(Фото+Видео) Се огласи Едита по тепачката со сестра и Идни и порача: „Ќе се тепаме пак како пијаници пред супер маркет“!

Пејачката Едита Арадиновиќ се огласи по видеото од тепачката со нејзината сестра Индира Инди Арадиновиќ кое се појави во јавноста.

Имено, Едита истакна дека и покрај денешната ситуација, не планира да ја „клевети“ својата сестра и нема да дава изјави, како што нема да го направи ниту Инди.

– Браќа и сестри! Пријатели. Непријатели, особено вие. Сè е во ред. Вие најдобро знаете како функционираат и не функционираат семејствата  Замарате ако мислите дека таа или јас ќе дадеме некакви изјави и ќе се вклучиме во оваа глупост. Можеби дотогаш пак ќе се тепаме, но со право, со оглед на тоа што сме тука како двајца пијани пред супермаркет – напиша таа, а потоа додаде:

– Како и да е, јас не ја давам неа и она не ме дава мене.

(Видео) На нашиот кандидат Јасмин му мереа температура на сцена, а тој „растури“ како и секогаш!

Младиот пејач Јасмин Алиевски уште еднаш брилијираше во саботата на музичкото натпреарување „Ѕвездите на Гранд“ и со сите освоени бодови од жирикомисијата, се пласираше во следниот круг.

Јасмин дополнително доби пофалби, бидејќи на сцената маестрално ги изведе двете песни и тоа во доста лоша здраствена состојба.

Алиевски имаше температура од 38 степени.

Тоа го потврди и Саша Поповиќ кога на Јасмин му даде топломер и на сцена ја измери температурата.

Пофалните зборови и без тоа се редеа на сметка на Алиевски за неговиот настап, а пак Саша кажа дека ова е најдобриот кандидат досега од Македонија…

„Сјајни се и двата кандидати, бевте одлични“ – беше коментарот на Цеца, а со неа се согласи и Вики Миљковиќ.

„Убедливо најдобри вечерва“ – искоментира Снежана Ѓуришиќ.

„Толку беа сугестивни, убедливи, беа предобри“ – кажа и Поповиќ.

Погледнете го настапот на Јасмин:

(Видео) Сања тресна на земја среде емисија

Некогашната ријалити старлета, сега ТВ водителка Сања Станковиќ само неколку часа откако беше во Ургентниот центар поради стомачни проблеми, дојде во телевизија „Ред“ да ја води „Утринската програма“.

Не се забележуваше дека има некакви здравствени проблеми, па толку силно блесна во светло црвен фустан со длабок шлиц и високи потпетици, поради што, како што се испостави подоцна, заврши на патос.

Имено, гостин на Сања и бил личниот тренер кој на поранешната учесничка во „Задруга“ се обидел да и покаже една вежба со голема гумена топка. Водителката се обидела да ја изведе најдобро што умее, но додека се мачела да фати правилна позиција колегата и ја потшутнал топката и старлетата го „бакнала подот“.

Сања се испружила и паднала, а она што го носела на себе за момент открило што носи под фустанот.

Целото видео погледнете го ОВДЕ

Анастасија Ражнатовиќ се бори со сериозен здравствен проблем

Анастасија Ражнатовиќ долго време ги криеше своите здравствени проблеми од јавноста, а сега реши да зборува јавно за сѐ. Публиката имаше можност да ја види Анастасија, наследничката на познатата пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, секогаш расположена и среќна, што наведе многумина да поверуваат дека младата пејачка живее сосема неоптоварен и безгрижен живот, но ретко кој ја знае вистината.

Имено, Анастасија има здравствен проблем со кој се бори со години, а сега јавно ги кажа сите детали.

За време на нејзиното гостување во една од најгледаната забавна програми „Амиџи шоу“, многумина забележаа дека и се тресат рацете, убедени дека е нервозна, сепак здравствениот проблем на Анастасија Ражнатовиќ е далеку посериозен, а токму за то и зборуваше.

– Погледнете колку ми се тресат рацете, тоа ми е природно – открила наследничката на Цеца додека учествувала во интересна задача со цигара и хартиена туба. Тактилната задача и снимката одблиску на камерата јасно покажаа дека Анастасија има треперење на рацете, со кое живее со години. Додека пак самиот водител коментираше дека мислел дека тоа е поради страв од сцената.

– Каква трема. Тоа ми е природно – признала Анастасија. Патем, треморот на рацете обично се поврзува со стареењето, но се јавува и кај помладите луѓе и ако не е предизвикан од болест, се нарекува физиолошки или есенцијален тремор. Најмногу се забележува при движење, особено кога се користат инструменти, алатки, па дури и пенкало, а многу помалку кога рацете се во мирување. Треморот може да го влоши стресот, но и кофеинот и некои лекови, а лекарите предупредуваат дека може да се влоши во текот на животот. Може да влијае и на главата и гласните жици, што предизвикува растреперен глас, со силен тремор.

Популарно