Овие 7 намирници го намалуваат ризикот од бројни болести

Следните седум намирници набавете ги и консумирајте ги почесто, бидејќи со нивната консумација, ќе го спречите и намалите ризикот од бројни болести.

Авокадо

Маслото во внатрешноста на авокадото се бори против слободните радикали, кои предизвикуваат рак, исто така, авокадото може да биде добро и како маска за лице.

Цимет

Посипете цимет преку вашата овесна каша и ќе го одржите ниското ниво на шеќер во крвта.

Пченка

Пченката е богата со растителни влакна, кои се борат против ракот на дебелото црево

Цвекло

Пијте секојдневно 250 мл сок од цвеко доколку сакате да го зајакнете здравјето, крвта и да го намалите притисокот.

Јајца

Јадете јајца, особено жолчката, за да спречите појава на деменција.

Кафе

Кафето нема само да ве разбуди во утрото, туку и ќе го намали ризикот за појава на рак за 21 процент.

Просо

Просото е богато со триптофаном, кој го намалува ризикот за појава на депресија.

Направете си го овој здрав и природен лек

Можете лесно да направите природен лек со оригано и мед, истиот треба да го консумирате по една лажица секое утро.

Ориганото е зачин кој дава на храната специфичен вкус, особено ако уживате во италијанската кујна. Покрај својата единствена арома, ориганото се карактеризира и со бројни лековити ефекти, а и познато е дека има корисен ефект врз здравјето на респираторниот систем.

Самиот Хипократ го користел ориганото како антисептик, а присуството на рузмаринска киселина и тимолот во оригано го прави овој зачин одличен предизвикувач на имунитет. Има антибактериско дејство, е природен диуретик, го подобрува здравјето на срцето и го детоксифицира организмот.

Ориганото често се користи за ублажување на кашлицата и респираторните проблеми при астма и бронхитис, но исто така е одлично за спречување и зачувување на здравјето на белите дробови и респираторниот систем.

Може лесно да направите природен лек од оригано и мед, кој ќе ви ги чува белите дробои и ќе ви го зголеми имунитетот.

Еве што ви е потребно за да го направите:

Рецепт за природен лек од оригано и мед

Земете една тегла од еден литар и наполнете ја до половина со свежи лисја од оригано (пополнете 1/4 од теглата ако користите суво оригано), а другата половина пополнете ја со ливадски мед. Добро измешајте за да исчезнат сите меурчиња.

Затворете ја теглата добро и оставете да отстои 30 дена крај прозорецот, односно на светло место со многу сончеви зраци. По 15 дена, свртете ја теглата наопаку за повторно обединување на сè.

Кога ќе поминат 30 дена, можете по желба да ги отстраните лисјата од оригано од теглата. Чувајте го лекот затворен и земајте по една лажица секое утро.

Нутриционистите велат дека овие три пијалоци се причина да се чуствувате истоштено

Постојат пијалоци кои можат да направат да се чувствувате згрчено и преуморно, како и да предизвикаат силни главоболки.

Ако сте сигурни дека не сте некој кој добива главоболка при секое менување на времето, а го имате речиси секој ден, проблемот можеби се крие во пијалокот што го консумирате. Главоболката може да биде предизвикана од различни нешта, од стрес, исхрана, дехидрација, до алергии и други појави.

Сепак, постојат пијалоци кои исто така ја создаваат, а кои нутриционистите не ги консумираат. Откриле кои се пијалоците:

Енергетски пијалоци

Според нутриционистката Синди Грин, многу енергетски пијалоци се полни со додадени шеќери, кофеин и адитиви за кои се смета дека ја зголемуваат енергијата.

„Иако таквите пијалоци може да ви дадат енергија за час или два, енергетскиот пад што следи може да доведе до главоболки и замор поради дехидрирачката природа на кофеинот и шеќерот“, објасни таа.

Пиво и вино

„Целиот алкохол поттикнува губење на вода и електролити“, истакнува нутриционистот, но како број еден непрепорачливи ги наведуваат пивото и виното во големи количини.

Популарно