Пијалаци кои се одлични за мајките кои дојат

За да имате доволна количина млеко многу е важно да останете хидрирани, бидејќи доењето ве ожеднува. Иако најдобро е да пиете вода, со текот на времето ќе ви здосади па може да пиете и нешто друго покрај водата.

Од клиниката Мајо препорачуваат додека доите да пиете повеќе вода од вообичаеното. Во просек, секоја личност би требало да испие 8 чаши вода дневно, а со оглед на тоа што додека доите телото преработува повеќе вода, пијте 13 чаши вода, односно 3,1 литар дневно.

Водата со вкусови е одлична замена за обичната вода. Ќе ја ублажи желбата за благи сокови.

Наполнете бокал со вода, додадете го омиленото овошје, ставете коцки мраз и оставете да отстои преку ноќ. Краставица и диња, јагоди и лубеница, малина и лимон, аронија и јагоди, можностите се бескрајни.

Растителните чаеви исто така можат да бидат вкусни за доилките. Освен тоа се многу здрави. Но, мора да знаете кои чаеви да ги пиете, бидејќи не сите билки се добри за бебињата и доилките.

Бадемовото млеко е добра замена за кравјото млеко, содржи магнезиум, селен, манган и витамин Е. Може да го направите и сами, од бадеми и вода со помош на блендер.

Со овошни сокови не треба да претерувате, но една чаша сок на ден може да биде добар додаток на исхраната. Одбегнувајте дополнителни шеќери, како и сокови од цитрусно овошје.

Добра замена за водата се и соковите од зеленчук кои е најдобро сами да ги подготвувате.

Австриски лекap смисли специјален сок против ракот

Рудолф Бројс е од Австрија кој го поминал целиот свој живот барајќи го најдобриот природен лeк за карциномот. Тој направил посебен сок, кој дал одлични резултати во лекувањето. Со пoмoш на неговиот метод, се излeчени над 45.000 луѓе од оваа болест.

Неговиот рецепт треба да се применува 42 дена, а за негово време се пиjaт само чаеви и специјален сок од зеленчук, а главна состојка е цвеклото. Во текот на овие 42 дена, клетките на ракот глaдyваат и умиpaат, додека здравјето на целосниот организам се подобрува.

Сокот од Брукс се прави само од органски зеленчук. Сокот може да се подготви дома од домашно одгледуван зеленчук , кој се состои од: цвекло (55 проценти), моркови (20 проценти), корен од целер (20 проценти), компири (3 проценти) и ротквица (2 проценти). Важно е да се напомене дека сокот од цвекло нe треба да се пpeдозира, туку треба да се земе онолку колку што бара организмот во самата оваа теpaпија.Богато е и со фолна киселина.

Колку време му треба на телото да свари одредена храна?

Влијанието на варењето врз слабеењето е значајно. Точното време на варење зависи од физичкото здравје, метаболизмот, возраста, па дури и од полот на поединецот, но, генерално кажано, некои намирници брзо ќе поминат низ нас, додека други ќе талкаат низ системот некое време.

Храна која брзо се вари

Ако јадете храна која брзо се вари, може да откриете дека јадете многу повеќе отколку што треба бидејќи брзо се чувствувате гладни после оброк. Овој тип на храна ви дава брзо засилување на енергијата или скок на нивото на гликоза. Додека зголемувањето на енергијата звучи добро, ако телото е преплавено со гликоза и не ја користи, таа се претвора во маснотии.

Храна која бавно се вари

Храната што бавно се вари многу побавно го зголемува нивото на шеќер во крвта, обезбедувајќи постабилна и избалансирана енергија. Но, ако јадете само храна која бавно се вари, го притискате вашиот дигестивен систем да работи со максимален капацитет цело време, а тоа може да биде прилично напорно за телото.

Експертите препорачуваат да не се меша брза и бавно сварлива храна во еден оброк, а брзо сварлива храна не треба да се јаде веднаш по бавно сварлива храна, бидејќи варењето сè уште не е завршено и тоа само дополнително ќе го оптоварува желудникот.

Водата веднаш се вари, додека за соковите од овошје и зеленчук ќе бидат потребни 15 до 20 минути. На сиров зеленчук му требаат 30 до 40 минути за да се вари, а на варениот зеленчук 40 минути. На рибата ѝ се потребни 45 до 60 минути за варење, на салатата со масло еден час, а на скробниот зеленчук, како што се компирите, час и половина до два. За варење на житариците и млечните производи потребни се два часа, а на јаткастите плодови три часа.

Што се однесува до месото, најбрзо се вари пилешкото, за еден и пол до два часа, говедското три часа, јагнешкото четири часа, а свинското дури пет часа.

Оброците што ги јадете за појадок и вечера треба да бидат поедноставни и по можност со храна која брзо се вари за да ви даде енергија веднаш по појадокот и да го оставите вашиот стомак да мирува навечер.

Популарно