(Фото) Навивачите на Шалке со транспарент на македонски јазик му оддадоа почит на загинатиот Комита, Дарко Смоковски-смок

Навивачите на Шалке уште еднаш покажаа дека пријателството со навивачите на Вардар, Комитите, е големо и нераскинливо.

На денешниот натпревар меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Шалке, популарните УГЕ, на трибините на „Дојче Банк Парк“ стадионот, поставија транспарент со кој му оддадоа почит на загинаиот навивач на Вардар, Дарко Смоковски-смок.

„Почивај во мир Дарко. Ултрасите никогаш не умираат“, пишуваше на транспарентот кој го поставија фановите на Шалке.

Кон крајот на минатата година, во несреќа животот го загуби 23-годишниот Комита, Дарко Смоковски-смок.

Почина Берет Стронг, американски пеач и композитор

Берет Стронг, американски пеач познат по првиот хит на „Motown Records“ „Money (That’s What I Want)“ и по песните што ги напиша за групата Temptations, почина на 82-годишна возраст.

Неговата смрт ја потврди Бери Горди, основачот на „Мотаун“, кој во изјава за „Билборд“ ги нарече неговите песни „револуционерни“. Причината за смртта не е соопштена.

„Жал ми е што слушнав дека Берет Стронг, човекот кој го отпеа мојот прв голем хит, почина“, изјави Горди, а пренесува N1 БиХ.

Берет не само што беше одличен пејач и пијанист, туку тој, заедно со неговиот музички партнер Норман Витфилд, создадоа неверојатна работа, пред се со групата Temptations. Нивните хит-песни имаа револуционерен звук и го доловуваа жарот како „Cloud Nine“ и сè уште релевантната „Ball of Confusion (That’s What the World is Today)“, пренесува медиумот.

Берет Стронг е роден на 5 февруари 1941 година во Вест Поинт, во американската држава Мисисипи. Тој пораснал во Детроит, каде што бил еден од првите музичари потпишан со издавачката куќа на Горди, која тогаш се викала Тамла рекордс. Стронг го издаде својот најголем хит „Money (That’s What I Want)“ во 1959 година. Се продаде во повеќе од милион примероци, а подоцна беше обработена од уметници како Битлси, Ролинг Стоунс и Лед Цепелин.

„Песните ги надживуваат луѓето. Вистинските пари се во издаваштвото, а ако имате издаваштво држете се до тоа. За тоа се работи. Ако го дадеш, го даваш својот живот, твоето наследство. Кога ќе те нема, тие песни сè уште ќе се пуштаат и слушаат“, изјави Стронг за „Њујорк Тајмс“ во 2013 година.

Дете почина откако во тешка состојба било донесено во тетовската болница

Тетовската полиција информира дека вчера било пријавено дека околу 3 часот и 30 минути во тетовската Клиничка болница бил донесен малолетник од Тетово во тешка здравствена состојба, без траги на насилство.

По укажаната лекарска помош, околу 7 часот малолетникот починал.

Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид. По наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.

Човечки труп извлечен од водите на Вардар кај Долно Лисиче

На 28.01.2023 околу 12.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.

Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Популарно