Денеска е Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Верувањата се дека на овој ден жените без пород треба да појдат во манастир посветен на Богородица, а оние кои имаат деца да оставаат дар на иконата на Дева Марија. Најважно е од срце да се помолите!

Денеска се слави Свети Сава

Во чест на првиот српски архиепископ и просветител, училиштата во Србија денеска го слават денот на духовноста – училишната прослава на Свети Сава.

Празникот Свети Сава е еден од најголемите храмови и семејни празници во српската нација, го слават многу занаетчии, прогласен е и за училишна веселба, а оние кои го слават приредуваат пригодни настани со сечење на славски колач.

Овој празник е востановен на 2 јануари 1840 година за да се слави училиштето, на предлог на Атанаси Николиќ, ректорот на Лицејот од Крагуевац.

Во одлуката на Епископското просветителство претставниците на државните и црковните власти пропишале Свети Сава да биде прогласен за патрон на сите наши училишта и оттогаш најсвечено да се празнува во сите училишта.

Савиндан се празнувал како училишен празник до 1945 година, кога со одлука на тогашните власти бил укинат, а по половина век забрана под комунистичкиот режим, празнувањето на овој празник продолжило повторно.

Празничната песна за Савиндан е Химната на Свети Сава.

Многу видови занаетчии од Србија го сметале за свој покровител и му го земале денот како еснафска слава, па занаетчиите на ропчињата, мутавџиите, опанчарите, чевларите го земале Свети Сава за еснафска слава…

Во многу региони пастирите особено слават го слават Свети Сава,.

Многу српски народни обичаи околу Свети Сава се поврзани со добитокот и стравот од волци, па затоа пред Савиндан не смееле да се возат добиток во шума од страв од волци, бидејќи тоа би било фатално за нив.

Исто така, во тие денови не се дозволувало ништо да се прави со сечило, не се отворале жилети за да им останале затворени вилиците на волците, а жените не смееле да бојат нешто црвено за волците да не го заколат добитокот.

Има многу српски народни верувања поврзани со Савиндан, од кои едно е дека ако има грмежи на Свети Сава, ќе се случат важни настани во земјата.

Ели Апостоловска, единствена девојка меѓу храбрите, која скокна по крстот во водите на Вардар во Велес

Меѓу 71 православни христијани, кои денеска скокнаа во водите на Вардар во Велес за Богојавление –Водици, беше и единствената девојка, 28 – годишната Ели Апостоловска, вработена во Армијата, во Воената полиција.

Таа досега три пати се пријавувала за учество, а два пати скокала по светиот крст во водите на Вардар.

За МИА, потенцира дека крстот бил блиску до неа, но среќа прв да стигне до крстот имал нејзиниот колега од Армијата, Игор Василевиќ.

Апостоловска потенцира дека и во наредните години за Водици не се откажува и ќе се пријави да скока по крстот во водите на Вардар, а се надева дека ќе и се насмевне среќата и ќе го фати светиот крст за Водици. Воедно, таа потенцира дека е многу среќна што била учесник и е горда што е дел од традиционалната манифестаци, која е многу значајна за христијаните.

– Имав преголема желба и така се пријавив. Исто како кога требаше првпат да скокам, така и овој пат, синоќа цела вечере не можев да заспијам од возбуда. Преубаво се чувствувам и сум многу среќна што влегов во осветените води на Вардар.Тоа значи и здравје и среќа, појасни за МИА, Апостоловска.

Ели Апостловска во Армијата работи од 7 септември 2015 година. Прво се вработила во Полкот за специјални операции – Ренџери, па во чета за Логистичка поддршка, а сега е во Воената полиција во Касарната „Илинден“ во Скопје.

Таа ни сите православни христијани им го честита празникот Богојавление Водици и им посака многу здравје и среќа.

Хуман потег на кавадарчанец кој го фатил светиот крст за Водици

Се чувствуваш возбудено, чекаш нестрпливо крстот да биде фрлен во осветените води на Водици. Па и ако го фатиш, чувството тешко се опишува со зборови. Тогаш си најсреќен човек. Таа среќа се памети и се споменува. Забораваш на студената вода околу тебе, магијата на божествениот миг ти ги грее и телото и душата, раскажува за МИА младиот Дарко Недев, кој го има фатено светиот крст во реката Луда Мара во Кавадарци.

– Од малечок знам за оваа традиција. Од мали нозе сум слушал дека на 19 јануари се празнува еден од најголемите христијански празници. Кога се осветуваат водите, а луѓето си полнат од светата вода за здравје, среќа и бериќет. И отсекогаш во мене тлееше желбата и јас да бидам дел од масовната манифестација на фрлање по светиот крст во зимски услови, се присетува 21-годишниот кавадарчанец.

Во 2019 година, на 17-годишна возраст, за прв пат одлучил да влезе во студената вода на реката, за да го фати осветениот крст. Заедно со еден од неговите другари. И успеал.

– Пред да се случи еден од најубавите денови во мојот живот, неколку дена по ред сонував како јас навистина успевам пред сите други да дојдам до крстот во студените води. На крај, ми се оствари желбата, сонот ми стана јаве. Од прв обид, успех, со многу љубов за тој посебен момент, вели Недев.

Имал единствена желба, да биде здрав и среќен. Но, истото им го посакува и на сите други, затоа што, како што нагласи, не е убаво човек да е среќен, ако, околу себе да гледа тажни лица.

Спојувајќи ги религијата и хуманоста, тој и навивачката група Лозари Исток, на која припаѓа, утредента организираат хумана акција. На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат светиот крст кој беше потопен во водите на реката Луда Мара, беа собрани пари, кои подоцна беа донирани за кавадарчанка која имаше потреба од лекување. 

 Три пати досега, Недев бил непосреден учесник во случувањата за Водици, заедно со својот другар. Годинава по четврти пат ќе ја почувствуваат мистеријата на водата на Луда Мара. 

– Кога прв пат успеав, моите најблиски беа исто така многу среќни. Ми открија дека стравувале дали ќе успеам, со оглед на големиот број заинтересирани за фаќање на светиот крст, па и повозрасни од мене. Но, ете, судбината беше на моја страна. Би сакал повторно да ја почувствувам таа убавина со крстот во рака меѓу маса народ, вели Недев.

Со учеството во традицијата, тој упатува порака дека само со ширење на љубов и позитивна енергија наоколу, можеме да ги задржиме вистинските човечки вредности.

Популарно