Босанска музичка ѕвезда заработила повеќе десетици илјади евра на свадба во Македонија

Од вообичаената летаргија градот во срцето на Западна Македонија, Кичево, преку ноќ го живнаа гастарбајтерите, кои во голем број речиси во еден ден се вратија во земјава на летен одмор, анализира весникот Нова Македонија.

Нивната бројност и секако подлабоките џебови, придонесоа за час да се зголеми прометот во маркетите, кафулињата и кафеаните, како и во рестораните за свадби кои во изминатите триесетина дена направија толку свадби колку во преостанатиот дел од годината заедно.

Задоволни од наглиот пораст на прометот се и цвеќарниците, фризерниците, сервисите за миење на автомобили, златарниците и сите трговии и занаети во градот. Заработија и пејачите и музичките групи, бидејќи малку попознати солисти за една свадба добиваат и по десетина илјади евра. Во таа свадбена еуфорија никој не штеди пари и сите сакаат да се покажат во што е можно подобро светло.

– Кичево и регионот својот развој и интензивна станбена изградба во изминатите неколку децении ги должат пред се на парите што ги вложуваат гастарбајтерите. Без нивните дознаки и пензии, овој регион би бил еден од најсиромашните во земјава. Во текот на летото кога доаѓаат на одмор или околу Нова година, градот живее друг живот, бидејќи нашите печалбари ги заживуваат локалите и бутиците. А за многубројните свадби се трошат многу пари, за купување злато и облека, како и за украсување на автомобилите и салите каде што се прават свадбите. Накратко речено, сите имаат корист од печалбарските пари – вели Џевдет Далипи угостител.

Дваесетината ресторани за свадби во градот едвај ги дочекаа печалбарите, за да можат празните одови од пролетта и есента да ги надоместат со поголем промет во овој дел од годината.

И во повеќето села убавите и раскошни куќи и автомобили и повисокиот стандард се должат на печалбарските пари. Едно од тие села е село Лисичани, каде печалбарите од овој крај го искористија времето за одмор да ги направат задолжителните веселби.

– Во нашето село има голем број на жители кои работат и живеат во странство. Од околу 2.500 жители на нашето село, поголем дел се наоѓаат во странство или од околу 250 домаќинста имаме печалбари во Австрија, Словенија, Италија и Германија.Токму овие пари помогнаа да се изградат големи куќи и селото, иако се попразно да наликува на современа урбана населба. Парите што ги носат нашите печалбари се пресудни за се подобриот начин на живот на месното население. Бидејќи нивниот престој во земјава е краток, тие во истиот тој период ја користат приликата да направат свадби, сунети и свршувачки, каде ги собираат своите роднини и пријатели. И летово во нашето село се направија над 35 пребогати свадби со голем број на гости и познати пејачи и музички групи. Дури пред неколку години во нашето село се направи свадба со над 3.000 гости, кога музичка ѕвезда од Босна заработи повеќе десетици илјади евра – вели Ќемо Сами , постојан жител на ова село.

Овој период со душа го чекаа и снимателите и фотографите, кои со својата опрема и умешност ги овековечија овие свечености, за славениците преку снимки и фотографии да се присетуваат на овие свечени моменти и кога ќе заминат од земјава.

6 знаци дека имате добар сопруг

Каков треба да биде идеалниот сопруг? Вистинските жени знаат дека физичкиот изглед не е толку важен колку што е важен карактерот и неговото однесување. Овие знаци покажуваат дека имате добар сопруг.

Со него се чувствувате убаво

Со него никогаш нема да се чувствувате лошо. Без разлика дали станува збор за тоа дали се двоумите дали фустанот ви стои добро, дали размислувате како да ги завршите работните обврски или сте тажни – вистинскиот маж ќе ви помогне да се справите со сите ситуации и ќе ви покаже дека може да му верувате.

Добриот сопруг никогаш не се обидува да ве манипулира. Тој нема потреба да ве контролира каде и со кого излегувате кога не сте дома бидејќи ви верува.

Добриот маж нема ве спречи да ги остварите вашите сонови туку ќе ви помогне да ги реализирате. Ќе ви биде најголема поддршка, а по потреба и рамо за плачење. Нема да ви допушти да се откажете од вашите планови и идеи.

Не помислува на неверство – во неговиот живот има место за само една жена, а тоа сте вие.

Знае дека треба да имате време само за себе

Добриот маж знае дека за успешен брак е потребен компромис и дека секој од вас треба да има слободно време за себе. Тој ве поттикнува да минувате време со вашето друштво, да одите на концерт или да се занимавате со вашето хоби. 

Секогаш ви ги дава најдобрите совети

Ако го замолите за совет, ќе ви го каже своето мислење, но никогаш нема да ви го наметнува неговото и да ве тера да размислувате исто како него.

Стиснете ја оваа точка на телото, со причина ја нарекуваат „врата на рајот”

Симптомите на стрес се бројни и непријатни. Главоболки, дигестивни нарушувања, несоница и нервоза се некои од ситуациите кои можете да ги решите во само неколку минути со притискање на една точка.

Стресот е секојдневна појава, која повеќето од нас ја доживуваат. Освен нервоза, постојат многу физички симптоми, како што се главоболка, недостаток на енергија, пад на имунитетот, па дури и дигестивни нарушувања.

Кинескиот метод на третман познат како акупресура објаснува дека постојат одредени антистресни точки на човечкото тело, со чија стимулација телото се опушта и го ублажува стресот.

Една таква се вика Шен Мен, која во слободен превод значи „врата на рајот”.

Со притискањето на ова антистресно место се намалува стресот, се зголемува енергијата и се зајакнува имунитетот, ја ублажува болката. Точката се наоѓа на внатрешниот горен дел на увото, а со мало триење станува активна.

Еве како со масажа на точка Шен Мен можете да го опуштете телото и духот:

Со стапче за уво притиснете ја точката и нежно масирајте.

Дишете полека и длабоко, слушајте го вдишувањето и издишувањето.

Додека дишете, погледнете лево, а за време на издишување на десно, но без да ја вртите главата.

Постепено ќе се чувствувате како вашето тело се релаксира, симптомите на стрес ќе се намалат.

Совети:

Точката можете да ја масирате и со врвот на прстите.

Масирајте ја точката секогаш кога чувствувате дека сте под голем стрес

Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден пред спиење.

Жените “паѓаат“ на овие три работи кај мажите

Иако секој човек има свои карактеристики, длабокиот глас, висината и брадата често се издвојуваат како клучни фактори кои ги привлекуваат жените на прв поглед.

Често се вели дека вкусовите не се за дебата. Сепак, што е тоа што го привлекува вниманието на жените кога првпат ќе запознаат маж? Дали се тоа рамената, очите, рацете или можеби целиот изглед?

Многу жени тврдат дека првиот впечаток често го одредува гласот. Особено кога мажот има длабок, речиси доминантен глас. Тие се убедени дека гласот може целосно да ги засени сите други карактеристики на мажот.

Што е уште поинтересно, жените тврдат дека убавиот тон на глас може значително да го трансформира првиот впечаток за мажот. Мажите со подлабок глас предизвикуваат впечаток на моќ и сексипилност, оставајќи впечаток на самодоверба.

Но, постои уште едно оружје кое датира со векови наназад – висината на човекот. Жените се чувствуваат побезбедно со повисоки мажи. Универзитетот во Јута спроведе студија која покажа дека повисоките мажи почесто се грижат да ги заштитат другите отколку пониските мажи.

Ако длабокиот глас и висина ги надополниме со брада, добиваме неодолива комбинација.

Бројни студии покажуваат дека повеќето жени сè уште претпочитаат брада отколку избричено лице.

Популарно