Овошка број 1 против холестерол, притисок и мозочен удар

Според научните истражувања, урмите се вистинска суперхрана што го штити телото од кардиоваскуларни болести!

Нејзините здравствени придобивки се многу големи, а ова се најважните осум:

1. Пребогати се со железо. Урмите се одличен извор на овој важен минерал и токму поради тоа им се препорачуваат на трудници, деца и на луѓе што страдаат од анемија.

2. Спречуваат дијареја. Урмите се богати со калиум, кој ја олеснува работата на цревата и го стимулира развојот на добрите бактерии.

3. Спречуваат констипација. Освен што спречува дијареја, урмите го решаваат и проблемот со констипација.

4. Ја чуваат витата линија. Ако сакате да спречите насобирање на масни наслаги, обидете се секој ден да јадете неколку урми на празен стомак. Но внимавајте да не претерате со урмите – преполни се со шеќер.

5. Го регулираат холестеролот. Урмите докажано го стабилизираат нивото на лошиот холестерол, така што ги прочистуваат крвните садови и имаат моќ да спречат формирање згрутчувања.

6. Го зајакнуваат срцето. Редовното консумирање урми ја спречува појавата на атеросклероза, главниот причинител на срцев удар.

7. Го регулираат крвниот притисок. Ако страдате од хипертензија, слободно можете да јадете урми, бидејќи не содржат натриум, а богати се со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 мг магнезиум, кој е многу важен за здравиот крвоток.

8. Спречуваат мозочен удар. Благодарените на калиумот што го содржат, урмите можат да спречат мозочен удар доколку ги консумирате редовно.

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

На сите им е јасно дека е неопходно да се оди на редовни контроли, но има и тест кој можете да го пробате дома, а кој ќе ви ја открие состојбата на срцевото здравје.

Овој едноставен трик ќе ви помогне да добиете идеја како функционира вашето срце и ќе ви го покаже здравјето на срцето за само 30 секунди.

Како се прави тестот?

Прв чекор

Земете голем сад во кој може да ги ставите двете дланки и наполнете го со ладна вода. За подобри резултати, додадете малку мраз.

Втор чекор

Ставете ги рацете во садот и држете ги точно 30 секунди. Ова ќе ви помогне да дознаете како крвта ќе реагира кога ќе дојде во контакт со ледената вода.

Резултат

Ако сте направиле сè како што треба, сега е време да ја проверите состојбата на вашето срце. Ова се двата можни резултати:

1. Прстите се црвени

Ако прстите ви се црвени, ова е добар резултат. Тоа значи дека немате проблеми поврзани со оксигенација во крвта. Срцето и циркулацијата на крвта ви се во ред.

2. Прстите станале бледи или модри

Доколку прстите ви станале бледи или помодриле, постои можност да имате проблеми со циркулацијата на крвта. Ова се случува затоа што има ниско ниво на кислород во вашите крвни зрнца или затоа што имате проблем со пренесување на кислород преку крвотокот до срцето, што може да укажува на проблеми со кардиоваскуларниот систем.

Во овој случај, можете да се обидете да го загреете или масирате пределот на рацете за да ја вратите нормалната боја. Ако тоа не се случи брзо, задолжително посетете лекар. Особено ако за време на тестот почувствувате отежнато дишење, болка во главата или градите, потење, вкочанетост во рамената, нозете, рацете, прстите или петите, вртоглавица, ова е знак дека треба итно да направите преглед.

Еве кои се симптомите на оваа честа и упорна болест-целијакија

Од целијакија боледува околу 1 отсто од општата популација. Меѓутоа, поради често неспецифичните и понекогаш отсутни симптоми, многу пациенти не знаат дека боледуваат од целијакија, дури 90 отсто од нив, велат проценките.

Што е целијакија?

Целијакија е сериозна автоимуна болест која се јавува кај генетски предиспонирани луѓе, кога внесувањето на глутен доведува до оштетувања во тенкото црево. Се проценува дека погодува 1 од 100 луѓе ширум светот, но само околу 10 отсто се правилно дијагностицирани.

Кога луѓето со целијакија јадат глутен (протеин кој се наоѓа во пченицата, ‘ржот и јачменот), нивното тело започнува имунолошки одговор кој го напаѓа тенкото црево. Овие напади доведуваат до оштетувања на ресичките кои го обложуваат тенкото црево и кои поттикнуваат апсорпција на хранливите материи. Кога ресичките ќе се оштетат, хранливите материи не успеваат правилно да се апсорбираат во телото.

Целијакијата е наследна болест, што значи дека се јавува во семејствата. Луѓето со родина од прв степен кој боледува од целијакија (родител, дете, брат и сестра) имаат 1 од 10 ризик да развијат целијачна болест.

Болеста може да се развие во било која возраст откако луѓето ќе започнат да консумираат глутен. Ако не се лекува, целијакијата може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Покрај симптомите кои вклучуваат дијареја, губење на тежината, хронична болка во стомакот, грчеви и надуеност, како и хронична констипација и абнормално ниво на ензимите во црниот дроб, целијакијата може да предизвика и анемија, раздразливост, артритис и хроничен умор.

Пилешка салата со зачински билки која може да биде и цел оброк

Состојки:

  • 200 гр пилешко филе
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици сечкани билки (босилек, мајчина душица, оригано)
  • 2 свежи домати
  • 2 млади кромидчиња
  • 5-6 листови рокула
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 лажица оцет
  • сол, бибер

Подготовка:

Прелив: Измешајте една лажица маслиново масло, оцетот, ситно сечканиот лук и билки. На загреаното преостанато маслиново масло пропржете го посоленото пилешко додека не порумени.

Исечете го месото на коцки. Додадете домати исечени на кришки, млад кромид исечен на прстени и рукола исечена на помали парчиња. Истурете го преливот, додадете бибер и сол по вкус и измешајте. Одозгора посипете сечкан магдонос.

Популарно