Ослободете се од нив со природен третман за акни

Користете медицински масла

Како да ги третираме со помош на природни есенцијални масла, напиша Невен Карин, фитотерапевт, духовен и енергетски исцелител, за магазинот „Сенса“.

„Најчеста грешка при лекувањето на акните е употребата на разни средства за чистење на лицето, кои во исто време ја отстрануваат природната заштита на кожата, што ја прави уште поранлива. Инаку, сапуните обично имаат pH вредност од околу 9 или 10, што го отстранува киселиот слој на кожата, оставајќи ја многу ранлива. За споредба, 0 е исклучително кисела, а 14 е исклучително базна, додека 7 е неутрална pH вредност, што е воедно вредноста која ја има водата. Нашата кожа треба да има природна pH вредност од 5, што е малку кисела, но честото миење и употребата на разни производи кои немаат соодветна pH вредност доведува до нерамнотежа, оставајќи ја нашата кожа незаштитена. Поради оваа причина, многу е важно да се врати природната pH вредност на кожата по употреба на такви производи или отстранување шминка. Кожата со акни бара упорност и редовна примена и најдобро е третманот да биде индивидуализиран“.

Масло за општа нега на кожа погодена од акни

  • 10 мл масло од лешник
  • 8 мл сквалан
  • 5 мл масло од таману
  • 5 мл масло од јојоба
  • 8 капки есенцијално масло од чајно дрво
  • 7 капки есенцијално масло од лаванда
  • 5 капки есенцијално масло од германска камилица
  • 2 капки антиоксидативен екстракт од рузмарин

Истурете ги сите состојки во шише од 30 мл, добро протресете и нанесувајте ги на местото погодено од акни 1-2 пати на ден, идеално на кожа навлажнета со соодветен хидролат или лосион.

Овошје што може да ви предизвика надуеност

Консумирање на одредени овошја понекогаш се поврзува со надуеност. Диететичарите тврдат дека постојат три вида на овошје чијшто внес треба да биде ограничен доколку страдате од овој проблем.

Јаболка

Иако можеби се најпопуларното овошје, јаболката се богати со влакна, што може да предизвика надуеност кај оние со чувствителен дигестивен систем. Исто така, јаболката содржат пектин, кој е тешко сварлив за некои луѓе и може да предизвика гасови и надуеност.

Лубеница

Лубеницата е омилено летно уживање со причина. Полна е со витамини и минерали, но и вода, што понекогаш може да доведе до привремена надуеност.

Манго

Мангото има многу хранливи материи, но и влакна и фруктоза, што може да биде причина за надуеност кај луѓето со чувствителен стомак. Природните шеќери и влакна во мангото може да ферментираат во дигестивниот систем, што доведува до гасови и надуеност.

Кора од лубеница го враќа сјајот на кожата и ја хидрира

Кората од лубеница може да направи чуда на вашата кожа. Освен што третманот со замрзнати коцки од кората ќе ја направи вашата кожа мека и сјајна, ќе помогне и при проблеми со акни.

Наместо да ја фрлите кората од лубеница, можете да ја користите за смути, десерт, па дури и да ја киселите. И додека ова овошје е одлично по својот вкус и својства за нега на кожата, неговата кора исто така е полна со придобивки.

Значи, следниот пат кога ќе сакате да фрлите кора од лубеница, запомнете дека можете да ја користите така што ќе ја исечете на коцки, ќе ги замрзнете и ќе ѝ пружите освежувачки третман на вашата кожа.

За почеток, ќе треба да ја исечете лубеницата и да го отстраните делот за јадење (т.е. да го јадете). Потоа исечете ја кората на парчиња, ставете ја во блендер и направете паста од неа. Потоа истурете ја смесата во здела со мраз и чувајте ја во замрзнувач неколку часа. Извадете една коцка и нежно тријте ја во пределот на лицето и вратот. Повторете го ова секој ден.

Оваа постапка е навистина многу едноставна, и веројатно се прашувате зошто мора да има коцки мраз. Имено, коцките мраз, генерално, се одлични за кожата. Тие го одржуваат вашето лице свежо и подмладено, а исто така можат да помогнат при акни, болни мозолчиња, црвенило и иритација на кожата. Исто така коцките мраз се одлични за одржување на младешко лице. Тие можат да помогнат при предвремено стареење и појава на брчки.

Една коцка мраз пире од лубеница дневно треба да биде доволна за да ѝ даде природен сјај на кожа.та Кората од лубеница ја прави кожата мека и сјајна и совршено ја навлажнува. Исто така, делува како природен тоник.

Покрај тоа, ако имате мрсна кожа и сте повеќе склони кон појава на акни, кората од лубеница во форма на коцка мраз може да го елиминира вишокот маснотии од површината на кожата и да ги исчисти порите. На тој начин вашето лице може да стане чисто редовно користејќи ја оваа рутина, пишува The Indian Express.

Популарно