(Видео) Ковачевски со прст му се закани на Петков?

Медиумите пренесуваат видео кое сугерира дека меѓу нив двајцата се води нервозен разговор.

Покажувајќи со показалецот кон поранешниот бугарскиот премиер, македонскиот премиер Ковачевски како да му се закани во разговор на денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Медиумите пренесуваат видео кое сугерира дека меѓу нив двајцата се води нервозен разговор.

Самитот е во тек, а пред започнувањето Ковачевски одби да даде изјава за бугарските новинари. Наместо него, Еди Рама изјави дека „тие се срамота“, додека Вучиќ рече дека „не е сигурен дали ќе има решение за Македонија“.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ

Хаос во Србија: Во Белград фрлена бомба пред познат ресторан - Оштетени три автомобили

Хаос во Белград на улицата Нина Кирсанова во Ѕвездара непознато лице фрлило бомба.

Во експлозија оштетени се три паркирани автомобили во близина на ресторанот „Вртешка“.

Сеуште не е познатото дали ресторанот бил мета со оглед на тоа што бомбата не била фрлена во ресторанот, туку на улица.

За среќа нема повредени, а истрагата е во тек.

Тепачка во бугарското Собрание: Пратеници се плукаа, крвави лица, искршени очила

Пратениците собрале кворум за седница, а по читањето на декларацијата на Преродба дошло до судир. Дел од пратениците се собрале околу собраниската говорница каде што Цончо Ганев од Преродба го исплукал Јавор Божанков од ПП, пренесе БТВ

Тензична била атмосферата утринава во бугарското Народно собрание, јавуваат бугарските медиуми. Во пленарната сала дошло до судир и физичка пресметка меѓу пратениците на Преродба и Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Пратениците собрале кворум за седница, а по читањето на декларацијата на Преродба дошло до судир. Дел од пратениците се собрале околу собраниската говорница каде што Цончо Ганев од Преродба го исплукал Јавор Божанков од ПП, пренесе БТВ.

На физичката пресметка ѝ претходеше читање декларација од партијата на Костадин Костадинов .

„Пред речиси три години во Бугарија започнаа протести на кои учествуваа стотици илјади бугарски граѓани. На протестите се бараше оставка од тогашниот премиер Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев. Застанавме зад овие протести, како и други партии кои во тоа време се бореле со зборови со сето ова, а денес преговараат за кабинет со оние што ги нарекуваа ‘мафијаши’ долги години. Мирниот карактер на демонстрациите не ги спречи да повредат стотици, а илјадници луѓе останаа без работа. Целата енергија на протестите беше брутално предадена од оние кои денес разговараат со ГЕРБ за влада и бараат поддршка од ДПС“,

рече од собраниската говорница Искра Михаилова од Преродба.

Според неа, од записите што протекоа пред неколку дена, се покажало дека има предавници не само на сопствените зборови и гласачи, туку и на државата во целина. Михаилова побара вториот мандат да му се врати на претседателот.

„Ако ја составите оваа апсурдна коалиција на обвинетите само за да ги задоволите вашите претпоставени, бидете сигурни дека веќе следниот ден ќе ги повикаме сите наши избирачи и вашите згрозени избирачи, да дојдат овде пред парламентот и, доколку е потребно, внатре во него, затоа што секое лицемерие и секое предавство има своја граница. Ја поминавте границата“, рече Михаилова.

Јавор Божанков од ПП-ДБ возврати и изјави дека бугарски национален интерес во овој момент е да има влада, а странски интерес е да нема.

„Настаните во последните неколку дена се дел од организиран план, а кога Преродба зборува за надворешна интервенција, тоа го знаеме. Зборуваа за вакцини, излегоа вакцинирани, Костадинов и Цончо зборуваа дека се сомневаат во нас, а сега нè прогласија и за национални предавници. Според логиката што сега ја видовме, националните предавници се токму тие“, рече Божанков.

По неговиот говор, пратениците од Преродба излегоа на собраниската говорница, а потоа и народните избраници од ПП-ДБ, а страстите се зголемија, почнувајќи со реплики и туркање. На Манол Пејков од ПП-ДБ му ја одрале кожата на образот, а заменик од Преродба завршил со скршени очила.

И по најавена пауза, страстите во салата не стивнуваат, јавува БТВ.

Видеото погледнето го ОВДЕ.

Утрово е мирно на северот на Косово, има зголемено присуството на КФОР низ општините

Утрово е мирно на северот на Косово. Во општините Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ во текот на ноќта немаше инциденти, а зголемен е бројот на припадници на КФОР. Војниците се распоредени околу тамошните општински згради каде што граѓаните протестираа вчера, но и околу општинската зграда во Северна Митровица.

Присуството на членовите на КФОР е зголемено на пристапните патишта на сите четири места на општините со српско мнозинство на северот од покраината.

Косовската полиција и специјалните сили се уште се во зградите на тие четири општини.

Српските протести се презакажани за денеска во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Нивното барање е повлекување на специјалците од северот на Косово, како и новоизбраните албански градоначалници да не доаѓаат на работа во српските општини на избори на кои Србите не учествувале.

Градоначалниците Албанци од Звечан и Зубин Поток најавија дека денеска нема да одат во нивните канцеларии.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе се сретне со амбасадорите на земјите од САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија. Средбата е закажана за 8 часот, во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката, соопшти прес-службата на претседателот.

Вчера во Звечан дошло до конфликт меѓу припадници на КФОР и Срби, кои протестирале. Во судирите биле употребени солзавец и шок бомби, а боева муниција употребила и косовската полиција.

Во судирите беа ранети повеќе од 50 Срби, од кои тројца потешко, според српските медиуми.

Популарно