Денеска е Св. апостол Акила

По род Акила бил Евреин. Во првиот век живеел во Рим заедно со жена си Прискила. Во времето на цезарот Клаудиј, како и сите останати Евреи, биле принудени да го напуштат градот, па се населуваат во Коринт.

Таму ќе се сретнат со апостолот Павле.

Поверувале во проповедта за Христа и станале блиски соработници на апостолот Павле. Тој неколку пати ги спомнува во своите посланија. Подоцна се враќаат во Рим, па заминуваат за Ефес…

Според преданието Акила, како еден од 70-те апостоли, го проповедал христијанството во многу краишта, а земниот живот го завршил маченички, убиен од незнабошците.

Денес се прославува празникот на појасот на Пресвета Богородица

Православните верници денес го прославуваат празникот на појасот на Пресвета Богородица.

 По своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, сè до времето на царот Лав Мудриот (886-912).

Сопругата на Лав, царицата Зои, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па го отворија ковчегот, го извадија појасот и го положија врз болната царица. Таа веднаш оздраве. Во спомен на тоа чудо се востанови овој празник. Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид.

Имено, ќерката на царот Роман се исцели со помош на овој појас и подоцна, кога се омажи за царот Абухаз Грузиски, таа понесе дел од појасот со себе. На заповед од рускиот цар Александар I изградена е посебна црква во Мингрелија во Зугдид, каде се чува тој дел од чудотворната облека на Пресветата Божја Мајка.

Прекрасна молитва која ќе ве ослободи од лошите мисли

Понекогаш е потешко човек да се ослободи од лошите мисли отколку од лошите навики.

Затоа помогнете си себеси со оваа убава молитва…

„Боже мој, во чии раце е судбината моја, заштити ме според Твојата милост и не дозволувај да пропаднам во своето беззаконие, ниту да одам по волјата на телото кое со наслада и лакомост војува против духот.

Јас сум Твое битие, не го презирај делото создадено од твоите раце, не се одвраќај од мене. Слаб сум, не ме презирај, Боже, затоа што Тебе ти се предадов:

Исцели ја мојата душа, затоа што ти згрешив Тебе. Спаси ме заради Твојата милост, затоа што јас сум Ти верен од својата мадост.

Нека се засрамат оние кои сакаат да ме оттргнат од Тебе со помош на нечисти дела, грди мисли и некорисни сеќавања. Оттргни ја од мене секоја нечистотија и секое зло.

Затоа што Ти си врховен и бесмртен, семоќен и на сите им даваш сила за борба против гревот и неговата војска. Тебе ти доликува секоја слава, чест и наклон, сега, секогаш и во вечни векови.“

Денеска е Св. апостол Матиј

Во прво време Матиј беше цариник или митник во Палестина. Римската држава во тоа време веќе имаше обичај порезите во освоените области да ги дава под закуп без потоа да се грижи за начинот на кој се собира порезот, ниту за неговата висина.

На тоа начин на собирачите на порезот од власта им беше оставена голема слобода во угнетувањето на народот. Природно меѓу народот цариничката професија немаше голем углед. Но, иако припаѓаше на оваа група, длабоко во себе митникот Матиј имаше непоматена чистота.

Таа чистота ја виде Христос зошто не ја гледаше надворешноста на човекот и го повика Матија да стане негов ученик. Чудно за земниот ум, овој презрен митник скокна од своето место и во еден миг заборави на секоја негова врска со земното. После слегувањето на Светиот Дух над апостолите, тој беше избран за апостол наместо самоубиецот Јуда.

Подоцна проповедаше во Јудеја, во Мала Азија и на Исток, а постада маченички во Ерусалим, убиен со камења.

Популарно