Oва се симптомите на хормонален дисбаланс

Секој месец хормоните го расипуваат вашето добро расположение, кожата и умот. И додека нивното ниво се стабилизира после менструацијата, неколку симптоми како стресот и анксиозноста, можат исто така потполно да го нарушат.

Затоа, треба да ја научите разликата помеѓу нормалните пореметувања на хормоните што се предизвикани од менструацијата и симптомите што ја следат, и вистинско пореметување на хормоните од сериозни причини.

Д-р Алиса Двек советува како да препознаете кога е вистинско време да посетите лекар и во која состојба може да се манифестира сериозно пореметување на хормоните.

Замор

Исцрпеноста е една од најчестите симптоми што може да се предизвикани од многу причини. „Доколку сте уморни после недела исполнета со завршни испити или останувањето до доцна на работа, веројатно е сè во ред. Но, ако постојано се чувствувте исцрпено и забележите нагло зголемување на килограмите, варијации во апетитот и необично однесување на цревата, тоа може да биде знак за намалување на функцијата на тироидната жлезда“, вели Двек.

Нормално, на сите им се случува да се чувствуваат уморно, но ако за тоа нема значајна причина, побарајте совет од лекар.

Промени на кожата

Мозолчињата се појавуваат од различни причини, но големите и чести акни на долната половина од лицето, може да укажуваат на зголемено ниво на тестостерон – предупредува Алиса Двек. Иако ова не е проблем што ви го загрозува животот, промени на кожата од ваков тип можат да се одразат на психата. Зголеменото ниво на тестостерон многу лесно се регулира и кожата ќе се исчисти со правилна медицинска терапија.

Влакна

Станува збор за многу брз раст на темни вакната на градите, грбот и рацете, што се појавуваат неочекувано. Ова може да укажува на појава на тумор што настанува од пореметување на работата на тестостеронот – истакнува Двек. Не паничете веднаш, овој тип на тумор е ретка појава, а често успешно се третира со лекови и операција.

Чудни менструации

Исто како заморот, необичен менструален циклус може да биде предизвикан од многу фактори како што е стресот, проблем со тироидната жлезда, низок естроген и синдром на полицистични јајници. „Знак дека патите од полицистични јајници е нередовната менструација или целосно нејзино отсуство, а може да биде присутен и губитокот на тежината и појава на влакна на чудни места“, објаснува д-р Алиса Двек.

Оваа состојба може да се контролира со исхрана, вежбање и со контрацептивни апчиња, но мора да посетите лекар за да добиете соодветна терапија и да се утврди вистинскиот причинител за проблемите со менструацијата.

Препотување во текот на ноќта

Освен ако во вашата соба е премногу топло, чувството на преголема топлина и потењето при самото будење, може да бидат резултат на ниско ниво на естроген и ретка овулација, но и состојба пред менопауза. „Сосотојбата пред менопауза може да се појави и 10 години порано. Затоа, доколку сте немале големи проблеми со менструација до пред 40-тата година, можеби сте во рана менопауза“, вели Двек.

Таа препорачува да посетите лекар во секој случај, за да бидете сигурни дека не се работи за ништо посериозно.

Oвошје кое ни е дар од природата

Смоквата со децении се користи во народната медицина, а нејзината примена се препорачува на оние кои патат од зголемен холестерол поради тоа што содржи повеќе растителни влакна од било кое друго овошје или зеленчук.

Особено се богати со пектин и растителни влакна кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

Само пет смокви дневно обезбедуваат над 20 отсто од препорачаната дневна доза на растителни влакна.

Смоквата е богат извор на калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум.

Го намалува холестеролот

Поради намалените артерии може да настане инфаркт или пак мозочен удар. Освен холестеролот на оштетувањето на срцето делуваат и зголемените триглицериди. Докажано е поволното делување на смоквите на нивото на холестеролот во крвта.

Растителните стероли како стигмастеролот и ланостеролот кои ги содржат смоквите, се врзуваат за молекулите холестерол во цревата и така спречуваат негова апсорпција.

Превенција на срцев удар

Омега 3 и омега 6, кои смоквите ги имаат во изобилство, важни се за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Смоквите се добар извор на калиум, минерал којшто го регулира крвниот притисок.

Помош при лекување на дијабетес

Поради количината шеќер која ја содржат, дијабетичарите треба да внимаваат при консумирање смокви. Сепак, доколку се користат умерено, може да доведат до намалување на потребите за количина инсулин кај дијабетичарите.

Подобрување на помнењето

Редовното консумирање смокви спречува анемија и го подобрува помнењето. Само четири суви смокви обезбедуваат дури една четвртина од препорачаната дневна доза на железо за организмот

Против настанување акни

Со виљушка направете маска од три свежи смокви и една лажица јогурт, па нанесете ја на лицето. Масирајте се и оставете ја маската на кожата 15-20 минути да се исуши, па измијте се. Истата маска може да ја нанесете на усните за да се ослободите од испуканите усни и мртви клетки.

Еве која е тајната на здраво слабеење

Дали некогаш сте помислиле дека тајната на слабеењето зависи од тоа кога ќе го изедете последниот оброк?

Вистина е дека тоа го потврдуваат различни студии, а експертите велат дека треба да вечерате пред 20 часот, по можност околу 18 часот и на тој начин да ги оптимизирате шансите, еднаш засекогаш, да се ослободите од вишокот килограми.

Докажано е дека раната вечера позитивно влијае на нашата тежина, бидејќи го продолжува периодот до времето за спиење и на тој начин поттикнува подобро варење. Ова е исто така најдобриот начин да се избегне ноќната желба за храна и да се намали складирањето на маснотии во телото, колку што е можно повеќе.

Денес веќе знаеме дека вишокот на калории во кој било дел од денот придонесува за таложење масни резерви, а контролата на телесната тежина во најголема мера зависи од вкупната количина на калории што ги внесувате во текот на денот.

Внесувањето повеќе калории отколку што ви треба на крајот ќе доведе до несакано зголемување на телесната тежина, но прескокнувањето на појадокот и јадењето главни оброци во втората половина од денот може да ја влоши целата ситуација.

Зошто не е добро да се јаде непосредно пред спиење?

Добрата рутина за спиење е важен дел од вашето здравје, па затоа е важно да не ја расипувате со погрешни навики во исхраната, односно доцни оброци.

Се препорачува да не јадете најмалку 2 часа пред спиење, бидејќи така нема да имате проблеми со стомакот и варењето во текот на ноќта. Сепак, не се откажувајте од вечерата, бидејќи ако стомакот ви е празен, нема да спиете добро поради глад.

Ако вашиот последен оброк е подоцна, поголема е веројатноста да развиете киселина/рефлукс од несварената храна и исто така да се здебелите.

Погрижете се вашата вечера да биде лесна, богата со зеленчук и протеини. Не се препорачува да јадете храна богата со јаглехидрати пред спиење, бидејќи тие се богати со енергија која не ви е потребна тогаш.

Важно е да се напомене дека за целиот пристап кон слабеење треба целосно да ги промените вашите навики во исхраната, бидејќи самото менување на времето на вечерата, без да се земе предвид внесот на калории во остатокот од денот и физичката активност, не може да помогне.

Овие 7 намирници го намалуваат ризикот од бројни болести

Следните седум намирници набавете ги и консумирајте ги почесто, бидејќи со нивната консумација, ќе го спречите и намалите ризикот од бројни болести.

Авокадо

Маслото во внатрешноста на авокадото се бори против слободните радикали, кои предизвикуваат рак, исто така, авокадото може да биде добро и како маска за лице.

Цимет

Посипете цимет преку вашата овесна каша и ќе го одржите ниското ниво на шеќер во крвта.

Пченка

Пченката е богата со растителни влакна, кои се борат против ракот на дебелото црево

Цвекло

Пијте секојдневно 250 мл сок од цвеко доколку сакате да го зајакнете здравјето, крвта и да го намалите притисокот.

Јајца

Јадете јајца, особено жолчката, за да спречите појава на деменција.

Кафе

Кафето нема само да ве разбуди во утрото, туку и ќе го намали ризикот за појава на рак за 21 процент.

Просо

Просото е богато со триптофаном, кој го намалува ризикот за појава на депресија.

Популарно