(Фото) Вака изгледала Лидија Вукичевиќ како невеста, а кога ќе видите кој е младоженецот сè ќе ви стане јасно

Годините минуваат, а на Лидија Вукичевиќ ја следи глас дека времето не и може ништо и дека го нашла „еликсирот на младоста“. Тоа го поткрепува и фотографијата од нејзината свадба во 1991 година, сега далечна.

Лидија се омажи за долгогодишното момче, фудбалерот Митра Мркела, на врвот на популарноста која и ја донесе улогата на Виолета Попадиќ во серијата „Бољи живот“.

На венчавката таа заслепуваше во раскошна венчаница, со круна украсена со превез што ѝ поминуваше преку челото, како и обетки кои беа актуелни во тоа време.

Иако костумот и вратоврската на младоженецот изгледаат малку ретро од три децении порано, во тоа време тие беа најмодерни, а двајцата важеа за пар кој може само да се посака.

Во дует го пресекоа првото парче торта украсено со фигури на младенците, но хармонијата во бракот не траеше вечно.

Тие раскинаа по девет години, по враќањето во Белград. Лидија свесно ја жртвуваше кариерата за доброто на своето семејство и го придружуваше сопругот со синовите од Холандија, преку Турција, до Америка. Сепак, тоа не беше доволно за љубовта да трае.

Таа денес на шега вели дека е среќно разведена, а со оглед на тоа дека не се променила многу, доколку сака повторно да каже „да“, сигурни сме дека нејзината прва венчаница сепак одлично би и стоела.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно