(Фото) Маја Беровиќ по долга пауза ги израдува фановите

Маја Беровиќ се повлече од медиумите откако се породи во февруари. Пејачката веќе не се огласува ниту на социјалните мрежи, што многумина ги збуни, а на обожавателите секако им недостигаат нејзините секојдневни објави.

Сепак, таа вчера после долго време објави нешто на Инстаграм каде позира со синот Лав.

-Среќен ден на мајките. Поздрав од капетанот на белиот брод, напиша Маја позирајќи со синот во раце кој неодоливо се смее и се радува.

Дара Бубамара претепала маж на аеродром

Според српските медиуми, фолк ѕвездата Дара Бубамара се степала со маж на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во средата, во 13 часот и 30 минути, пред да се качи на летот за Тиват!

-Додека чекавме ред за да се качиме во авионот, еден човек почна да вика на Дара: „Следниот пат пази како возиш да не и ја е*ам мртвата мајка!“ Очигледно двајцата се сретнале пред аеродром, изгледа Дара го „пресекла“ тој лик во сообраќајот, па полудел кога повторно ја сретнал, вели еден од очевидците.

Тие лоши зборови ја разлутија пејачката и таа почнака да го удира човекот кој бил речиси половина метар повисок од неа.

-Го удрила со тупаници, со чанта, го изгребела… Тој си го покрил лицето со рацете и не возвратил, вели очевидец и додава дека останатите патници скокнале да ги разделат.

-Полицијата набрзо пристигна, а Дара и тогаш не се смири. Рекла дека ќе го осакати доколку повторно го сретне бидејќи ја проколнал нејзината мртва мајка. И покрај тепачката таа се качи во авионот, а тој човек не го видовме, велат очевидци.

Пејачката ги потврди овие информации.

-Вистина е дека имало инцидент! Возев малку побрзо за да се качам на летот, бидејќи имав закажан настап во Црна Гора. Тој човек ме навреди без причина! Слаба сум на моите родители, кои веќе не се живи, и секогаш ќе скокам на секој што ќе ги допре моите најблиски, изјави Дара.

Сузана Манчиќ одговори за оваа неубава титула

Неколку помлади дами изминатиов период ја нарекуваат старлета и се поистоветуваат со неа, а сега Сузана Манчиќ се огласи по оваа “титула“.

-Сигурно не се класифицирам како старлета и тоа е навистина смешно. Мило ми е што ме повикува помладата генерација, но далеку сум од старлета, бидејќи имам многу училишта завршено, имам факултет, многу снимени саундтракови, многу разновидно телевизиско искуство, така што … Па, да не ги навредам, јас се насмеав, рече таа.

Сузана беше најпознатата „лото дама“, за нејзиниот успех се зборува и денес, а сега открива како изгледало кога ја добила поканата за таа работа.

(Фото) Вратоврската на Џони Деп крие моќна порака

Џони Деп повторно ја воодушеви српската јавност, а Милош Биковиќ на својата инстаграм приказна сподели фотографија и го објасни неверојатниот гест на познатиот холивудски актер.

„Скромен и полн со почит кон сите“ – напиша српскиот актер.

Имено, Џони Деп е во судница додека ја изнесува својата одбрана во случајот против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, а детаљ кој на многумина им падна во очи е вратоврската.

Носеше вратоврска од Србија, а ја доби кога беше во оваа земја за последен пат – тоа е мозаична збирка на храмот Свети Сава, односно мозаик како што напишал Милош Биковиќ во својата приказна.

Популарно