Научниците открија што се случува по една недела апстиненција од социјалните мрежи

Избегнувањето на социјалните мрежи за само една недела може да донесе значајни предности во подобрување на менталното здравје и намалување на депресијата и анксиозноста, потврдија сознанијата од новата научна студија.

Научниците од Универзитетот во Бат ги проучувале резултатите од таква апстиненција од социјалните мнрежи кај испитаници на возраст од 18 до 27 години. За оваа студија, испитаниците се замоленио да престанат да користат социјални мрежи во текит на една недела и потоа да продолжат со користење на вообичаениот начин.

За некои учесници во експериментот, тоа значело дополнителни девет часа слободно време неделно кои вообичано ги поминувале скролајќи на Инстаграм, Фејсбук, Твитер и на ТикТок.

Анализата покажала дека општата придобивка на оние што зеле еднонеделен одмор од социјалните мрежи се искачила од просечните 46 на 55.93 на Warwick-Edinburg скалата за ментална благосостојба. Степенот на депресија во оваа група паднал од 7.46 на 4.84, додека анксиозноста паднала од 6.92 на 5.94 на скалата.

„Знаеме дека употребата на социјалните мрежи е толку сеприсутна што многумина од нас тоа го прават речиси без размислување. Знаеме и дека постои загриженот околу влијанието на социјалните медиуми на менталното здравје, па со оваа студија сакавме да видиме како тие делуваат на менталното здравје на луѓето кога би зеле пауза од само една недела“ – истакнува д-р Џеф Ламберт, предводник на научниот тим што го спроведе ова истражување.

„Многу од нашите учесници во истражувањето известија за позитивни реакции по исклучувањето од социјалните мрежи, од подобрување на расположението и воопшто помалку тешкотии.Тоа сугерира дека дури и мала пауза може да има многу позитивно влијание“ – додава д-р Ламберт.

Ова истражување е спроведено како продолжение на претходните неколку студии реализирани во САД и во В.Британија кои ги поврзуваат социјалните мрежи со зголеменото ниво на депресија и анксиозност кај луѓето.

Во овие намирници има повеќе сол отколку чипсот!

Кујнската сол содржи јод, кој се смета за неопходен елемент за одржување на различни функции во организмот, но …

И покрај тоа што кујнската сол содржи јод, кој се смета за неопходен елемент за одржување на различни функции во организмот, добро е познато дека прекумерното внесување сол во организмот не е здраво.

Премногу сол во секојдневната исхрана може да биде причина за болести на срцето, белите дробови и бубрезите, а покрај тоа, многу сол предизвикува задржување на водата, што се манифестира како надуеност, зголемување на телесната тежина или отеченост.

Сепак, тоа не нѐ спречува да продолжиме да консумираме големи количини сол преку солена храна како што е чипсот до навидум „здрава“ храна која содржи во големи количини, кои не ги сметаме за толку солени.

На изненадување на многумина, овие три намирници содржат многу повеќе сол од една кеса чипс и треба да го намалат нивното конзумирање:

Сирење со малку маснотии

Само половина чаша од ова сирење содржи дури 270 милиграми сол. Приближно половина чаша е количината што ја внесуваме за време на еден оброк. Со други зборови, невозможно е да не се претера со внесувањето на премногу сол во организмот доколку јадете сирење со малку маснотии.

Пченка и овесна каша

Пченката и овесната каша се омилен појадок за многумина, кои речиси никогаш не ги поврзуваме со сол. Но, имајте на ум при изборот на овие намирници дека некои житарки имаат повеќе натриум во себе отколку чипсот. На пример, една чаша корнфлекс содржи 270 милиграми натриум, што е 12 проценти од препорачаната дневна доза.

Интегрален леб

Во зависност од видот, едно парче интегрален леб содржи помеѓу 100 и 200 милиграми сол. Со други зборови, со консумирање само две кришки леб дневно, ќе внесете повеќе сол во организмот отколку со една кесичка чипс.

Овој чај ќе ви помогне ако имате мигрена

Чајот од лаванда делува како седатив, а им се препорачува на лицата кои имаат проблем со главоболки, анксиозност и несоница.

Подготвувањето на овој чај е едноставно, а во продолжение прочитајте повеќе за придобивките од неговото консумирање.

Мигренски главоболки – мирисот на лавандата делува како седатив и има смирувачки ефект. Чајот од лаванда може да помогне во излекувањето на мигренските главоболки затоа што помага за опуштање на крвните жили, малите мускули во вратот и околу очите.

Несоница и исцрпеност – шолја чај од лаванда пред спиење може да ви помогне полесно да заспиете затоа што лавандата го смирува нервниот систем и го намалува нивото на стрес.

Депресија и анксиозност – лавандата може да ги редуцира стресот и анксиозноста, како и да го подобри расположението. Исто така, лавандата ја поттикнува релаксацијата.

Со овој напиток ќе го намалите обемот во половината

Со помош на овој рецепт, многу жени успеале да го намалат обемот на половината за неверојатен 1 сантиметар на ден.

Оваа напивка го отстранува  вишокот масти и вода во организмот и истовремено го подобрува функционирањето на мозокот, видот и помнењето.

Потребни состојки:

1 лажичка мед

2 лажички јаболков оцет

1 шолја свежо цеден сок од грејпфрут

Подготвувањето на оваа напивка е многу едноставна. Сè што е потребно е да ги ставите сите состојки во блендер и да ги миксате додека не добиете хомогена смеса.

Оваа напивка би требало да ја консумирате секој ден пред главниот оброк, односно пред ручек или вечера во текот на една недела.

Потоа направете пауза од седум дена, па повторете го третманот.

Ако не го сакате сокот од грејпфрут, како замена можете да користите и сок од портокал.

Популарно