Жичарницата утре нема да работи до 14:30 часот

ЈСП Скопје известува дека утре, среда, Жичарницата нема да работи до 14:30 часот.

– Времениот прекин на функционирање на објектот ќе биде поради изведување на планирани активности во електродистрибутивната мрежа во реонот на Средно Водно, информираат од ЈСП.

Автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно) ќе има изменет возен ред од вообичаениот, односно ќе сообраќа во следниве термини.

Транспортен центар: 8 ч, 9:40 ч, 11:20 ч, 13:20 ч, 15:20 ч и 17:20 ч.

Средно Водно: 8:40 ч, 10:40 ч, 12:40 ч, 14:40 ч, 16:40 ч и 18:40 ч. 

Слобода Превоз во име на сите Приватни Превозници им се извини на Скопје и скопјани

Приватните автобуски превозници преку социјалните мрежи упатија извинување до граѓаните на Скопје за попреченото движење низ градот, откако изутрина од шест часот  повторно протестираат со блокади на неколку важни сообраќајни точки во главниот град барајќи исплаќа на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

– Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на Слобода превоз.

Откако не беше постигнат договор со градските власти за подмирување на долгот што Град Скопје го има кон нив, приватните превозници од шест часот утрово повторно протестираат со блокирање на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градското собрание.

Утре целосна блокада на три клучни крстосници во градот

Приватните превозници утре понеделник, 5 декември од 6 часот ќе го блокираат Скопје со протести на три клучни крстосници во градот.  Автобусите на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ќе бидат паркирани на крстосниците кај Црвен крст, ТЦ „Мавровка“ и на Илинденска кај Владата.

Долгот на Град Скопје кон „Макекспрес“ и „Слобода превоз“ заклучно со месец октомври е 1,5 милиони евра. Градоначалничката Данела Арсовска нема намера да го плати долгот туку им порача на превозниците да тужат.

„Градоначалничката Данела Арсовска ниту не прими на средба ниту одговори на нашиот предлог за компромис. Понудивме да ни исплати дел од долгот и ние ќе продолжиме да возиме додека го спроведе огласот за избор на превозници. Ова решение ѝ го понудивме поради граѓаните и јавниот интерес, но не добивме никаков одговор“, велат приватните превозници кои со сите 200 автобуси и 300 возачи ќе го блокираат градот.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека поради најавениот протест во Скопје ќе има посебен режим на сообраќајот.

„Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на булевар Илинден од крстосницата со булевар Св. Климент Охридски до крстосницата од булевар 8 Септември, на улица 11 Октомври и булевар Кочо Рацин кај Црвен крст и  на крстосницата од булевар Гоце Делчев и Крсте Мисирков кај Судска палата. Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“, велат од МВР.

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утре (2 декември) СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул „Илинден“ поради најавен протест од приватните превозници кој ќе почне во 6 часот.

Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на бул „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул. „8 Септември“  и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници. 

Популарно