Разгледај ги најновите слободни работни места во: СТОКОМАК, ЦЕРМАТ, VAN HOOL и многу други

Ако имате план за ново вработување или пак прегледувате огласи за вработување и размислувате за промена на вашата професија KARIERA.mk е вистинското место каде може да најдете нови отворени работни места кои се актуелни во моментот.

ПАВ МОТИВИ во моментов за потребите на своите клиенти, е во потрага по:

АСИСТЕНТ ЗА Е-ТРГОВИЈА

РЕГРУТЕР

Стокомак е ланец на на дисконти кој работи по концептот хард-дисконт. Поради тоа асортиманот мора да биде прилагоден, а производите секогаш свежи и достапни со најдобар квалитет и најповолни цени.Поради проширување и отварање на нови работни позиции во секторот на ПРАВНО ОДДЕЛЕНИЕ, СТОКОМАК вработува ПРАВЕН АСИСТЕНТ.

Новиот лидер на пазарот на поштенските услуги, најголемата интернационална специјализирана компанија за достава во Република Македонија- Hello Post , има потреба од проширување на тимот на позицијата:  

КУРИР 

ВОЗАЧ СО Ц КАТЕГОРИЈА 

МАГАЦИОНЕР 

АДМИНИСТРАТОР ГЕВГЕЛИЈА

ДОСТАВУВАЧ ПРИЛЕП 

ДОСТАВУВАЧ - ГЕВГЕЛИЈА 

ДОСТАВУВАЧ - СТРУМИЦА

ДОСТАВУВАЧ

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 400 вработени. Во моментов го проширува тимот со нови колеги на следниве работни позиции:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ВЕЛЕС

ПРОЕКТ МЕНАЏЕР (BUSINESS-TO-BUSINESS)

ХИГИЕНИЧАР/КА

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Axapta Masters е компанија за ИТ развој и консултантски услуги фокусирана на остриот крај на дизајнирање, управување и испорака на Microsoft Dynamics AX и CRM имплементации, развој, поддршка и услуги за надградба. Работејќи со многу клиенти од ЕУ и САД, стана лидер во Македонија за поддршка на Microsoft Dynamics системите. Во моментов има отворени работни позиции:

SOFTWARE DEVELOPER  INTERNSHIP 

 BUSINESS ANALYST 

 PROJECT MANAGER

SUPPORT SPECIALIST

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија. Погледни ги сите отворени работни позиции ТУКА.

COMPASS MANAGEMENT INTERNATIONAL вработува во КУМАНОВО  CUSTOMER SERVICE COORDINATOR и INSIDE SALES REPRESENTATIVE 

Цермат ДОО поради зголемен обем на работа има потреба од ангажирање на високомотивирани кандидати за следните работни позиции. Види ги сите ТУКА. 

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на работа вработува на следниве работни позиции. Разгледај ги сите ТУКА.

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следните работни позиции: 

ЛАБОРАТОРИСКИ ТЕХНИЧАР 

ФАРМАЦЕВТ

МИКРОБИОЛОГ

САМОСТОЕН АНАЛИТИЧАР ВО КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

CITY CONNECT специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали вработува 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ СО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИКСПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК , СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ СО ШВАЈЦАРСКИ ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК , СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 24 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. Тинекс вработува:

ТЕХНОЛОГ ЗА МЕСО

МАГАЦИОНЕР ВО ПОГОН ЗА МЕСО 

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ КОСМО 

РЕСТОРАН DAILY ШАНКЕРИ И КЕЛНЕРИ

Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот на вработени. 

DATABASE DEVELOPER (SQL SERVER)

ОПЕРАТОР НА CNC МАШИНА

ОПЕРАТОР НА МАШИНА ЗА КРОЕЊЕ НА ПЛОЧЕСТ МАТЕРИЈАЛ

Погледни ги сите огласи на KARIERA.mk

Баланс меѓу работа и живот: Кога можете да побарате скратено работно време?

Во брзиот свет во кој живееме, балансирањето помеѓу професионалните обврски и личниот живот станува сè поважно. Скратеното работно време е еден од начините како вработените можат да го постигнат овој баланс - а тоа не е само добробит за работниците, туку и за општеството во целина.

Кога имате право на скратено работно време?

Во Македонија, правото на скратено работно време е регулирано со Законот за работни односи. Вработениот има право да побара скратено работно време во следниве ситуации:

  • Трудничко или породилно отсуство (и по неговото завршување, заради продолжување на грижа за детето).
  • Родител на дете до 3-годишна возраст или дете со посебни потреби.
  • Лица со утврдена инвалидност или хронична болест, ако тоа го препорачува лекар.
  • Грижа за болен член на потесното семејство, според лекарски доказ.

Секое барање мора да биде поткрепено со соодветна документација, а работодавачот е должен да го разгледа и да даде одговор во законски рок.

Кои се бенефитите од скратеното работно време?

За вработените:

  • Подобро ментално здравје - Помалку работни часови значат повеќе време за одмор, семејство, пријатели и хобија.
  • Зголемена продуктивност - Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат пократко, често се поефикасни во работното време.
  • Поддршка за родители - Мајките и татковците имаат реална можност да бидат повеќе присутни во животот на своите деца.
  • Поголема флексибилност - Работниците можат полесно да менаџираат приватни обврски (на пр. лекари, училишни активности и сл.)

За работодавачите:

  • Повисока лојалност од вработените - Кога компанијата покажува разбирање, вработените се помотивирани.
  • Помал отсутен кадар - Скратеното работно време често резултира со помалку боледувања и стрес.
  • Позитивен имиџ на пазарот на труд - Компаниите кои нудат флексибилност се попривлечни за нови таленти.

За општеството:

  • Поддршка за семејства и раѓање деца - Младите семејства полесно се одлучуваат на потомство кога имаат реална поддршка.
  • Инклузија на ранливи групи - Лица со здравствени предизвици полесно остануваат или се враќаат на работа.
  • Намалување на иселувањето - Со подобри работни услови, граѓаните имаат повеќе причини да останат и да придонесуваат дома.

Како да побарате скратено работно време?

  • Проверете дали спаѓате во некоја од законски утврдените категории.
  • Соберете ја потребната документација (на пр. лекарско мислење, извод од матична книга на родени итн.)
  • Поднесете барање до работодавачот во писмена форма.
  • Чекајте одговор од работодавачот, кој е должен да одговори во разумен рок.

Скратеното работно време не е само привилегија тоа е алатка за подобар живот. Со негова примена, се гради порамнотежено општество во кое човекот не е само работна сила, туку и родител, граѓанин и поединец со лични потреби. Со повеќе поддршка и информираност, и работниците и работодавачите во Македонија можат да добијат не губејќи продуктивност, туку градејќи стабилност.

Се уште не можете да ја пронајдете вашата идеална кариера, прочитајте и за: Водич за избор на професија според вашите вештини и интереси

Како си поминавме на Brainster Job Fair?

Со задоволство учествувавме на второто издание на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair – настан кој не само што го исполни просторот со ентузијазам, туку и со надеж за нови почетоци. 💯

Веднаш се почувствува возбудата кај посетителите: безброј млади и талентирани кандидати, полни со идеи и мотивација, кои се подготвени да направат храбар чекор напред во својата професионална приказна. 🤩

Разговаравме со нив за нивните размислувања околу пазарот на труд, за праксите и можностите кои ги гледаат за себе – а ние, како KARIERA.mk, со задоволство споделивме совети и насоки за тоа како да ја пронајдат вистинската можност и како ние можеме да им помогнеме на тој пат.

Посебно ни беше драго што на саемот се сретнавме со голем број наши соработници и реномирани компании кои, исто како и ние, беа таму со истата мисија – да отворат врати за нови таленти и да ја збогатат професионалната сцена со свежа енергија и нови перспективи. 👏

Голема благодарност до Brainster за одличната организација и за тоа што повторно создадовте платформа за поврзување, инспирација и раст. 💌

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и новите прилики да бидеме таму каде што младите таленти го прават првиот чекор во својата кариера. 🚀

Марш за одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза

Одбележување на Светскиот ден на мултипла склероза

"Мобилност Скопје" со целосна поддршка од "Мобилност Македонија", десетта година по ред го организира настанот за одбележување на светскиот ден на мултиплекс склероза заедно со ограноците на Параплегија, Дистрофија и за прв пат Детска парализа. Ова одбележување цели кон подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, брза интеграција на лицата атакувани од нив во општеството, поуспешна информираност за правата и обврските како и развивање на социолошката компонента за добробит на заедницата.

Целта на маршот беше да се подигне свеста за специфичните потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија на овие луѓе.

Прочитајте ја цела вест на Kanal5.com.mk

Популарно