Новите препораки на СЗО многумина изненадија

СЗО препорачува укинување или ублажување на меѓународната забрана за сообраќај, наведувајќи ја како причина неефикасноста од тие мерки за сузбивање на ширењето на омикрон сојот на коронавирусот.

Здравствена агенција на ОН неодамна ги ажурирала своите препораки за меѓународните здравствени прописи во текот на состанокот на комитетот за итни случаи во средата.

Вклучени се препораки за „укинување или ублажување на меѓународните забрани за сообраќај затоа што тие не даваат дополнителна вредност и продолжуваат да придонесуваат за економскиот и социјалниот стрес во некои земји“.

Спроведувањето на општите забрани за патување „не е ефикасно во сузбивањето на меѓународното ширење“ и „може да го обесхрабри транспарентното и брзо известување за новонастанатите варијанти кои можеби се загрижувачки“, се наведува во соопштението од агенцијата, наведува „Гардијан“.

„Неуспехот од ограничувањата на патувањата воведени по откривањето и пријавувањето на омикрон варијантата за да се ограничи меѓународното ширење на истиот, покажува неефикасност на таквите мерки во изминатиот период“, се наведува во соопштението.

СЗО реагираше на одлуката на повеќе земји да ограничат или забранат летови од жариштата на омикрон сојот и навела и дека некои од нив треба повторно да ги разгледуваат приспособувањата на мерките како што се тестирање и карантин кои претставуваат финансиски товар на патниците.

СЗО исто така изјавила дека барањето за давање доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања можеби не е потребно како „единствен пат или услов“ кој дозволува меѓународни патувања.

„Не барајте доказ за вакцинација против Ковид-19 за меѓународни патувања како единствен пат или услов кој дозволува меѓународни патувања со оглед на ограничен глобален пристап и неправедна дистрибуција на вакцини против Ковид-19. Државите челници треба да разгледаат пристап заснован за ризик за да ги олеснат меѓународните патувања за укинување или модифицирање на мерката, како што се барањата за тестирање или карантин, како поприкладни во состав со насоките на СЗО“, се наведува во соопштението.

Доколку имате над 40 години овој зачин треба да биде вашиот најдобар пријател

Овој моќен зачин ќе го намали чувството на глад, но исто така ќе придонесе во тоа вашиот метаболизам да работи како што треба.

Иако промените во организмот со текот на годините се нормална појава, постои едноставен начин да ја подобрите состојбата на организмот.

Кај жените по 40-та година од животот метаболизмот забавува, па така килограмите многу полесно се зголемуваат. Експертите тврдат дека само еден зачин е доволен за да се направи голема промена.

Буковецот содржи капсаицин, материја која го поттикнува забрзувањето на метаболизмот, а доволно е само прстофат од овој зачин за да се постигне ефектот.

Го забрзува метаболизмот

Докажано е дека капсицинот ја зголемува телесната температура и ги забрзува процесите на варење и губење на маснотии. Храната богата со белковини (пилешко месо, риба) побрзо се вари кога во неа ќе се додаде барем малку буковец. Руските доктори тврдат дека редовното консумирање лута храна во мали количини го забавува и стареењето, но го јакне и имунитетот.

Го намалува чувството на глад

Докажано е дека капсацинот може да го намали чувството на глад што значи дека помалку ќе јадете во текот на денот.

Го намалува крвниот притисок

Бројни истражувања покажале дека капсицинот го намалува и нивото на крвниот притисок.

Го подобрува варењето на храната

Буковецот може да го подобри здравјето на системот за варење на храна, а тоа го намалува ризикот од настанување на канцер на желудникот.

Овој раствор е инфузија за цвеќињата

Главната компонента за нега на цвеќињата и растенијата е навременото и правилно ѓубрење. Меѓутоа, на билките им треба и внимание и љубов како и редовни третмани кои ќе им помогнат да бидат раскошни и убави.

Покрај органските додатоци за собни растенија кои можат да се најдат во сите земјоделски аптеки, подеднакво корисни за билките можат да бидат и домашните раствори, а ние денеска ви претставуваме рецепт за еден раствор кој го користат сите искусни цвеќари.

Дали сте знаеле дека аспиринот, освен што се користи за медицински цели, може да го поттикне растот на билките и да им помогне да се регенерираат? Аспиринот содржи салицилна киселина која помага билката да расте и е корисен за сите растенија, без разлика дали ги одгледувате во двор или во саксии.

Сè што ви е потребно за овој раствор е една таблета аспирин и еден литар дестилирана вода.

Начин на подготовка:

Издробете ја таблетата и ставете ја во дестилираната вода, а потоа мешајте сè додека не се растопи. Со ваквиот раствор може да се залеваат или да се прскаат билките, а за најдобри резултати правете го тоа еднаш неделно.

Еве како делува овој раствор на растенијата:

  • делува на развојот на коренот
  • со редовна употреба, цвеќето станува побујно
  • аспиринот може да спречи производство на етилен кој е најчеста причина за овенување на цвеќињата
  • аспиринот е одличен и за букети – во вазната додајте една издробена таблета аспирин и цвеќето ќе остане свежо подолго време

Оваа намирница е главен виновник за дебелината

Лебот е храна без која многу луѓе не можат да живеат и секогаш се консумирала најмногу. Сепак, негативните аспекти на конзумирање леб на телото се многубројни.

Освен што е една од најчестите намирници поврзани со дебелина, постојат и други здравствени проблеми предизвикани од јадење премногу леб.

Покажа дека луѓето кои јадат две или повеќе порции бел леб на ден имаат поголем ризик од дебелина отколку оние кои јадат една порција бел леб.

Го зголемува гладот

Обидот да го измамите гладот ​​со леб само ќе го зголеми вашиот глад со текот на времето. Повеќето видови леб се преработени, што значи дека содржат многу малку или воопшто не содржат хранливи материи. Затоа, кога го јадеме, нашето тело всушност не препознава никакво чувство на ситост. Сепак, телото ќе препознае шеќер во крвта и ќе додаде повеќе инсулин, сето тоа предизвикува уште поголем глад.

Честа болка во стомакот

Меѓу видовите леб со голем дел од влакна, се продаваат и оние на кои им се додадени влакна, како што се инулин и бета-глукан. И кога ќе ги консумирате во прекумерни количини, ќе се појави надуеност и гасови.

Предијабетес

Консумирањето премногу леб доведува до нездраво ниво на шеќер во крвта. Ова особено се однесува на високо рафинираниот леб, кој го купуваме во продавници и пекари. Ова го зголемува нивото на воспаление во телото, што предизвикува предијабетес, што е предупредувачки знак дека е зголемен ризикот од развој на дијабетес.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок може да биде резултат на премногу внес на леб. Лебот и разните пекарски производи, според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, се два главни извори на натриум, хранлива материја за која се знае дека го зголемува крвниот притисок. Дури и мала количина леб може да го зголеми ризикот од хипертензија.

Популарно