, празникот Св. Марена (Огнена Марија) го сметале за лесен празник, но сепак, сметале дека на овој ден не треба да се работи. Повеќе го празнувале жените зашто го сметале за женски празник.

Празникот на св. Марена (Огнена Марија) како селски празник се празнува во селото Зубовце, Гостиварско.

поред преданието некогаш кога фатила голема суша испукала земјата во полето. Кога сушата се заканувала со уништување на родот во полето чудотворната Огнена Марија го донесла дождот и подарила богат род. „И оттогаш во чест на светицата се држел еднонеделен строг пост со верба, со надеж и со очекување годината да биде сончева и врнежлива – плодна и бериќетна.“

Спроти празникот жените оделе во црквата „Света Марија“, каде што носеле лепче-проскурник (проскура), варена пченица и шише ракија. На денот на празникот и мажите и жените оделе во црквата на свечена утринска богослужба. Тука се осветувале панаѓиите што ги носеле некои семесјства, кои потоа се кршеле и се делеле меѓу присутните. Нафора (мали парлиња леб) се носеле дома и за здравје се давале на членовите од семејството коишто не биле во црквата на утринската литургија. По ручекот сите оделе на средселото на оро, а веселбата продолжувала до вечерните часови. На овој ден се правеле и по неколку свадби. По извесен прекин на празнувањето, поради атеистичкиот режим по Втората светска војна, последните години тоа повторно е обновено. Во црквата се носат панаѓии, се кршат на мали парчиња, а двајца што ќе ги најдат паричките се кумови за следниот празник. Кумовите со пијалок и мезе ги честат сите што присуствуваат на утринската литургија.

И Ефрем Каранов запишал верување од Кратовско дека „Горешници се празнуват три дни и зафаќат на Свети Кирик и Јулита на крајот на јули. Тие се од оган: кој не ги празнува Горешници, ќе му изгоре нешто преку годината.“

Интересно предание за оваа светица забележал и К. Шапкарев. Тој сведочи дека таа го уловила ѓаволот за коси и го тепала по главата со чекан, а на тој ден 17 јули селаните ниту жнијат, ниту вршат во чест на светицата која ја сметаат за претставителка и покровителка на жетвата и воопшто на сеидбата како грчката Деметра и бугарската Жива.

Шапкарев запишал предание и за некој што не сакал да го почитува споменот и да празнува и ги принудил селаните жетвари ‒ момоци да жнијат во тој ден. И ете, не по многу се запалила сетвата сама од себе, а истовремено ги повеал селаните силен ветар, та не само што непожнеаната сетва изгорела сама, туку и веќе пожнеаната и собраната на крстици, ставици, снопови и полози.

Господарот на нивата, кој присуствувал на уништувачката на целата сетва, смајосан од неочекуваното чудо земал од се срце да се моли на св. Марена да му прости и да го угаси пожарот, при што викал: „Прости Св. Марено! Ти палиш, ти гасниш Св. Марено!“ Оттогај веќе на тој ден никогаш не жнеел.

Очигледно во најтоплиот период од годината, на празнувањето споменот на неколкумина свети великомаченици народот му посветил посебно внимание поврзувајќи го со оганот и со потребата за заштита од пожарите што во овој период од годината не се ретки.

Денеска е Св. апостол Акила

По род Акила бил Евреин. Во првиот век живеел во Рим заедно со жена си Прискила. Во времето на цезарот Клаудиј, како и сите останати Евреи, биле принудени да го напуштат градот, па се населуваат во Коринт.

Таму ќе се сретнат со апостолот Павле.

Поверувале во проповедта за Христа и станале блиски соработници на апостолот Павле. Тој неколку пати ги спомнува во своите посланија. Подоцна се враќаат во Рим, па заминуваат за Ефес…

Според преданието Акила, како еден од 70-те апостоли, го проповедал христијанството во многу краишта, а земниот живот го завршил маченички, убиен од незнабошците.

Популарно