Ова овошје е убедливо најздравото на светот, а го има преку цела година

Нема човек на светот кој не слушнал за јаболка, а ретко кој не ги сака. Има многу придобивки од јадењето јаболка, а не постои лекар или нутриционист кој не би се согласил со фактот дека е добро да се јаде барем едно јаболко на ден.

Здравата исхрана е многу популарна тема во последниве години. Сите ние колективно почнавме повеќе да размислуваме за тоа што јадеме и од каде доаѓа храната што ја јадеме. Стануваме посвесни за тоа како храната што ја јадеме секој ден има влијание врз нашето тело.

Не го лупете јаболкото!

Јаболката складира 2/3 од влакната што ви се потребни за варење во нивната кожа. Освен влакна, кората од јаболкото содржи и антиоксиданси кои го штитат вашето тело од рак, срцеви заболувања и мозочен удар. Ако сте загрижени поради тоа што кората содржи премногу пестициди, погрижете се добро да ја измиете пред да ја излупите.

Избегнувајте семки од јаболка!

Колку и да е јаболкото здраво, неговите семки не се. Згора на тоа, семките од јаболка се отровни и не треба да ги јадете. Не грижете се ако ви се „протнат“ неколку семки овде-онде, но важно е да не ги јадете во големи количини. Семките од јаболка содржат амигдалин. Ова соединение станува цијанид во телото и може да биде опасно.

Јаболката помага во спречување на многу болести

На сите им е јасно дека во 21 век, за среќа, постојат бројни терапии и лекови кога ќе се појави некоја болест. Немојте да бидете измамени со различни природни методи како што се само корекција на диета или недокажани, импровизирани препарати. Сепак, балансирана исхрана богата со овошје, меѓу другото, е еден од клучните предуслови за правилен раст, развој и одржување на здравјето на луѓето.

Докажано е дека јаболката го намалуваат ризикот од сериозни болести, а резултатите од научните истражувања препорачуваат да јадете барем едно јаболко секој ден. Исто така, богати се со витамин Ц, кој е потребен за обновување на имунолошкиот систем. Едно просечно јаболко содржи околу осум милиграми витамин Ц, што е 14 проценти од дневната потреба.

Научниците велат дека јадењето на оваа намирница го продолжува животот

Грицкањето ореви наместо бисквити или чипс може да ви го продолжи животот, сугерира истражувањето. Имено, само половина шака од овие вкусни јаткасти плодови на ден значително ќе го намалат ризикот од срцев и мозочен удар, како и други опасни по живот состојби.

Експертите од Универзитетот во Минесота дошле до заклучок дека луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови тежат помалку и се послаби, па затоа имаат и помал крвен притисок. Дополнително, немаат таков ризик од блокирање на крвните садови, што доведува до срцев удар, а токму инфарктот е една од најчестите причини за смрт во светот.

Консумацијата на ореви е најважна во младоста

„Нашите податоци покажуваат дека луѓето кои јадат ореви имаат уникатен физички фенотип кој со себе носи и други позитивни ефекти врз здравјето, како што е подобар квалитет на исхрана, а со тоа и поздрав начин на живот“, вели професорката и авторка на споменатото истражување Лин Стефен.

„Резултатите ги вклучуваат и оние кои јаделе јаткасти плодови од младоста па се до средна возраст, бидејќи токму во тие години се создаваат првите основи за појава на ризик од хронични болести како што се срцевите заболувања, дебелината и дијабетесот“, додава Стефен.

Три илјади луѓе учествувале во истражувањето, кое авторите на студијата го следеле 30. години, од нивната младост до 50-тите години. Во тој период се покажало дека оние кои секојдневно консумираат јаткасти плодови имаат помал ризик од зголемување на телесната тежина, висок холестерол, висок крвен притисок и срцев или мозочен удар. Сето ова покажува дека вреди да се јаде половина шака ореви дневно и дека тоа може да ви го спаси животот.

Сите придобивки од оревите

Оревите се богати со влакна, протеини, калциум и здрави растителни масти, вклучувајќи полинезаситени масти и омега масни киселини, кои се борат против таканаречениот лош холестерол. Тие исто така помагаат да се намали воспалението во телото, што често може да доведе до блокирање на крвните садови, што предизвикува срцев или мозочен удар.

Oва се симптомите на хормонален дисбаланс

Секој месец хормоните го расипуваат вашето добро расположение, кожата и умот. И додека нивното ниво се стабилизира после менструацијата, неколку симптоми како стресот и анксиозноста, можат исто така потполно да го нарушат.

Затоа, треба да ја научите разликата помеѓу нормалните пореметувања на хормоните што се предизвикани од менструацијата и симптомите што ја следат, и вистинско пореметување на хормоните од сериозни причини.

Д-р Алиса Двек советува како да препознаете кога е вистинско време да посетите лекар и во која состојба може да се манифестира сериозно пореметување на хормоните.

Замор

Исцрпеноста е една од најчестите симптоми што може да се предизвикани од многу причини. „Доколку сте уморни после недела исполнета со завршни испити или останувањето до доцна на работа, веројатно е сè во ред. Но, ако постојано се чувствувте исцрпено и забележите нагло зголемување на килограмите, варијации во апетитот и необично однесување на цревата, тоа може да биде знак за намалување на функцијата на тироидната жлезда“, вели Двек.

Нормално, на сите им се случува да се чувствуваат уморно, но ако за тоа нема значајна причина, побарајте совет од лекар.

Промени на кожата

Мозолчињата се појавуваат од различни причини, но големите и чести акни на долната половина од лицето, може да укажуваат на зголемено ниво на тестостерон – предупредува Алиса Двек. Иако ова не е проблем што ви го загрозува животот, промени на кожата од ваков тип можат да се одразат на психата. Зголеменото ниво на тестостерон многу лесно се регулира и кожата ќе се исчисти со правилна медицинска терапија.

Влакна

Станува збор за многу брз раст на темни вакната на градите, грбот и рацете, што се појавуваат неочекувано. Ова може да укажува на појава на тумор што настанува од пореметување на работата на тестостеронот – истакнува Двек. Не паничете веднаш, овој тип на тумор е ретка појава, а често успешно се третира со лекови и операција.

Чудни менструации

Исто како заморот, необичен менструален циклус може да биде предизвикан од многу фактори како што е стресот, проблем со тироидната жлезда, низок естроген и синдром на полицистични јајници. „Знак дека патите од полицистични јајници е нередовната менструација или целосно нејзино отсуство, а може да биде присутен и губитокот на тежината и појава на влакна на чудни места“, објаснува д-р Алиса Двек.

Оваа состојба може да се контролира со исхрана, вежбање и со контрацептивни апчиња, но мора да посетите лекар за да добиете соодветна терапија и да се утврди вистинскиот причинител за проблемите со менструацијата.

Препотување во текот на ноќта

Освен ако во вашата соба е премногу топло, чувството на преголема топлина и потењето при самото будење, може да бидат резултат на ниско ниво на естроген и ретка овулација, но и состојба пред менопауза. „Сосотојбата пред менопауза може да се појави и 10 години порано. Затоа, доколку сте немале големи проблеми со менструација до пред 40-тата година, можеби сте во рана менопауза“, вели Двек.

Таа препорачува да посетите лекар во секој случај, за да бидете сигурни дека не се работи за ништо посериозно.

Ако сакате рамен стомак,ова се најздравите појадоци

Појадокот е најважен оброк во денот. По добар ноќен сон или, особено – по пост, на телото му требаат хранливи материи и енергија што му се неотпходни за да функционира нормално.

Здравиот појадок може да помогне да се избегнат грицките пред ручекот, како и за подобра концентрација. Општо земено, луѓето кои не го прескокнуваат појадокот имаат подобри навики во исхраната, што помага во контрола на тежината и ја намалува опасноста од дијабетес и срцеви заболувања. Следат шест здрави намирници коишто треба да ги вклучите во редовната исхрана.

Јајца

Тие се богати со протеини и се нискокалорични, па помагаат за ситост подолго време, како и за стабилно ниво шеќер крвта. Јајцата содржат и антиоксиданси лутеин и зеаксантин, што помагаат во спречување на нарушувања на видот. Тие се добри и за срцето, бидејќи го регулираат холестеролот.

Чија семе

Овие семиња се одличен извор на влакна. Ја апсорбираат водата, па го зголемуваат волуменот храна што се движи низ дигестивниот тракт и на тој начин го одржуваат чувството на ситост. Високата содржина на антиоксиданси, исто така, ги штити клетките од оштетување од слободните радикали.

Чија семето може да се комбинира со бобинки, протеин од сурутка и бадемово млеко – како „смути“. Може, исто така, семките да се посипат на сендвич, тост или во овесна каша.

Бобинки

Боровинките, јагодите, малините, капинките – сите бобинки се одличен извор на антиоксиданти коишто се борат против повеќе болести, нискокалорични се и богати со влакна. Тие ги намалуваат воспаленијата, спречуваат оксидација на холестеролот во крвта и ги одржуваат здрави клетките што ги обложуваат крвните садови.

Може да се јадат со житарки, овесна каша или јогурт, или да се додадат во „смути“ – како дополнителна енергија за денот.

Јаткасти плодови

Како заситена храна којашто може да ја намали опасноста од срцеви заболувања и го контролира нивото шеќер во крвта, сите видови јатки се богати со магнезиум, калиум и мононезаситени масти здрави за срцето. Додавањето неколку лажички сецкани ореви во јогурт, урда или овесна каша може да додаде крцкавост и да ја зголеми хранливата вредност на појадокот.

Банани

Тие се одлични за потиснување на гладот ​​бидејќи содржат скроб што телото не може лесно и брзо да го свари. Наместо тоа, тој патува низ телото непроменет, а со тоа го поддржува здравјето на цревата. Незрелите банани содржат поотпорен скроб од зрелите банани, коишто имаат повеќе природни шеќери.

Овесни снегулки

Овесната каша содржи сложени јагленохидрати и влакна што го одржуваат шеќерот во крвта. Додавањето овошје богато со хранливи материи и јаткасти плодови богати со протеини може да ја направи овесната каша пообилен, заситен и хранлив, а здрав појадок

Популарно