Како се препознаваат скриени камери со мобилниот телефон?

Мобилните телефони добиваат разни нови опции функции од година в година, па денес една од нив е и препознавањето скриени камери.

Како да проверите дали вашата мобилна камера може да открие инфрацрвена светлина? Со далечинскиот управувач на телевизорот. Просто, се вклучува камерата и се насочува кон предната светилка од далечинското. Притиснете некое копче на него и набљудувајте го екранот на телефонот. За да можат да снимаат при слаба или без услови на осветлување, на пр. камерите за надзор го користат инфрацрвениот спектар светлина. Човечкото око не може да го види, но камерата од телефонот – може, понекогаш.

Ако мобилниот уред може да детектира инфрацрвена светлина, таа на екранот ќе се прикаже како трајна или како испрекината светлина.

Ако пак, задната не може да го прави тоа, треба да се обидете и со предната камера.

Откривањето инфрацрвена светлина со камерата на вашиот телефон е корисно при проверување за скриена камера со „Ер-БНБ“ или друго приватно сместување, а за коешто честопати се покажува дека не е доверливо. Во такви соби, просторијата се затемнува што е можно повеќе, се пушта камерата на телефонот, Ð ° потоа следи подробно прегледување на просторот.

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно