Кола излетала од патот – загина 38-годишник, двајца тешко повредени

38-годишник од селото Мокриево загина, а двајца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа која вчера се случила во близина на Струмица.

Како што соопшти МВР, околу 18 часот автомобил марка „фолскваген пасат“ загубил контрола на патот меѓу Ново Село и Мокриево.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот С.Т.(38) од с.Мокриево, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот С.С. и сопатникот Д.Д.(44) од с.Мокриево се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Струмица, велат од МВР.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица. 

Маја Миа била пронајдена со прострелна рана во глава а покрај неа имало пиштол

Јужноафриканската полиција ги истражува околностите во кои трагично го загуби животот Маја Јанеска, познатата инфлуенсерка и мејк-ап артистка која потекнува од Македонија. Таа во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата, јавува еден јужноафрикански портал.

Според порталот, полицијата не ја третира смртта на Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите изјавиле дека не можат да веруваат дека таа сама би си го одзела животот.

„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта ја потврдил лекар“, изјавил портпаролот на полицијата Масондо.

Порталот пренесува дека нејзиното момче за време на настанот било во домот.

Познатата инфлуенсерка пред неколку дена била во Македонија.

„Не можам да поверувам дека повеќе не е меѓу нас, а само минатата недела беше во Македонија да го прослави тоа што на државава и помогна да биде признаена од Јужна Африка и после долго време да се воспостават дипломатски односи“, пишува на Фејсбук нејзиниот долгогодишен пријател Сефер Цаноски.

Цаноски вели дека Маја му кажала дека создала голема мрежа на пријатели во многу држави на африканскиот регион и дека ја почитуваат како успешна жена.

„Во тоа се уверив и сам, за време на моето патување во Африка, кога организираше средби со неколку земји и со целиот државен врв во Преторија во Јужна Африка. Беше многу почитувана таму. А само три дена подоцна Јужна Африка испрати писмо до македонското МНР дека се подготвени да воспостават дипломатски односи. Желбата ѝ беше во Јужна Африка да има македонска амбасада“, пишува Цаноски и додава дека вчера министерката на претседателот на Јужна Африка му се јавила со шокантна вест и го известила дека во петокот утрината Маја го загубила животот во несреќен случај.

Воз прегази машко лице на железничката пруга Битола – Скопје

На 27.11.2022 во 16.25 часот било пријавено дека на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река, патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во пешак- машко лице. Во несреќата лицето починало на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатот е дадено во Институтот за судска медицина за обукција.

Се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.

МЛАДО ДЕВОЈЧЕ ЗАВРШИ НА УРГЕНТЕН – за да снима Тик Ток видео се качила на вагон кај Маџари и добила струен удар!

Тежок инцидент се случил во Маџари, на железничката станица. Медиумите јавуваат дека 17 годишна девојка со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во ургентниот центар, откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз.

Девојката е во свесна состојба и е на одделението КАРИЛ. 

Според Канал 5, деовојката била качена на еден од вагоните на железничката станица Маџари каде дошло до струен удар при што се здобилеа со повреди. На местото на настанот пристигнале полициски службеници. 

Истрагата се уште е во тек, а според нефицијалните информации девојката се качила на вагонот за да снима ТИК ТОК видео.

Популарно